М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември


Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ,  по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде […]

Јаневска очекува гласање на законите за образование во ноември


Петте закони што се во работна верзија: за основното, за средното, за средно-стручното образование, законот за образование на возрасни и законот за национална рамка за квалификации се очекуваат на гласање пред пратениците да се најдат во ноември, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која присуствуваше во Прилеп на доделувањето на сертификати за комплетирање […]

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективна, едно задржано


Директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана во изјава за МИА вели дека 10 лица побарале лекарска помош и сите имале лесни симптоми, освен едно лице кое е задржано на лекување, но е во добра здравствена состојба. Останатите по укажаната медицинска помош се вратени во Академијата. Информацијата ја потврдија и од Министерството за одбрана […]

Кочоска лично учествувала во акцијата во Струмица иако не е надлежна


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, преку пост на својот Фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање  финансискиот криминал  и додава дека со акцијата покажале дека сплотениот тим е посилен од сѐ.Притоа таа соопштува дека  лично учествувала во претресите во Струмица, […]

Владата ќе дискутира за загаденоста на воздухот во Скопје


Владата на една од наредните седници ќе дискутира за решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје, најави министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој вели дека овој проблем не е вчерашен. Според Перински  токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста […]

Арсовска веројатно нема да добие од унгарските пари за нови автобуси, Перински вели парите се за инфраструктурни проекти


Дури 330 проекти од 72  општини се стигнати до надлежните министерства до вчера, со кои се аплицира за 250 милиони евра пари кои Владата ги обезбеди преку Унгарија и ги намени за подобрување на условите за живеење. – Нема да остане локална самоуправа која не аплицирала за средствата што Владата ги нуди за подобрување на […]

Изјава на министерката за образование и наука Весна Јаневска од Прилеп (во живо)


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставникот на УНДП во земјава Армен Григорјан и градоначалникот Борче Јовчески присуствуваат на доделување сертификати за комплетирано основно образование и за посетени обуки на повратници во државата, како дел од Проектот на УНДП за јакнење на националните и локалните системи за поддршка и ефективна социо-економска интеграција на повратници […]

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз, бараме веднаш да се пушти автобус


Општина Аеродром денеска упати реакција на одлуката да се укине единствената линија со број „33“ што го поврзува Долно Лисиче со останатиот дел од Аеродром и бараат веднаш да се изнајде решение и да се пушти автобус на оваа и онака ретка линија. – Остро реагираме на одлуката да се укине единствената линија со број […]

МОН со повик до јавноста да придонесе во изработката на новите закони


Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно […]

Облачно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а […]

Астрономски календар


Денеска е петок 13 септември 2024 година, 257-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 109 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 18 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Два авиона за малку ќе се судреле над Скопје


На 7 септември, над Меѓународниот аеродром во Скопје љ два авиони се нашле на иста висина и за малку ќе се судриле. Едниот авион бил на летот ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул, додека другиот бил на летот за Лондон на „Санекспрес“ јави СДК.Воздухопловните власти, сега го испитуваат случајот. Нејасно е […]

Дефект на трафостаница остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија


Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш” над 30 часа беа снабдување со електрична  поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути.   -Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична […]

ОЈО ГОКК отвори предмет за финансиски криминал, претреси на повеќе локации


 Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти. Како што информираат од ОЈО, предметот е оформен по доставено известување од страна […]

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми


Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), компонента на службата за управување со вонредни ситуации Коперник. Голем дел од овие површини беа и шуми, како што беа случаите на планините Серта, Галичица, Мукос и други. Точната бројка […]

Силите за специјални операции од Северна Македонија на воената вежба „ОРИОН-24“ во Грција


Оперативните способности на копно, во вода и воздух, во неколку конкретни и сложени сценарија, ги покажаа припадниците на силите за специјални операции од 12 држави, меѓу кои и припадниците од баталјонот на специјалните сили Волци од нашата земја, во рамките на меѓународната воена вежба „ОРИОН-24“ што се одржува во Грција, јави дописничката на МИА од […]

Метео предупредување: Утре пороен дожд и грмежи


Утре, петок,  времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Во сабота […]

Карбинци доби возило за отпад и платформа за е-услуги преку проект на швајцарската влада и УНДП


  Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со амбасадорката на Швајцарија, н.е. Вероник Улман и Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска ја посетија Општина Карбинци која е една од општините во која се спроведува проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. Целта на посетата беше запознавање со имплементираните и тековните активности што […]

Една понуда на тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар во Скопје


Една понуда е пристигната на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.  По денешното јавно отворање на понудите следува евалуација на единствената доставена понуда. Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се […]

Трите општини со В.Д. градоначалници нема да може да ги користат парите од Владата ако не помине Законот за локална самоуправа


Ако трите општини чии градоначалници зазедоа други државни функции, одржуваат избори како што налага актуелниот Закон за локална самоуправа, тие општини нема да можат да ги искористат парите од проектите за 250 милиони евра наменети од Владата, со што ќе бидат дискриминирани. Затоа, министерот за локална самоуправа Златко Перински се надева дека тој ќе биде […]