Македонија ќе добие Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNe


Северна Македонија ќе добие Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet, што се смета за европски стандард кога е во прашање безбедноста на децата и младите во дигиталниот простор. Неговото формирање, според експертите, е насушна потреба, поради незадоволителната дигитална писменост и случаите на интернет кои имаа сериозни последици. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во […]

Променливо облачно со слаб до умерен ветер, попладне се очекува пороен дожд проследен со грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник 9 септември 2024 година, 253-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 113 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 8 минути, а ќе зајде во 18 часот и 53 минути. Денов трае 12 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

НАТО Алијансата упати честитка по повод Денот на независноста


Северноатланската алијанса НАТО упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. Преку објава на платформата X, НАТО Алијансата повикува на придружување во славењето на Денот на независноста, на како што велат „нашиот сојузник Северна Македонија“. Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 North Macedonia on their Independence Day!#WeAreNATO 🤝 @MKmissionNATO pic.twitter.com/eH3gqa3qBK […]

Битолски села на границата со Грција се без струја, сточарите направија бели реки од расипано млеко  


  Жителите на битолските села Гермијан, Бач, Брод, Живојно, Добровени и Скочивир од вчера се без струја, а како што велат за кусо време ќе останат и без вода. Бидејќи станува збор за сточарски крај, без струја и соодветно ладење им се расипа и млекото па го истурија по ендеците и направија бели реки низ […]

Три години по пожарот во модуларната болница во Тетово каде загинаа 14 луѓе


Денеска се навршуваат три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Од 14-те луѓе кои починаа поради пожарот, 12 беа на болничко лекување таму како заболени од Ковид-19, додека двајца беа членови на семејствата на болните. Основен суд Тетово веќе спроведе судски […]

Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Северна Македонија на европскиот пат


 Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен. -Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат […]

Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината


Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. На Свечената академија во организација на Владата, Мицкоски рече дека овој ден […]

Вчера имало 38 пожари на отворено, активни се уште три


Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се три, под контрола се четири и изгаснати се 31 пожар. Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во […]

Почна свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември (во живо)


Со изведба на македонската химна од страна на детски хор во Македонската филхармонија започна одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. На Свечената академија во организација на Владата ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески, а програмата ќе […]

На изложбата на олдтајмери во Кавадарци најстарите автомобили се од 1950 година


Во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци има изложба на олдтајмери во организација на Авто мото клуб РПМ и кавадаречката локална самоуправа.  Кирил Димитров Урошев, дел од организацијата на настанот, изјави дека за изложбата се пријавени педесетина возила од земјава и странство, но се очекува нивниот број да […]

Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни


Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите – 8 Септември, празникот на нашата независност, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница по повод Денот на независноста. -На овој ден за прв пат се слушнаа […]

Честитка од претседателот на СДСМ Филипче по повод 8 Септември: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста, во која посочува дека е време силата и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. – Денешниот 8 Септември и 33 години независност на […]

Честитка од Сиљановска Давкова по повод 8 Септември: Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, во која посочува дека наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. -На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја […]

Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија денеска ќе биде отворен до 22 часот


Во текот на денешниот ден жителите на Општина Крива Паланка и жителите на Општина Трговиште ќе можат да ја минуваат дражавната граница помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија на привремениот граничен премин во село Калово. Преминот ќе биде отворен во периодот од 9 до 22 часот, информира службата за комуникација со јавност во Општина […]

Македонија слави 33 години независност


 Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ […]

Попладневните дождови го изгаснаа пожарот во прилепско Мариово


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 од нив се активни. Ангелов посочи дека попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово, кој претходно денеска тој го посочи како најкомплициран.   – Рано утрово таму се […]

Македонски средношколци освоија сребро на Интернационалната олимпијада по информатика


 Македонскиот тим од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Дамјан Давков од Штип, Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Виктор Максимоски од Гостивар и Софија Велковска од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освоија сребрен медал на Интернационалната олимпијада по […]

Се проширува пожарот во Мариово, периметарот на огнената линија изнесува 110 километри


Големиот пожар во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри.  Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден „Ер трактор“, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се […]

Костовски за наградата „8 Септември“: Ништо не е невозможно за тој што ќе се осмели


Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година. На свеченоста по повод доделувањето на наградите што се […]