МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба …

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче Read More »

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право


 До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места.  -Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.  Гласале 614 илјади граѓани. Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти …

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право Read More »

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто


  Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019,  рече на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Во скопските општини излезноста е околу 32 отсто. Слична …

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто Read More »

Во Скопје најголема излезност во Карпош, Чаирчани се „разбудија“ и пак се на дното


Најголема излезност до 13 часот во Скопје има во општина Карпош каде правото на глас го искористиле 34,63% од гласачите. Споредбата на излезноста со минатите претседателски избори во 2019 година покажува дека пораст на излезноста има во сите скопски општини. Најголем раст има во Чаир каде што таму во 2019 година на гласање до 13 …

Во Скопје најголема излезност во Карпош, Чаирчани се „разбудија“ и пак се на дното Read More »

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче


Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Бајрами: Изборите без поголеми нерегуларности, се проверува поткуп со бесплатно инсталирање водомери


Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето. Како што информира Бајрами, денеска во ОЈО Радовиш е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден …

Бајрами: Изборите без поголеми нерегуларности, се проверува поткуп со бесплатно инсталирање водомери Read More »

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми


Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Според него, од отворањето на гласачките места досега се регистрирани две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Исто така, …

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми Read More »

Одбележана годишнината од погибијата на охридскиот војвода Христо Узунов


Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети. Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското …

Одбележана годишнината од погибијата на охридскиот војвода Христо Узунов Read More »

Повеќе скопски села и населби утре без струја


Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците …

Повеќе скопски села и населби утре без струја Read More »

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре


 По посета на две избирачки места претпладнево,  претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.  – Досега посетив само две избирачки места …

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре Read More »

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи


Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа – 29 литри на квадратен метар. Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во  Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово …

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи Read More »

ДИК: До 9 часот излезноста 3,85 отсто, гласањето мирно, без неправилности


  До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е  3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно, без неправилности, соопшти утрово претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Како што рече Даштевски на првата прес-конференција, излезноста е пресметана од податоците пристигнати од 832 избирачки места, каде до 9 часот гласале 15.487 гласачи. Според него, …

ДИК: До 9 часот излезноста 3,85 отсто, гласањето мирно, без неправилности Read More »

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес


Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што …

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес Read More »

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“


Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување на вежбата „Swift Response 24”, што е во рамки на кампањата на вежби „DEFENDER 24“ кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата на Република Северна Македонија. Делот …

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“ Read More »

Лични документи можат да се подигнат и денеска


 Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до …

Лични документи можат да се подигнат и денеска Read More »

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од …

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 24 април 2024 година, 115-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 251 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минута, а ќе зајде во 19 часот и 25 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор


 Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања. –  Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на …

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор Read More »

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови


Министерството за образование и наука  информира дека наставата од деновите на гласањето за изборите, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември 2023 за учениците од Скопје, кога беше организиран Самитот на ОБСЕ, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови. МОН во допис до медиумите попладнево соопшти дека учебната година нема …

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови Read More »