Предлог-законот за парничната постапка денеска на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците


По неколкугодишна блокада, Предлог-законот за парнична постапка повторно е во собраниска процедура. Тој има за цел  да се уредат прашањата кои создаваа проблеми во примената на законот ( вешачењето, доставата, забрзување на постапката во споровите од мала вредност и др.), а беа констатирани од сите засегнати страни . Со Предлог-законот се предвидува намалување на висината […]

Со учебници, едносменска настава и без пролетен распуст почнува новата учебна година


 За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта […]

Редуциран автобуски превоз во Скопје, нема да возат дел од приватните превозници


Од денеска автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде редуциран. Дел од приватните автобуси ќе сообраќаат само наутро, од пет часот. Еден автобус ќе вози само една тура, на една линија. Тоа се автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20. Потоа автобусите ќе останат во гаража, а […]

Јаневска и Мицкоски на првиот училишен ден во ОУ „Стив Наумов“ во Автокоманда


По повод почетокот на новата учебна година денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе го посети Основното училиште „Стив Наумов“ во општина Гази Баба. Од Општина Гази Баба најавија дека на приемот на првачињата во Општинското основно училиште „Стив Наумов“ во Автокоманда ќе присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалниот на оваа општина […]

Сончево и топло до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб северен ветер. […]

Три жени – најдобро дипломирани студенти на медицинските факултети во Македонија во 2024 година


Како извонреден доказ за посветеноста и истрајноста на младите жени во медицината, трите најдобри дипломирани на водечките медицински факултети во Македонија оваа година се жени. Анастасија Петличковска, Аљбина Рамадани и Бојана Кацарова ја добија наградата „Примариус д-р Димитар Ивановски“ што секоја година Лекарската комора на Македонија им ја доделува на тројцата студенти со највисок просек […]

Астрономски календар


Денеска е понеделни 2 септември 2024 година, 246-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 120 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 1 минута, а ќе зајде во 19 часот и 5 минути. Денов трае 13 часа и 4 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

„Автомобилска историја“ во општина Ѓорче Петров


На корзото во општина Ѓорче Петров денеска беа изложени шеесетина олдтајмери од осумдесеттите години. На изложбата, во организација на Здружението „Класик мини“ од Скопје, учествуваа клубови од Косово, Србија, Бугарија и Хрватска. Како што информира Општина Ѓорче Петров, на изложбата присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски, кој од организаторот доби благодарница за успешна соработка. Посетителите можеа […]

Неколку куќи зафатени од пожар во велешкото село Карабуниште


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се гасне пожарот во атарот на село Карабуниште, меѓу Велес и Зелениково. Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16 часот, а од огнот се зафатени неколку куќи. – Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите им е потребно многу време. Заради пократок циклус […]

Хеликоптер пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево


Денеска, во 18.11 часот на 112 е дсбиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран […]

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка


  Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска во 11 часот избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири […]

Никој не верува дека нема пари во буџетот за поголеми плати, беше речено на собирот на наставниците


  Повеќе десетина наставници денеска се собраа пред Министерството за образование на протест за да реагираат на најавите на владата дека нема да има зголемување на платите, согласно колективниот договор, затоа што во буџетот немало пари. Собирот беше со поддршка на СДСМ. Во своето обраќање, Розалија Ангеловска, наставничка рече „да се биде учител, наставник, професор, […]

Дали 700 образовни асистенти за деца со попреченост ќе останат без работа?


  На денешниот собир на наставници со поддршка на СДСМ стана збор и за наводното отпуштање на 700 асистенти за деца со попреченост распоредени по основни училишта низ државата „Околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат […]

За основците има учебници освен за странски јазици, за средношколците пак само за 15 предмети


За подготовките и новините во учебната 2024-2025 година денеска прес-конференција одржа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во овие два месеци од нејзиното назначување на функцијата, заедно со вработените во министерството, како и со другите надлежни институции успеале да го подигнат девастираниот образовен систем од претходното лошо менаџирање. „За […]

Јаневска: Безобразно е оние кои не обезбедија средства за плати на наставниците, да ги повикуваат на протести


Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека наставниците се во право и си ги бараат и бранат своите права. Целосно, како што вели, застанува на нивна страна. Зголемување на платите и за наставниците и за сите други се планира за следната година штом, како што рече, државата ќе може да го издржи товарот. […]

АХВ казни месарница и супермаркет од Скопје поради небезбедна храна и ресторан во Битола


 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба […]

Филипче: Никој не верува дека нема пари за зголемување на платите на наставниците


Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, смета лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој денеска организираше протест на наставниците пред просториите на МОН. – Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на […]

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години


  Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. – Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу […]

Белград: Завршна конференција за создавање на универзитети без корупција


Завршувањето на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ беше одбележано со финална конференција на тема „Достигнувања и иднина – создавање на универзитети без корупција“ која се одржа во Белград. Овој значаен настан ја означи кулминацијата на напорите за поттикнување на транспарентноста и интегритетот во високообразовните институции во овие три земји. На […]

Филков: Десетина дена чекаме Судскиот совет да одлучи дали судијата Пајазити постапил според законите


Министерот за правда Игор Филков смета дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити да биде во куќен притвор поранешниот припадник на ОВК Блеким Рамадани, кој потоа избега од државата, е погрешна и во спротивност со досегашната пракса.  Филков вели дека ова прашање треба да биде приоритет посочувајќи дека веќе 10-тина дена се чека Судскиот совет да […]