Струмица пред Скопје добива електричен јавен превоз


Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси. На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“. Инаку, […]

Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците


„Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа денеска ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје! Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз […]

Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден


 Дел од корисниците од населба Железара во општина Гази Баба и  објектите околу градинката, од 8 до 12 часот денеска ќе немаат електрична енергија.  Како што информира РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8 до 9 часот утрово струја ќе немаат дел од корисници од село Крушопек во општина Сарај, од 9:30 […]

Сончево и топло со слаб северен ветер


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 23 август 2024 година, 236-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 130 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минути, а ќе зајде во 19 часот и 22 минути. Денов трае 13 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани


Врховниот суд денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. -Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил […]

Поставен камен темелник на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец


Во дворот на основното подрачно училиште „Кочо Рацин“ во населеното место Огњанци во Општина Петровец, денеска беше поставен камен темелник на нова спортска сала. Спортската сала е со површина од 470 метри квадратни, а средствата во вредност од 12.000.000 денари се обезбедени од Министерството за образование и наука,  како и 6.000.000 денари од општинскиот буџет. […]

Владата ќе даде пари да се „крпат“ неисправни автобуси, за БТР системот и за долгот ќе се почека


Да се изгласа програмата за вработување 120 сезонски работници за ЈП „Комунална хигиена“ за да може да со собира подобро сметот, да се изгласа програмата за набавка на нови автобуси, да се врати долгот од 8 милиони евра за бесплатниот превоз за студентите што испадна дека го плаќа ЈСП а не тие што го утврдија […]

Валидаторите кои сега се инсталираат во возилата на ЈСП не се наши, велат од „Маргенто“


Словенечката компанија „Маргенто“ реагираше по повод фотографии објавени во македонските медиуми:  Во вчерашните објави во медиумите актуелните проблеми со системот за електронска наплата на билети и нефункционалните валидатори во возилата на ЈСП неоправдано се поврзуваат со компанијата Маргенто од Словенија, преку објавување фотографии од валидаторите од наше производство. Како општествено одговорна компанија сакаме да ја […]

Мицкоски виде политичка заднина во барањето на ССМ за минималната плата, го оспори и легитимитетот на Трендафилов


  Премиерот Христијан Мицкоски смета дека во барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците. Тој денеска одговарајќи на прашања на новинарите по поставувањето камен темелник на изградба на спортска сала во населено место Огњанци, во Општина Петровец, рече дека имало […]

Покачување на платите на наставниците ќе има кога државата ќе може, вели министерката Јаневска


Ако некој сака наставниците да имаат подобар стандард тоа сме јас како министер и нашата Влада. Меѓутоа, јас не сакам да им се зголеми платата 3 отсто, јас сакам да им се зголеми за 30 отсто уште утре кога тоа би било можно, рече денеска министерката за образоване и наука Весна Јаневска во одговор на […]

„Лајка“ ги повикува граѓаните да пријавуваат носење кучиња во Скопје од други локации


„Лајка“ ги повикува граѓаните да пријавуваат носење кучиња во Скопје од други локации. „Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња на одредени локации, локации каде имаме прецизен увид на постоечката популација на улица која е стерилизирана, и повеќе од очигледно е дека станува збор за организирано дислоцирање на кучиња. Неретко станува збор за […]

Три бронзени медали за македонските информатичари на Европската јуниорска олимпијада во Молдавија


Македонските ученици Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица освоија три бронзени медали на осмата Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2024), која од 16 август до 22 август 2024 година се одржува во Кишињев, Молдавија.  Како што информира денеска Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), се работи за […]

Сите велат дека гласале, програмите неизгласани во Град Скопје


 Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, пред почетокот на средбата на координаторите на советничките групи рече дека очекува  да биде предложен определен план што  треба понатаму да се изгласа. Според него СДСМ биле конструктивни и гласале и поддржувале предлози на градоначалничката, а за тие што не гласале имале став и образложенија. Но, генерално […]

Зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце


Речиси двојно е зголемен водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце во споредба со вчера, а на другите четири мерни места нивото е скоро исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И водостоите на останатите реки во земјава се речиси исти со вчерашните, а карактеристично […]

Битола ја губи приказната „Град на конзулите“


  БИТОЛА – Битола од година до година ја губи приказната за град на конзулите, градена од крајот на 19 век па наваму. За жал денес може да се констатира со сигурност дека во градот останаа уште четворица почесни конзули, битолчани, наспроти фактите дека претходната деценија таа бројка изнесуваше околу 15 почесни дипломатски претставништва и […]

Координација на советничките групи во Град Скопје, Арсовска треба да го презентира планот за излез од кризата


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се очекува денеска на средба со координаторите на советничките групи да го презентира планот за излез од кризата во главниот град. Средбата на координаторите ја закажал претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.   Очекувањата на првите луѓе на советничките групи се таа да презентира план за состојбата во „Комунална […]

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7 Во Скопје сончево со умерена облачност […]