Секој деветти смртен случај кај новороденчиња во Македонија е поврзан со загадениот воздух, вели УНИЦЕФ


Во пресрет на Меѓународниот ден на чистиот воздух, УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија објави нов документ за политики во кој истакнува дека во 2021 година над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии низ Европа и Централна Азија починале од причини поврзани со аерозагадувањето. Во Северна Македонија, смртните случаи на новороденчиња поврзани со загадениот […]

Левица: Иако законски укинати, партиските економски директори со „договори на дело“ владеат со клиниките


  Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование, тврди Левица. „Пример е Алајдин Мемеди (братучед на формално назначениот нов медицински директор, […]

Училиштето во село Бањица ќе биде готово во најскоро време, вели министерката Јаневска


Изградбата на новото модуларно училиште во село Бањица ќе почне веднаш штом ќе биде потпишан договорот со изведувачот што ќе биде избран на повикот од кој веќе се разгледуваат понудите, а се очекува да биде готово најдоцна за два месеца, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. – Во училиштето „Дитурија“ во село […]

Меџити во Вашингтон: Македонија има нов почеток со луѓе без хипотеки


  Северна Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Ова го изјавил првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, кој е во официјална посета на […]

Општина Аеродром им додели над 860 таблет-уреди на сите четвртооделенци


Над 860 четвртооделенци од сите основни училишта во Општина Аеродром добија бесплатни таблет-уреди обезбедени со средства од општинскиот буџет. В. Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска го посетија ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што лично им ги поделија таблет-уредите на учениците во ова училиште. Станува збор […]

Образовни асистенти во следните денови, за средношколци од јануари


Образовните асистенти од денеска почнаа да ги потпишуваат договорите за оваа учебна година, но не сите од денеска почнуваат со работа. За тоа ќе бидат потребни уште неколку дена. „Сепак и денеска се потпишуваат договори, а во следните денови може да се очекуваат асистенти“, рече министерката за при посетата на ООУ „Ѓоргија Пулевски“ во Општина […]

Отворањето на „Гола месечина“ се одложува за утре поради временските услови


Отворањето на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ поради временските услови се одложува за утре, 11 септември 2024 година, соопшти денеска Општина Аеродром.  Стендап-настапот на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски се одложува за утре со почеток од 19:00 часот, по што ќе настапи Импров група, како што првично беше предвидено. Следните настапи ќе се одржат […]

„Филм ми е да трчам“: Во Битола трка ќе ги обедини спортот и културата


Оваа година, на 22 септември, градот Битола повторно ќе биде домаќин на популарната Трчај бе со Алпско, кој е во викендот во кој започнува престижниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Градот ќе биде место на средба на ѕвездите кинематографери од светот, но и на вљубениците во трчањето, па токму од таа причина, мотото на […]

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024


Важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. МВР денеска ги повика сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни […]

Фалсификуван опасен лек за слабеење се продава во Македонија


 Во декември, Дру, 36-годишен маж од Сан Антонио, Тексас, возеше повеќе од 400 км до Мексико за да купи евтин Ozempic за да му помогне да изгуби тежина. Одејќи дома, ги провери пенкалата. Изгледаа необично, па тој сподели фотографии на социјалните мрежи. Се покажа дека тие биле фалсификати.Производот на Дру личи на инсулин. Ако е […]

Кои македонски веб-страници „продаваат“ патриотизам во САД


Осум години по откривањето на случајот со велешките про-Трамп спамери, македонската „фабрика“ за производство и продажба на американски патриотизам и понатаму е активна. И покрај тоа што Фејсбук изминативе години во повеќе наврати бришеше и блокираше страници за коишто беше утврдено дека шират лажни вести, Македонија и понатаму е на врвот на листата на земји кадешто се креираат страниците коишто […]

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено


Центарот за управување со кризи утринава соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 22 пожари на отворен простор и дека дождот помогнал сите да бидат изгаснати. – Дождот помогна сите 22 пожари да бидат изгаснати, се вели во утринската информација од ЦУК. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера информираа дека располагаат […]

На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд


На Попова Шапка утрово се измерени 10 степени Целзиусови, а во изминатите 24 часа до 08 часот наврнале 59 литри на метар квадратен воден талог.  Во Лазарополе и Маврови Анови се измерени 11 степени, 14 во Охрид, Дебар и Крушево, 16 Претор и Крива Паланка, 17 Скопје-Зајчев Рид Битола, Тетово, Прилеп, Виница и Куманово, 18 […]

Облачно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.  […]

Астрономски календар


Денеска е вторник 10 септември 2024 година, 254-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 112 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 18 часот и 51 минута. Денов трае 12 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

ДЗС со само еден функционален авион кој интервенира во Прилеп


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) моментално има само еден функционален авион „Ер трактор“ од трите што ги поседува, информира директорот на ДЗС, Џеват Селами. Според него, иако пред три дена биле повикани механичари од Шпанија да ги поправат авионите, проблемите со опремата повторно се појавиле следниот ден. „Едниот авион треба да се сервисира, а […]

Муцунски пред Унгарската дипломатска академија: Нашиот пристапен пат e политика на проширување на ЕУ, заснована на вредности и заслуги


Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање, како што информираат од МНР, Муцунски се осврнал на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ, при што посебно ја истакнал непрекинатата […]

УХМР најавува нестабилно време со пообилни врнежи


Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме. Како што информираат од УХМР,  под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. – Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе […]

Образовни асистенти – нерешен системски проблем


  Асистенти за ученици со попреченост во основните училишта се ангажираат од  2016 година, преку програмата за општинско корисна работа во соработка со УНДП. Пет години подоцна, од 2021, почна да се спроведува новиот систем за „Образовна асистенција“, со кој асистентите паднаа на товар на државниот буџет. Проблеми сè уште има и кај ангажирањето образовни […]