Почнаа Деновите на модата во Штип


Со три модни ревии синоќа почнаа Деновите на модата во Штип. Во една од празните фабрички хали на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ се реинкарнираше модната индустрија во градот, во кој се сконцентрирани најголем дел од конфекциите во земјава, кои имаат, пред се, лон производство. Но, во изминатите години неколку штипски компании почнаа да создаваат свои […]

Конференција „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”


Конференција на тема: „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт Скопје. Најавено е учество на преставници на ССМ, Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ, Министерството за економија и труд, Министерството за јавна администрација, […]

Без вода дел од корисниците од ул. „Орце Николов“ и дел од корисниците од населба Трнодол


Без вода денеска ќе останат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“ и дел од корисниците од населба Трнодол. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради дефект на огрлица од ф 80мм на ул. „Кнез Хадсон“ бр 2 . без вода ќе останат корисниците од населба Трнодол, а водоснабдувањето ке биде прекинато од […]

Пензионерите денеска ќе добијат зголемување од 2.500 денари


Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците […]

Прв академски час на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе се одржат првите академски часови за 2024/2025 година. Овој настан, како резултат на соработка помеѓу УКИМ и УСС, го означува почетокот на новата академска година и ќе биде одбележан со утринска церемонија, како и со вечерен дел. Како […]

Утрото посвежо, преку денот сончево со умерена облачност


Времето денеска – утрото посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до […]

Послеб земјотрес вечерва во Берово


Земјотрес вечерва беше почувствуван во Беровскиот регион. Земјотресот е  со јачина од 3,3 степени според Рихтер, а епицентарот според ЕМСЦ бил на 13 км од Берово. Потресот се случи во 21.28 часот, а бил на длабочина од 12 километри. Според сведоштавата на ЕМСЦ страницата, земјотресот кусо траел и не бил сиен. Има сведоштва и дека […]

Од 1 до 30 октомври ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија


Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври. -Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски  години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, […]

Утре без вода населбата Трнодол


Без вода утре од 9:00  часот ќе бидат корисниците од населбата Трнодол. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица од ф 80мм на улица „Кнез Хадсон“ бр: 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. 

Јанчев: Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово


Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово, зимската сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.  – Од денеска започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово, и истиот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза […]

НАТО распоредува дополнителни 200 војници во Косово и Македонија


Од денеска до 16 октомври, НАТО ќе распореди околу 200 припадници на новоформираните сојузнички сили за одговор (АРФ) на Западен Балкан, со цел да започнат со обука и да бидат подготвени да им помогнат на членовите на КФОР. КФОР објави дека ова е првпат да се распоредат припадници на АРФ по формирањето на таа формација […]

Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво


 Био компостара е поставена во дворот на средното општинско училиште ,,Киро Спанџов – Брко”, органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво за потребите на градот. Машината ја произведе фирмата Спектар 21 од Кавадарци под менторство на професор др Димитрија Ангелков од ова училиште и машински инженер Витомир Ѓорѓиев, сопственик на компанијата.   – Со  проектот […]

Се прекинуваат огласите за работа со наведена етничка припадност


Министерството за јавна администрација им даде насоки на институциите како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“, која се користеше за правична застапеност на малцинствата при вработувањата во државните и локалните институции. Упатството уследи откако Уставниот суд пред две недели одлучи да поведе постапка за оценување на […]

Костов: Поради стресот кардиоваскуларни заболувања има и кај млади лица


 Се намалува возраста на лица со срцеви заболувања, неопходно е да се дејствува превентивно и врз работи на кои може да се влијае. Ова меѓу другото го истакна денеска Јорго Костов од Македонското здружение по кардиологија на одбележувањето на Денот на срцето, одговарајќи на новинарски прашања.  – За жал, возраста се намалува. Тоа е фактички […]

Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица


 АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денеска ги започнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица, информираат од АД ЕСМ. Оттаму посочуваат дека поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона. […]

МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан


До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа […]

Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во акцијата


 Општина Аеродром и Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром  спроведоа акција за бесплатно собирање кабаст отпад, при што од локација собрани се околу 70 тони отпад. Акцијата почна кон крајот на јули и наиде на голем интерес кај аеродромци. Големи контејнери во текот на август и септември беа поставувани на различни локации низ […]

РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, да се проверат инсталациите и да се подмират сметките


 Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот. Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со […]

Левица критикува: Најниската плата во образованието пониска од минималната во земјата


Партијата Левица го критикува договорот меѓу Владата и СОНК со кој висината на најниската плата во образованието ќе биде помала и од минималнатра плата во земјата.   -„ По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со ресорната Министерка за образование, Весна Јаневска, двајцата ставија потпис на „историски“ документ: спогодба за платите во […]

Конкурс за учениците од основните и средните школи по повод Светскиот ден на штедењето


Народната банка (НБ) и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред, по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, го објавија Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на  Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент […]