Сообраќајот тековно, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Температури до 36 степени, попладне пороен дожд и грмежи


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне […]

Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза


Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Пожарот во тетовската млекарница е локализиран


Пожарот кој изби во тетовската млекарница Хит-73 во тетовското село Камењане, е локализиран по два часа борба со огнот од страна на пожарникарите. Пожарот бил пријавен во 18:20 часот. На гаснење на пожарот учествувале целата смена, како и оние кои дошле во ноќната смена од 19 часот. Помагале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.

Ослободена мечка уловена во стапица кај Дебарски Бањи


Тим од Зоолошка градина Скопје во соработка со Инспекторот за ловство денеска ослободиле возрасна кафена мечка (женка) фатена во стапица за диви свињи. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мечката била ослободена од сајла околу градниот кош во месноста Пијане во близина на Дебарски Бањи. -Тимот од Зоолошка градина Скопје заедно со […]

Герасимовски: Има ДУП-ови што се во процедура речиси десет години


Општините, Град Скопје и министерството мора да функционираат како едно за да немаме урбанистички хаос, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, коментирајќи ги измените на законот за урбанизам. Целта на овие измени, според Герасимовски, би требало да биде побрзо донесување на ДУП-овите и нивно инфраструктурно подобрување, но потенцира […]

Ќе се зголеми износот на студентскиот оброк, проширен опфатот и за стипендии за постдипломци


Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ објави денес дека ќе биде  зголемен износот на студентскиот оброк и според него оваа мерка нема повеќе да претставува потчинување на студентите, туку ќе биде реален износ кој ќе помага а воедно и ќе го олесни животот на студентите. -Оваа мерка од сега ќе ги опфаќа […]

Активни се два пожари, еден e под контрола и 21 изгаснати


На територијата во државава има активни два пожари, изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Општина Ресен, на планината Галичица и во Општина Чашка, на планина Мукос. Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.  Изгаснати се пожарите во […]

СДСМ: Со неоправдани образложенија не се зголемуваат платите на наставниците


СДСМ реагира на најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има  зголемување на платите на наставниците за 12% во септември и потсетува на изјавите на министерката Весна Јаневска пред да дојде на функцијата и сосема спротивните сега.   „Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. […]

Исхраната со жива растителна храна како начин на живот во фокусот на првиот Фрут фестивал


Во организација на Здружението за одржлив развој на заедницата „Виталност” од Делчево од 11 до 15 септември ќе се одржи првиот македонски фестивал на жива растителна храна. Фестивалот е иницијативата на Симона и Горан Христовски, брат и сестра од Делчево, кои веќе подолг период применуваат исхрана со жива растителна храна. Тие почнале со исхрана од […]

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година


Во четврток и петок (29 и 30 август 2024) е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за студиската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 […]

Денес сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има […]

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Општина Аеродром една од ретките со зголемен број првачиња


На територијата на Општина Аеродром, ОУ „Љубен Лапе“ е училиште со најмногу првачиња во претстојната учебна година. Запишани се 180 и поради тоа локалната самоуправа и училишното раководство прават доградба на дополнителни училници. Училиштето денеска го посети министерката за образование и наука Весна Јаневска која заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во […]

Наставниците ќе добијат повисоки плати во март, а можеби и уште едно во 2025, вели Јаневска


Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март. -Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она […]

Јаневска: Учениците ќе ги имаат учебниците на првиот училиштен ден


 На првиот училиштен ден, идниот понеделник, учениците ќе ги добијат учебниците. На овој начин ја прекинуваме лошата практика на одредени министри од минатото кои ниту водеа грижа за навремена достава на учебници, ниту да има учебници, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Повтори дека учебници ќе нема само за странските јазици и дека […]

Зголемена фрекфенција на возила на ГП „Табановце“ за излез и влез


На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се пепорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024


Во дворот Кинотека денеска ќе се одржи ликовен настан „Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024 година“. Како што информираат од Детскиот ликовен центар-Скопје, ќе учествуваат 10 ликовни творци – Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја […]

Сончево и многу топло, температурата 39 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8, информираат од УХМР. Во Скопје сончево и топло со […]

Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти


Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел. -ТППЕ Струмица со четири против пожарни […]