Да се зајакнат процедурите за доделување на интегрираните еколошки дозволи


Интегрираните еколошки дозволи се клучни за да се осигураме дека секоја индустрија ги почитува стандардите и го намалува загадувањето. Треба да ги зајакнеме процедурите за нивно доделување, за да обезбедиме поголема заштита на животната средина, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, отворајќи ја Работилницата за животна средина […]

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ


 Во 2022 година на последниот состанок во Тирана постигнавме клучни чекори, меѓу кои е и нашата плодна соработка околу програмата „Еразмус плус“, како и стратегиите за паметна специјализација. Заеднички ги обединивме сите напори за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, култура, млади и спорт, и заедно обезбедуваме младите генерации да можат да […]

Груевски куртули за „мерцедесот“, затворот му застаре


  Заврши периодот во кој Никола Груевски ќе одеше во затвор за издржување на казната од две години за набавката на службениот „мерцедес“ во случајот познат како „Тенк“. Тој беше правосилно осуден на 4 октомври 2018 година и по шест години му застарува одлежувањето на казната. Според законот, „застареноста на извршувањето на казната настапува во […]

Сообраќајниот тунел над Битола без светлосна сигнализација


Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација, и е небезбеден. Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ […]

Утрово пронајдена 72-годишна почината планинарка на Шар Планина


Планинарката по која од вчера се трагаше на Шар Планина, пронајдена е утрово почината, соопштија од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера бил примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што […]

Промовирана новата туристичка понуда „Патеката на Дионис“ – се одбележа Светскиот ден на туризмот во Галичник


По повод Светскиот ден на туризмот, денеска во Галичник се одржа работилница за одржлив туризам и влијанието врз локалниот економски развој. Со претставници од општини, единици за локален економски развој, даватели на туристички услуги, локални тур-оператори и бизниси се разговараше за партнерство помеѓу клучните чинители за развој на одржлива туристичка понуда и потребата од соработка […]

Поради дефект без вода дел од Визбегово


Поради дефект на приклучна цевка од 3/4 на ул „1“ Визбегово бр. 10 без вода ќе останат корисниците на дел од ул. „Визбегово“ и дел од ул. „Индира Ганди“ крак 31. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 до завршување на интервенцијата.

Десетти хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Околу два милиони денари за организацијата СОС детско село


Наменски дизајнираните маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои – симболизираше пропусница за пикникот, преку која семејството алкалоидовци и пријателите до денес донираа околу 2 милиони денари. „Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10-тиот по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемиските ограничувања. Хуманитарниот […]

Хари Мата Хари во сабота ќе пее на плоштадот во Автокоманда


Кон крајот на оваа работна недела, поточно во петок и сабота, голема забава во скопска Гази Баба. Музички имиња од земјава и Балканот ќе ги забавуваат присутните во рамки на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“!  – Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4 и 5 октомври на плоштадот […]

Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени


Во Лаарополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула степени, соопшти УХМР. Во Скопје е 12 сетпени, а најтопло е во Гевгелија со 15 сетепени. Во изминатото деноноќие најмногу дож наврнал во Прилеп 21 литар на метар квадратен. Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе […]

Во тек огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда во Велес


Во Велес во тек е огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда. Деца без родители или родителска грижа коишто имаат наполнето 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства како и деца без родители, како и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно […]

Национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје по повод Светскиот ден на срцето


Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат  Светскиот ден на срцето со активност за  потпишување на национална петиција  за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професоналната заедница и јавноста.  Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата […]

Постудено време со мала облачност и силен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје сончево со […]

Изградбата на Универзална сала засега е стопирана, се прават анализи за владението


  Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите […]

Козле вечерва без вода – скината е цевка


Поради скината цевка Ф-5/4мм од странка/ фирма на ул. „Козле 2“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Козле“ крак 2, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до санирање на дефектот. 

Светски ден на борба против беснило – АХВ апелира домашните миленици редовно и навремено да се вакцинираат


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември – Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат. -Годинашното мото нагласува дека концептот „Едно здравје“ се однесува на секого од нас и […]

Промена на времето со значителен пад на дневната температура


Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето. -Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе […]

Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники


 Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата […]

Резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентските домови


Министерството за образование и наука објави  резултати од Конкурсот за сместување студенти запишани на прва година додипломски студии во студентските домови во академската 2024/2025 година. -Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите, се наведува во објавата на […]

ФЗО да ги покрие трошоците за контрацептивните методи за да нема абортуси


Абортусот е легален во нашата држава, но трошоците се високи и не се покриени државното здравствено осигурување и затоа се уште има случаи на нелегален абортус, истакна програмската раководителка на програмата за сексуална и репродуктивна грижа во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Ева Спасовска.  По повод Меѓународниот ден за пристап до безбеден […]