Личната карта ја чекаат од април, а Тошковски уверува дека документите се готови за 15 дена


  Проблемот со издавање лични документи (пасоши, лични карти, возачки дозволи…) е надминат и граѓаните сега може да поднесат барање за издавање нов личен документ и да го добијат во законски одредениот рок од 15 дена уверува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска беше во посета во пунктот во полициската станица „Пролет“ во […]

Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани


Понеделник 9 септември е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 Септември – Денот на независноста на Републиката е во недела и неработниот ден се префрла за понеделник, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади. Од Министерството на сите граѓани им го честитаат  Денот на независноста.

Подароци и желби за успешен почеток од Верверичката за првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“


Со среќа првачиња! Верверичката на Комерцијална банка, на првиот училиштен ден, со особена радост и возбуда ги дочека првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Ги изненади со подароци и забава затоа што нивниот прв училишен ден е дел од нивната најголема среќа. Дел од забавата беа и нашите пријатели од Боренка, кои со […]

Слаб земјотрес во Берово почувствуван и во Бугарија


Земјотресот е со јачина од 2,1 степен според Рихер. Земјотрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово во 5.25 часот е регистриран во источниот дел од Македонија. Епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.

Сончево и топло, попладне услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е вторник 3 септември 2024 година, 247-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 119 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 19 часот и 3 минути. Денов трае 13 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Протестен марш на Независниот синдикат за образование, бараат почитување на колективните договори


 Бараме тоа што ни следува според Колективен договор и затоа испраќаме јасна и гласна порака дека е потребно и не смее да се одложува почитувањето на колективните договори во основното и средното образование, односно на Општиот колективен договор, изјави вечерва од Битола претседателот на Независниот синдикат за образование и наука Томислав Гиевски. На вечерашниот протестен […]

Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, се враќаат во сообраќај


Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје. – Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа […]

За една недела 131 нов случај на Kовид-19


Во последната недела, регистрирани се 131 случај на ковид-19 во земјава, од тестирани 379 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, Охрид, Тетово и Кавадарци. „Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени […]

На 129 вработени во УЈП им ги поништија решенијата за работните места и за платите, може ќе треба да враќаат пари


На 129 вработени во Управата за јавни приходи им се поништени решенијата за работните места што ги потпишале во февруари годинава со кои добиле и повисоки плати, а па сега им се заканува дека ќе треба да ја вратат разликата. Станува збор за вкупно 180 милиони денари во бруто износ, односно со платени придонеси, додека […]

Кривичен суд: Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост


Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, […]

Во ОУ „Лирија“ во Тетово градоначалникот Касами подели унифициран албански буквар за прво одделение


Околу 100 првачиња помалку има во тетовските училишта, оцени градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по повод почетокот на новата учебна година. Во основното училиште „Лирија“ во Тетово, тој подели, како што рече, унифициран албански буквар за прво одделение. – Трендот за жал, а продолжува и оваа година има околу 100 ученици помалку во основни и […]

Старите проблеми и на почетокот на оваа учебна година


Помалку ученици во клупите, исти плати, место повисоки за наставниците, учебници изработени од претходната власт се доставуваат до учениците, а оние со грешки немаат замена, за странски јазици нема учебници, асистентите денеска потпишуваат нови договори, денеска распишан конкурс за дополнителни, најавено едносменско посетување настава, но дел од училиштата немаат капацитети, скапи школски прибори и тетратки […]

Исплатени 80 отсто од долгот на приватните превозници – повторно ќе возат


Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје. – Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа […]

Подновено и со нови училници и кабинети ООУ „Коле Неделковски“ ја почнува учебната година


Учебната година во ООУ „Коле Неделковски“ започна со доградба на ново отворено крило за учениците. – Ги исполнивме ветувањата, инвестиравме 43 милиони денари од општинскиот буџет и отворивме нови и осветлени училници, кабинети за психолог и педагог, библиотека, лифт и тоалет за непречено движење на учениците со потешкотии во движењето како и пристапна рампа за […]

Јаневска: Сите деца кои имале образовен асистент, денес ќе го имаат


Денеска, на почетокот на учебната година, 815 образовни асистенти ги потпишуваат договорите за вработување и можат да почнат со работа, а  дополнително се обезбедуваат уште 200, за кои ќе треба да се почека барем две недели, тври министерката за образование весна Јаневска.  Договорите на досегашните образовни асистенти им истекоа на 31 август, затоа што се […]

Издавањето на патните исправи и на личните документи е во рамките на законските 15 дена, тврди Мицкоски


Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР. -Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот […]

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено


Судењето за даночно затајување во кое е обвинет и функционерот на ДУИ, Исмет Гури се одложи за 4 октомври, откако на денешното рочиште не се појави еден од обвинетите. Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури, кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје на 29 август […]

Владата ќе постави плафон за цените на школскиот прибор


  Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски. При посетата на ОУ „Стив Наумов“ во Скопје на првиот училишен ден, Мицкоски рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на […]