Дел од Карпош 3 без вода поради санирање на дефект


Поради замена на два затворачи од Ф150мм и Ф-200мм на ул.Бледски Договор раскрсница Карпошово Востание во населба Карпош 3, прекинато водоснабдување денеска од 8: 30 часот ќе имаат дел од корисниците од Општина Карпош. Без вода ќе бидат граѓаните на дел од ул.Бледски Договор (потегот од Карпошово востание до Бул.Илинден), дел од Карпошово Востание, Драгиша […]

Реакција: Со наводна реформа Владата сака да ја партизира независната комисија за постапки од работен однос


       Државна комисија за одлучување во управна постапка  и постапка од работен однос во втор степен реагира јавно на намерата на Владата да ја укине, нарекувајќи го новопредложените законски измени по скратена постапка –  нелогични, правно неиздржани и штетни за работата на Државната комисија. Како можна причина за овој потег на Владата тие […]

Уште едно труење во Воената академија


Питомецот од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, кој беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради симптоми на труење, е пуштен на домашно лекување. Вчера уште еден негов колега побарал помош, но по амбулантски третман е пуштен дома. Не е утврдена причината за труењето, но дваесетина питомци и офицери пријавиле мачнини, повраќање и стомачни болки. Резултати од […]

Падна снег на Пелистер


Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавија фотографии со снег и бела покривка.Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури низ земјава придонесоа за студено време особено на планините.Сепак, набрзо после снегот на Пелистер изгреа и сонце кое го стопи. Студеното време ќе продолжи и во следните неколку дена.

Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на прес конференција денес обвини дека при  контролите направени во здравствените установи констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што  ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност. Споиред него, тоа се случувало во  Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом […]

Тошковски тврди: Има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, гостувајќи во емисијата „Трилинг“ на прашање дали е почната борбата со високиот криминал и корупција, што ја еродираат државата, потенцираше дека борбата е веќе силно почната со доаѓање на новото раководство на МВР уште во техничката влада. „Имаме врховен судија којшто повеќе не е врховен судија и осуден е […]

Контролорите бараат да се проверуваат фактите, Flightradar24 не е релевантна алатка


Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ) денеска се огласи во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември,  порачувајќи дека застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите кои, како што нагласува, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент”,  порачува Здружението, без притоа […]

Денес променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70км/ч). Минималната температура ќе биде од 10 до 18, а максималната од 18 до 26 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе […]

Се организира ноќно искачување на врвот Љуботен и дочекување на изгрејсонце


Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово го најавува годинашното традиционално искачување на врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина во ноќни услови со цел да се дочека изгрејсонцето. Потфатот почнува на 21 септември, сабота, а освојувањето на врвот е планирано во недела, 22 септември околу 5 часот. – Планот е да се тргне од Тетово во […]

Општина Дебар поднесе четири проекти од областа на инфраструктурата вредни 680 илјади евра


Општина Дебар поднесе четири пријави на повикот за доделување средства од Министерството за локална самоуправа, кои се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура во градот и водоснабдувањето во селото Могорче. -Пријавите ги поднесовме вчера, а сите проекти за кои аплициравме се оформени и сработени според бараните стандарди. Се однесуваат на реконструкција на три локални улици […]

Само три проценти од парите за политичко рекламирање се исплатени на медиумите


Државната изборна комисија во законски утврдениот рок, ги нема подмирено своите обврски во целост, односно заклучно со 23.08.2024 година има исплатено средства во износ од 7.824.013 денари (околу 127 илјади евра) што претставува само три отсто од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, се вели во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во однос […]

Епидемијата на голема кашлица упорна, евидентирани 13 новозаболени


Во периодот од 6 до 12 септември, пријавени се 13 нови случаи на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се и по 3 случаи од Прилеп и Куманово и по еден од Кратово и Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од […]

Три лица задржани во полиција по истрагата за наводен „епски“ криминал во Струмица, Скопје и Гостивар


Струмичкиот бизнимен Ристо Крмзов и уште три лица се задржани во полициска станица по синоќешната голема акција на МВР, УЈП, Царината и Обвинителството за гонење на организан криминал и корупција што се одвиваше на повеќе локации во Струмица, Скопје и Гостивар. Неколку лица, според МВР, се во бегство. Неофицијално, при претресот на фирмите и објектите […]

Поднесени се 357 апликации од 80 општини за унгарските пари


Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините ширум земјава со пари од државниот Буџет. Поднесени се 357 апликации што значи дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти, информира денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. -Нашите очекувања во целост се исполнија. Во оваа […]

Таравари: 18 приватни специјализанти во Битола ќе добијат решенија


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола промовираше нови медицински апарати со кои се модернизираат условите за третман на пациентите во јавните здравствени установи. На прес – конференција што се одржа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот Таравари истакна дека станува збор за апарат што помага во ендоскопско и лапароскопско третирање на пациентите, како и […]

Перински за јавниот повик за 250 милиони евра за капитални инфраструктурни проекти во општините(во живо)


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за локална самоуправа Златко Перински  во врска со завршување на јавниот повик за 250 милиони евра за капитални инфраструктурни проекти во општините.

Машини за рециклирање во училиштата и градинките низ Аеродром


Општина Аеродром од денеска добива машини за рециклирање на ПЕТ пластични шишиња и лименки , а над 10 илјади домаќинства добиваат торби за домашна селекција на отпад од пакување. Машините за рециклирање и торбите за примарна селекција на отпад од пакување за домашна употреба ги презентиравме денеска во рамките на проектот „Clean Air – нула […]

КИНСИВ ќе отвори истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје


Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) најави дека ќе отвори истрага во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје на 7. месецов во кој е избегнат судир на два цивилни авиона. Претседателот на КИНСИВ Зоран Илиевски за МИА изјави дека веднаш се вклучиле бидејќи станува збор за сериозен инцидент. -В […]

Во Прилеп 29 повратници од странство добија сертификати за оформено основно образование


Во Прилеп денеска им беа врачени 29 сертификати на возрасни кои го дооформија основното образование преку проектот на УНДП, процес што се одвиваше во ОУ „Добре Јованоски“. Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, Македонија не може да се пофали со висока бројка или целосна инклузија на сите луѓе во образовниот систем. Овој проект, […]

Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци


Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци. Како што појасни Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа, се работи за елементарна непогода од градобијни зрна, што направиле штети врз земјоделските култури од осумдесетина проценти во два наврата на кавадаречка територија.  – Општина Кавадарци објави јавен […]