Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер […]

ЕУ ја одобри Реформската агенда на Северна Македонија – пристигнуваат 750,4 милиони евра


 Рефомрските агенди на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ.  -Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство […]

Фатмир Етеми контра МВР: Нарушен ми е угледот


  Бизнисменот Фатмир Етеми, се огласи во јавноста откако вчера МВР поднесе пријава до Обвинителството за измама во македонска банка, против како што објавија, член на надзорен одбор. Етеми практично посочува дека пријава е против него, но негира дека направил било какви малверзации. Според него, целта е да се креира расположение за негов јавен линч. […]

Хрватски, српски и словенечки антифашисти во Прилеп за 11 Октомври


 Со поклон и почит пред моштите на загинатите борци кои се во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп, бројни делегации го означија чествувањето за празникот 11 Октомври – Денот на народното востание. Според Рубинчо Белчески, претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, тој победнички истрел кој се случил во Прилеп на 11 октомври 1941-та година […]

Куманово го чествува Денот на народното востание – 11 Октомври


Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Бројни делегации, предводени од Здужението на борците Куманово, градоначалникот на општина Куманово, делегација од Владата, од Собранието, од кабинетот на претседателот, Армија, МВР, државни институции, […]

Невладини организации обвинуваат за упад на власта во независните државни органи


Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на изгласаните измени и дополнувања, како и на предлозите за нови измени на законите со кои што предвреме се прекинува мандатот на членовите и на претседателите на независни и самостојни државни органи, Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН), Комисијата за заштита на конкуренцијата […]

Гужва за кон Солун: Граѓаните на продолжен викенд


Пет колони и стотици автомобили од рано утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“ да поминат граница и продолжемиот викенд да го поминат кај јужниот сосед. Иако од АМСМ известуваат дека нема подолги задржувања за излез од државата, сепак, патници сведочат дека се чека и по 45 минути, а колоните се километарски. Повод за одењето во […]

Пред Споменикот на револуцијата во Тетово се одбележа Денот на народното востание


Во Тетово пред Споменикот на победата (револуцијата) денеска се одбележа Денот на народното востание 11 Октомври, во организација на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово, како и гарнизонот при касарната „Кузман Јосифоски-Питу“. Чествувањето почна со интонирање на македонската химна и едно минутно молчење во чест и […]

Почувствуван земјотрес во Демир Капија


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 10 часот и 07 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од […]

Поради снимање филм утре посебен сообраќаен режим во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024 (сабота) во периодот од 06.00 до 18.00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до […]

Врачување на државната награда „11 Октомври“


 Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието во 12 часот ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски.  Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката. Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот […]

ЈСП за продолжениот викенд ќе сообраќа по неделен возен ред


За време на трите дена од продолжениот викенд по повод државниот празник 11 Октомври – петок, сабота и недела, автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје. -Денеска и в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација во Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар и ќе […]

Ден на народното востание – 11 Октомври


Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври.  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во  Музејот на македонската борба за самостојност.  По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат […]

Променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи


Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 11 октомври 2024 година, 285-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 81 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минута, а ќе зајде во 17 часот и 58 минути. Денов трае 11 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Учесници во Еразмус + проект од неколку земји учат екологија во Кавадарци


Учесници во Еразмус + проект од неколку земји попладнево ги посетија Еко едукативниот центар и работилницата за позитивни практики во Кавадарци, информираа екологистите од регионалниот еколошки центар „Еко живот“.   -Проектот „Биодиверзитетот е нашата иднина“ го спроведуваат училишта од Португалија, Канарските Острови (Шпанија), Француска Гвинеа и Естонија, заедно со Советот за превентива против малолетничка деликвенција […]

Пробиен булеварот „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци


Во Кавадарци е пробиен булеварот „Вељко Влаховиќ“ и извршено е спојување со „Западен булевар“, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Извршено е тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациска и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект […]

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип


 Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, а од МЗ посочуваат дека континуирано го зголемуваат бројот на обезбедени вакцини. Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM. […]

Перински: Во Отешево сега има медицински третман по сите стандарди


Пациентите во специјализираната установа во Отешево сега можат да добијат квалитетна здравствена грижа со значително подобрени услови и модерна опрема, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински. Промовирајќи го проектот за подобрување на здравствените услуги и создавање услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост ковид пациенти, Перински нагласи дека специјализираната установа во Отешево […]

Времен режим на автопатот А1, на делниците Демир Капија–Смоквица и Велес-Неготино


Во пресрет на продолжениот викенд Јавното претпријатие за државни патишта денеска извести дека на одделни автопатски делници се одвиваат градежни активности и има времен режим на сообраќај за што е потребно соодветно следење на сообраќајните знаци. Времен режим на сообраќај има на А1, делница Демир Капија–Смоквица која е со важност до 01.12.2024 година, поради изведба […]