Таксистите ќе исчезнат од Битола ако не се зголеми цената за нивните услуги


  БИТОЛА – Ако не поскапи такси превозот во Битола ќе нема кој да вози ноќе, оти за таксистите е неисплатливо. Ваква е состојбата во Битола, откако во изминатите години постојано се намалува бројот на лиценцирани такси превозници, па од 400 лиценцирани такси превозници сега градот има околу 60 такси возачи кои се во такси […]

Прилепските ученици го формираа македонското знаме, почнаа чествувањата за 11 Октомври


На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп денеска околу 1200 основци и средношколци го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“. Формирањето на знамето е традиција воспоставена во 2010 година, иако имаше прекин од пет години во време на пандемијата. – Оваа традиција за формирањето на знамето во пресрет на националниот празник […]

Тошковски и Дачиќ: Има решение за метежот на граничниот премин во летната сезона


 Решение за метежот на граничниот премин има, изјавија денеска министрите за внатрешни работи на С Македонија Панче Тошковски и на Србија Ивица Дачиќ по нивната и средбата на оперативните тимови во секторот за внатрешни работи Куманово. Системот „Оне стоп“ ќе почне суштински да функционира до почетокот на наредната летна сезона. Досега се потпишани повеќе согласности, […]

Административците ќе мораат да се преедуцираат за да не ја загубат работата


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, давајќи отчет за „100 дена Влада“,  најави рече дека административците што не покажуваат добри резултати на местата на кои се наоѓаат ќе мора да одат на обука што ќе се организира преку нова Академија за административни службеници. Соред Минчев, главен проблем во администрацијата не е превработеноста, иако и таа […]

Берово единствена општина која има сеопфатна отвореност на буџетскиот процес


 Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, денеска го презентираше извештајот за Индексот на отвореност на општините за 2023 година ширум земјава, кој ја прикажува актуелната состојба на транспарентноста, правичноста и отчетноста во буџетските процеси на општините. Како што информираше извршниот директор на ЗМАИ Виктор Митевски, Општина Берово е единствената општина која има сеопфатна отвореност на […]

Немој „да прегориш“ на работното место – чувај го менталното здравје


На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше одбележан Светскиот ден на менталното здравје. Настанот беше во организација на Универзитетската клиника за психијатрија, со цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје. Како што беше кажано, во нашава држава има пораст на лицата со нарушено ментално здравје, а најавени беа и низа активности со цел […]

НП Шар Планина и ДИЖС санкционирале десетина возачи кои биле на места каде е забрането движење со возила


Во изминатите неколку месеци санкционирани се повеќе од десет прекршители кои беа затекнати со моторни возила на локации на кои е забрането движење и тоа, во близина на Љуботен, Караниколичко Езеро, Кобилица и Добродолска куќа, информираат од Јавната установа Национален Парк Шар Планина за резултатите од соработка со Државниот инспекторат за животна средина.  Согласно Законот […]

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, судските и истражните органи се на потег


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врска со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат. – Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам или денеска или во […]

Образование по мерка на бизнисот – компаниите кажуваат каков кадар им треба (видео)


Младите се иселуваат, а компаниите немаат доволно нова работна сила, апа затоа денеска на конференцијата „Дефинирање на улогата на Здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“ во организација на Стопанската комора, сите заедно ќе се обидат да најдат начин да ги инспирираат младите стручно да се […]

Таравари: Пристигнаа вакцините за сезонски грип


– Пристигнаа вакцините за сезонски грип и од понеделник почнува дистрибуцијата по здравствените домови, изјави денес министерот за здравство Арбен Таравари на  одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје. Не прецизираше кој вид на вакцина, истакна, досегашните, четиривалентната од странскиот производител Абот од Холандија.  Во […]

„Комунална хигиена“ повторно чисти градски депонии во Чаир, Центар и во Бутел


Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел. Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, […]

Регионот започна со вакцинација против сезонски грип, кај нас абер нема


Во сите здравствени домови во Србија и на Kосово официјално започна вакцинацијата против сезонски грип, а за тоа се обезбедени доволни количини вакцини, а во Србија достапни се два вида вакцини – флувак тетра од странскиот производител Абот од Холандија и торвакс грип од домашниот производител, Институтот за вирусологија, вакцини и Серуми „Торлак“. „Треба да […]

Менталното здравје на работното место – годинава тема на одбележувањето на Светскиот ден


 Универзитетската клиника за психијатрија денеска на плоштадот „Македонија“ co 10 часот ќе го одбележи Светскиот ден на менталното здравје, годинава на тема „Време е да се приоритизира менталното здравје на работното место”. На настанот чија цел е да се подигне свеста за важноста на менталното здравје ќе присуствува и министерот за здравство Арбен Таравари. – […]

Сончево и топло во текот на денот, слаба утринска магла во некои котлини


По одделни котлини утрово ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 10 октомври 2024 година, 284-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 82 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 18 часот. Денов трае 11 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 14 часот и […]

Орце Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски учествуваше на панел-дискусијата ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, д-р Никола Пановски и Висар Ганиу. Ѓорѓиевски истакна дека имајќи го во предвид фактот дека сеуште зборуваме за […]

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 – 2027


 Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од […]

Царинска управа: Отежнат товарниот сообраќај на Табановце поради реконструкција на преминот од српска страна


Царинската управа ги известува економските оператори дека е отежнат товарниот сообраќај на излез од државата на граничен премин Табановце.  Како што наведуваат од Царинската управа, отежнувањето на товарниот сообраќај е заради реконструкција нa дел од инфраструктурата на граничниот премин од страна на Република Србија.

Врховен суд го врати „Талир“ на повторно судење


Врховниот суд денеска го ,,врати во живот” случајот ,,Талир”, за нелегалното финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, откако републичката јавна обвинителка Анита Тополова- Исајловска бараше да запре, односно врховните судии да го укинат решението со кое беше одобрено обвинението. -Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија КОЗ […]