ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на ТВ 24 на митингот на ВМРО-ДПМНЕ


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува агресивниот однос и вербалните закани кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од ТВ 24, кој се случил за време на синиќешниот партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред владата од страна на непознато лице. „Бараме од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како и до останатите учесници во изборната …

ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на ТВ 24 на митингот на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Единаесет македонски државјани од сообраќајката во Италија пуштени дома по укажаната лекарска помош


Во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во Италија, Министерството за надворешни работи (МНР) преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Како …

Единаесет македонски државјани од сообраќајката во Италија пуштени дома по укажаната лекарска помош Read More »

Дали семејната кавга ќе го банкротира „Ван Хол“?


  Белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“ соопшти дека му е потребна уште една недела за да го трасира патот за „одржлива иднина“ откако обидите да се одобри планот за обновување запреа. Претходно беше кажано дека 31 март е краен датум за изнаоѓање решение за финансиските проблеми, но во соопштението оваа недела, компанијата објасни дека …

Дали семејната кавга ќе го банкротира „Ван Хол“? Read More »

Расчистена е дивата депонија во Капиштец, карши Католичка црква


Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре. „Ваквите депонии …

Расчистена е дивата депонија во Капиштец, карши Католичка црква Read More »

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!


Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења. Арсова е позната по …

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се! Read More »

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“


Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“.  На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка …

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“ Read More »

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната …

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 5 април 2024 година, 96-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 270 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 12 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Пожар кај Русиново се шири кон Безгашчево


Пожарот кој попладнето избувна во месноста Губенек, атар на село Русиново, продолжува да се шири кон месноста Безгашчево. Екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми кои го гаснат пожарот напоменуваат дека ситуацијата е опасна поради ветерот кој го проширува обемот на опожарените предели. Во пожарот претходно командирот на единицата Сашко Руменовски, информираше дека е зафатена …

Пожар кај Русиново се шири кон Безгашчево Read More »

МНР: Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници се полесно повредени


Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи. МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која  учествувал …

МНР: Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници се полесно повредени Read More »

„Поштата е брза, само споро стигнува“ – скулптура на полжав поставена пред Поштата во Скопје


Пред Поштата во Скопје денеска беше поставена скулптура на полжав, како дел од герила акцијата насловена „Поштата е брза, само споро стигнува“ на Центарот за современи уметности. Организаторите посочуваат дека со ваквата акција, сакаат да го потенцираат проблемот со брзината на испорачување на пратките. На поставената фигура, дополнително пишува „Поддршка на синдикатот на вработените во …

„Поштата е брза, само споро стигнува“ – скулптура на полжав поставена пред Поштата во Скопје Read More »

Манолева: Кумановската болница вложува во човечки капитал – вработени 199 лица


Заменик-министерката за здравство Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово каде изминатите неколку години се реализирани бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови – инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал, соопшти Министерството за здравство. – Со поддршка од Министерството за здравство изграден е …

Манолева: Кумановската болница вложува во човечки капитал – вработени 199 лица Read More »

Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово


Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово. -Имаше голем број невакцинирани деца дали со втора, трета доза, дали со ревакцина, ние тука постигнавме …

Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово Read More »

Министерот за труд и социјала го разреши директорот на Меѓуопштинскиот центар во Радовиш


Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за разрешување на Александар Филев од директор на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш по добиеното известување на 03.04.2024 од СВР Струмица. На Александар Филев, според Известувањето од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш – ОСИД, …

Министерот за труд и социјала го разреши директорот на Меѓуопштинскиот центар во Радовиш Read More »

Станицата за пречистување на отпадни води во Кочани доби дозвола да го продава компостот што го произведува


Компостот што го произведува станицата за пречистување на отпадните води на КЈП „Водовод“ од Кочани е внесен во Регистерот на производители на ѓубрива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што легално ќе почне да се продава како подобрувач на својствата на почвата. На работилницата “Употреба на органско ѓубриво – компост во земјоделството“, што …

Станицата за пречистување на отпадни води во Кочани доби дозвола да го продава компостот што го произведува Read More »

Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град


Бугарскиот приморски град Варна добил барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот на Општина Варна, Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ што се одржува токму во Варна. Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави. Градоначалникот на Варна, како што …

Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град Read More »

Вкупно осум години затвор пресуди Кривичен за грабнувачите на Самоил Костадиновски


 Вкупно осум години затвор пресуди Основниот Кривичен суд Скопје на обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ против кои се водеше процес за грабнување на Самоил Костадиновски. Како што соопшти при денешната објава на пресудата, судијката Славица Наумова Јосифовска, обвинетите Виктор Милановски и Александар Трпков, кој е недостапен на органите за прогон, се виновни затоа што …

Вкупно осум години затвор пресуди Кривичен за грабнувачите на Самоил Костадиновски Read More »

Нови 163 случаи на грип и слични заболувања изминатата недела, најмногу во Гостивар


Во текот на 13. недела од 2024 година – од 25 до 31 март, во државава се пријавени 163 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што претставува 38,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Кога станува …

Нови 163 случаи на грип и слични заболувања изминатата недела, најмногу во Гостивар Read More »