Септември просечно топол, со просечни количества врнежи


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата. Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 […]

Татко во осум години си го видел детето само два месеци – кривични за вработени во Центри за социјална работа


Здружението „Наши“ денеска поднесе пет кривични пријави до Основното јавно обвинителство, против над 20 вработени во Центри за социјални работи ширум земјава, поради неправилно издавање на решенија за доверителство на деца по развод на родителите.  На прес-конференција пред Јавното обвинителство, Сашо Панковски од Здружението „Наши“ вели сите кривични пријави се однесуваат на лица вработени во […]

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ најдено стафилококус ауреус и ентеротоксин


Од мострите храна земени од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин, информираше попладнево директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. – На 27 септември, ИЈЗ доби телефонска дојава од страна на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), за постоење сомнеж за труење во основното училиште „Ѓорѓија […]

Кумановските средни училишта формираа паралелки со помалку од 25 ученика


 Кумановските средни училишта формираа паралелки со по 25 ученика, информираа денеска надлежните од секторот за образование. Гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“ годинава запишаа ученици за по една паралелка помалку, додека во средните стручни училишта се запишаа помалку ученици во профили од трет степен. – Согласно законот, по претходно позитивно мислење од Министерството за образование […]

„Со еден збор – ништо“: ССМ и работодавачите за стоте дена на владата


  Не само што нема зголемување на минималната плата, туку нема ни заеднички средби меѓу синдикатот и владата на кои ќе се разговара за подобрување на статусот на работниците во првите сто дена. Незадоволни се и работодавачите. Тие очекувале многу од новата влада, а добиле ништо. „Во првите 100 дена од Владата требаше да седнеме […]

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона


Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија. Во тој контекст, ЕСМ денеска преку соопштение ги повика корисници да ги завршат сите потребни проверки и поправки […]

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците


Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. -Деталите […]

Андоновски: Целта е до 2030 година 80 отсто од возрасните да се дигитално писмени


 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имал поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија. Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакнал важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и […]

УКИМ ги пречека бруцошите на Првиот академски час: Oбразованието не е само учење, туку животно патување кое не завршува


Образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) бил и ќе остане средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла. Сега стоите на […]

Герасимовски: Временски е невозможно општините да реализираат 100 милиони евра инфраструктурни проекти до крајот на годината


„100 милиони евра може се планирани ама тие со сигурност нема да бидат реализирани до крајот на годината“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување во Телевизија 24. Тој во емисијата 24 анализа зборуваше за 100те милиони евра финансиска помош од министерството за локална самоуправа за реализација на инфраструктурни проекти до крајот […]

Објавени се конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври


 Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.  Како што посочуваат од МОН, станува збор за вкупно девет различни категории на стипендии, а условите за стекнување […]

Филков: Во наредните 15 дена  Фемида системот  за аудио и видео снимање на судските расправи ќе се применува насекаде


Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во Управниот суд посочи дека воведувањето на тонското  и видео  снимање започнало уште во 2010 година, со Законот за парнична постапка и Законот за кривичната постапка. „Денес, по изминат период од повеќе од 10 години, за жал може да констатираме дека судовите само делумно го користеле тонското […]

Од четврток дожд, грмежи и ветер


Во среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд, соопшти УХМР. Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи […]

Поставен магистралниот водовод под булеварот „Хрватска“


Град Скопје заврши со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар „Хрватска“, капитален инфраструктурен проект кој опфаќа и нова водоводна мрежа како дел од програмата за работа на градот. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина […]

Агенциите за привремени вработувања го празнат буџетот за плати во јавите претпријатија во Битола


БИТОЛА – Неиспочитувани правни процедури или политички инает ги кочат вработувањата во јавните претпријатија во Битола, па наместо директно вработување, нововработените се ангажираат преку Aгенции за привремени вработувања. Ваквиот начин на вработувања одлева дел од буџетот за плати од јавните претпријатија на конто на агенциите за привремени вработувања во државата. Вработувањата тешко поминуваат во Советот на […]

УКИМ најголем губитник на студенти – дури 5.000 помалку од пред 10 години


За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или […]

Скопје в сабота ќе пулсира во ритамот на културата – ќе се одржи јубилејната „Бела ноќ“


„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота (05.10.2024) на неколку локации низ Скопје, настанот  претставува симбол на културно-уметничкиот живот на скопјани, и со низа активности секоја година ја збогатува понудата на културно-уметнички настани во Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, […]

„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители


Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, продолжува со повеќе различни активности. Меѓу нив е и одржување низа работилници преку кои и родителите ќе се здобијат со знаења и ќе споделат искуства во врска со проблемот со булингот. Овие едукативни средби ќе се одржат во општините што се приклучија на кампањата, ќе […]

Лашкоска: Образованието и науката се исклучително важни во справувањето со загадувањето на воздухот


Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори панелот на тема „Квалитет на воздухот во градовите на Западен Балкан: извори, влијание на здравјето и трошоци, што вчера вечер се одржа во рамки на Министерската конференција за образование и обука, истражување и иновации и култура за Западен Балкан 2024. Нагласувајќи дека квалитетот […]

Неколку делa од Скопје денеска се без струја


Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од улиците број 10, 40, 42, 44 и 46 во населба Кисела Јабука. ( општина Ѓорче Петров ) – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Јуриј Гагарин бр.17.( општина Карпош […]