УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“


  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите …

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил


Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, …

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил Read More »

Празнични неработни денови – почна распустот за сите


Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека: 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. 06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден …

Празнични неработни денови – почна распустот за сите Read More »

Пожар зад Универзална сала (видео)


Пожар избувна предмалку во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала. На терен се две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош. Засега не е познато дали има повредени.  Во тек е интервенција на екипите, а повеќе детали очекуваме наскоро. Пожар зад Универзална сала pic.twitter.com/zx0ffS9O5O — Oliver …

Пожар зад Универзална сала (видео) Read More »

До крајот на годината ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“ со пари од државниот Буџет


Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“. „Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните …

До крајот на годината ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“ со пари од државниот Буџет Read More »

И Општина Центар со видео-надзор ќе ја штити урбаната опрема – не кршете ги клупите!


Советот на Општина Центар на 35. Седница на советот го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во општина Центар да се постави видео надзор. Станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно Заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски …

И Општина Центар со видео-надзор ќе ја штити урбаната опрема – не кршете ги клупите! Read More »

Ноќеска од пукнато парно се поплавила Токсикологија – Клиниката не е осигурана од штети


Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории на третиот кат, но водата се слевала и надолу, се до подрумот, пишува „Слободен печат“, а информацијата им е потврдена од три извори. Токму на ваква хаварија предупредија вработени од Клиниката …

Ноќеска од пукнато парно се поплавила Токсикологија – Клиниката не е осигурана од штети Read More »

Европска недела на имунизација во Градски парк со „Биби и Боби“


Во сабота, во 11.30 часот, во Градски парк (кај Школка) се одбележува  Европската недела на имунизација. Под мотото „Заштитуваме генерации“, организиран е настан со омилените детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава во Градскиот парк Скопје, на отворената сцена „Школка“. Настанот е организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација и …

Европска недела на имунизација во Градски парк со „Биби и Боби“ Read More »

Во сообраќајка кај Новоселани загина 20 годишно момче од Браилово


Во четвртокот, во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа при што загинало едно лице. Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-Прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од …

Во сообраќајка кај Новоселани загина 20 годишно момче од Браилово Read More »

Поскапе осигурувањето на возилата при регистрација


Осигурителните компании зголемија цените на полисата за автоодговорност за 15,4 отсто. Така, наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. Досега 6.166 денари чинеше полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените …

Поскапе осигурувањето на возилата при регистрација Read More »

Прослава на животот на Горан Стефановски во Дебар Маало


Оваа сабота, точно напладне, Општина Центар ги поканува граѓаните на прославата на животот на Горан Стефановски, по повод денот на неговото раѓање. Настанот ќе се одржи пред муралот нацртан од уметниците Драш и Мачка, на улицата „Живко Чинго“ (спроти слаткарницата „Зафир“) во неговото родно Дебар Маало. – Го прославуваме роденденот на нашиот најпознат центарец, Горан …

Прослава на животот на Горан Стефановски во Дебар Маало Read More »

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран


Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 …

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран Read More »

Без струја дел од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец. Во периодот од 09:00 …

Без струја дел од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај Read More »

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност


Времето денеска претпладне ќе биде претежно ведро и наместа постудено. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а …

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 26 април 2024 година, 117-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 249 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минута, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Парк на пчелата ќе биде изграден во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје


Во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје ќе биде изграден првиот Парк на пчелата во земјава. Овој парк ќе биде од едукативно-информативен карактер каде студентите, учениците и јавноста ќе имаат можност да се запознаат со значењето, биологијата, технологијата на одгледување, медоносните растенија и производите на медоносните пчели. Воедно паркот ќе претставува …

Парк на пчелата ќе биде изграден во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје Read More »

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија


Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес …

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија Read More »

Учениците од понеделник првпат на пролетен распуст – учебната година како да подзаврши


Уште два дена на училиште за учениците, потоа следи пролетниот распуст кој од годинава се воведува за прв пат.  Основците и средношколците ќе имаат пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај.  Како што соопшти МОН, 7 мај, ќе биде работен за сите училишта, додека 8 мај, денот кога ќе се одржува …

Учениците од понеделник првпат на пролетен распуст – учебната година како да подзаврши Read More »