Парк на пчелата ќе биде изграден во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје


Во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје ќе биде изграден првиот Парк на пчелата во земјава. Овој парк ќе биде од едукативно-информативен карактер каде студентите, учениците и јавноста ќе имаат можност да се запознаат со значењето, биологијата, технологијата на одгледување, медоносните растенија и производите на медоносните пчели. Воедно паркот ќе претставува …

Парк на пчелата ќе биде изграден во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје Read More »

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија


Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес …

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија Read More »

Учениците од понеделник првпат на пролетен распуст – учебната година како да подзаврши


Уште два дена на училиште за учениците, потоа следи пролетниот распуст кој од годинава се воведува за прв пат.  Основците и средношколците ќе имаат пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај.  Како што соопшти МОН, 7 мај, ќе биде работен за сите училишта, додека 8 мај, денот кога ќе се одржува …

Учениците од понеделник првпат на пролетен распуст – учебната година како да подзаврши Read More »

Врховен определи куќен притвор за таткото на Вања


Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост. – Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе …

Врховен определи куќен притвор за таткото на Вања Read More »

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“. Ова, како што информираат од ССМ, е …

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“ Read More »

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето


Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време.  Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини …

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето Read More »

Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор


Врховниот суд денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на …

Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор Read More »

Повеќе скопски општини без струја


Без струја денеска од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот денеска без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел …

Повеќе скопски општини без струја Read More »

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено …

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози Read More »

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде предадена донација од 76 моторни возила од Кралството Норвешка.  – Седумдесет и шесте моторни возила, од кои триесет и шест се лесни пешадиски моторни возила од типот Мерцедес бенз- 290ГД, Мулти 2 и четириесет товарни моторни возила камиони Сканија-П3, се последен од досегашните многубројни проекти на континуирано …

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Македонија Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 25 април 2024 година, 116-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 250 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минута, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Тошковски потврди: Ова беа демократски избори, ќе има само две кривични пријави


Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денот на кој се гласаше за прв круг претседателски избори го прогласи за мирен и со незначителни нерегуларности. „Со задоволство сакам да истакнам дека денешниот изборен ден помина во демократска атмосфера како резултат на добрата соработка на полицијата, Државната изборна комисија и другите чинители, поради што денот помина …

Тошковски потврди: Ова беа демократски избори, ќе има само две кривични пријави Read More »

Јавното обвинителство не добило кривична пријава за нарушување на изборниот процес


Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираат од оваа институција. „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република …

Јавното обвинителство не добило кривична пријава за нарушување на изборниот процес Read More »

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас …

Затворени гласачките места Read More »

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба …

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче Read More »

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право


 До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места.  -Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.  Гласале 614 илјади граѓани. Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти …

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право Read More »