Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце


Мурал со ликот на  Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.  Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на …

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце Read More »

Сончево и релативно топло


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност …

Сончево и релативно топло Read More »

Степенот на имунизација бил подобар пред три децении, се зголемува бројот на вакцинирани


Во земјава се бележи зголемување на бројот на имунизирани деца, но тоа се уште е под препорачаниот праг од 95 проценти, беше истакнато на  одбележувањето на Европската недела на имунизација која се одбележа денеска во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заштитуваме генерации“.  Од Министерството за здравство посочуваат дека се преземени мерки и активности за …

Степенот на имунизација бил подобар пред три децении, се зголемува бројот на вакцинирани Read More »

Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски


„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод роденденот …

Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски Read More »

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев


Со откривање на спомен биста на патронот во ОУ „Никола Карев“, во Кочани почна одбележувањето на 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република. На свеченоста на која присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, беше нагласено дека по три децении од преименувањето, училиштето добива соодветно спомен обележје …

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев Read More »

Следува период на релативно топло време


До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје сончево со …

Следува период на релативно топло време Read More »

Промовирана новата генерација полициски службеници (видео)


 Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени.  Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на новите припадници на полицијата посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е …

Промовирана новата генерација полициски службеници (видео) Read More »

Полиграфите може да бидат „лек“ за корупцијата, но дали се имуни на партизација


Воведувањето на полиграфски тестови за службеници кои работат на високоризични работни места на граничната линија со цел превенирање од можна корупција е идеја предложена од владиниот Национален координативен центар за гранично управување за која допрва се очекува ставот од пошироката и стручната јавност. Досега се одржаа две јавни дебати на кои можеа да се забележат …

Полиграфите може да бидат „лек“ за корупцијата, но дали се имуни на партизација Read More »

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа


 Во Веро центар во Скопје денеска од 10 до 14 часот ќе се одржи хуманитарен настан наменет за лицата со церебрална парализа насловен „Хуман Велигден за сите“. Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се изработуваат и продаваат уникатни фигури направени од чоколадо, за најмладите ќе има детска велигденска работилница за креативни изработки, а …

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа Read More »

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи


Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период. Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје …

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи Read More »

Последна сесија од Климатското Собрание


Последната сесија од Климатското Собрание – завршната церемонија, ќе се одрижи денеска во Скопје со почеток во 12 часот, информира ЗИП Институт. На настанот ќе присуствува Христина Оџаклиеска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање. – Финалната сесија ќе биде круцијален настан за ова граѓанско Собрание, на кој 65 граѓани на Скопје избрани по случаен …

Последна сесија од Климатското Собрание Read More »

Свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово


Свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година, ќе се одржи денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот. На промоцијата обраќања ќе имаат премиерот на техничката Влада Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и Сузе Трајковска, раководител …

Свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово Read More »

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје


Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација. На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат …

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје Read More »

Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во …

Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд Read More »

„Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на „Цртај на македонски“


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја, соопшти Министерство за култура. − „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира …

„Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на „Цртај на македонски“ Read More »

Сто години борба на ИЈЗ со закани како Ковид-19 и дезинформации околу вакцини


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години – Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, 1924-2024 година – чувар на јавното здравје“. Директорот, …

Сто години борба на ИЈЗ со закани како Ковид-19 и дезинформации околу вакцини Read More »

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Северна Македонија и Албанија


Преземајќи значаен чекор за целите за пристапување кон Европската унија, Северна Македонија и Албанија денеска заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.   Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, Програмата финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со …

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Северна Македонија и Албанија Read More »

На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ


Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа. Тој истакна дека …

На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ Read More »

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“


  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите …

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил


Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, …

Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил Read More »