ДКСК отвориле предмет за проверка на имотот на Бесија Иљази


Во пишаниот одговор од Антикорупција пратен до МИА се потенцира дека причината поради која ДКСК отвора предмет, е во тоа што таа поднела два анкетни листови во кои го навела својот имот – едниот додека била советник во Општина Тетово, а другиот откако станала економска директорка на Клиниката за токсикологија. -Лицето Бесија Иљази на ден …

ДКСК отвориле предмет за проверка на имотот на Бесија Иљази Read More »

Алпинистот Здравко Дејановиќ имал здравствени проблеми при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите


Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ кој при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите имал проблеми од здравствена природа, е надвор од животна опасност, објави попладнево на Фејсбук, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ). – Во врска со искачувањето на врвот Лотце од страна на Здравко Дејановиќ, ве известуваме дека на барање на неговото семејство, досега …

Алпинистот Здравко Дејановиќ имал здравствени проблеми при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите Read More »

Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес


Попладнево околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа на едно возило на автопатот од Велес кон Гевгелија кај крстосницата Башино Село, над Велес, потврди за МИА портпаролот на велешката полиција Билјана Ѓаковска. Полициски екипи извршија увид, поради што сообраќајот на автопатот од наплатната станица Сопот кон Гевгелија беше пранасочен на регионалниот пат над Велес. Како …

Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес Read More »

Како да се заштитите од инсекти – совети од ИЈЗ


 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) дава практични совети за заштита на населението од инсекти. Иако препораките се наменети за општата популација, значаен дел од истите, во склоп на ингеренциите, како што истакнуваат од Институтот, треба да бидат реализирани и од надлежните институции за комунална хигиена во општините или во Град Скопје. – Правилно отстранете го …

Како да се заштитите од инсекти – совети од ИЈЗ Read More »

Кривичен ја одби како неоснована жалбата и го потврди притворот на Наке Георгиев


Кривичниот совет од Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби како неоснована жалбата и го потврди решението за определување 30 дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев. Судот постапувал по жалба на одбраната на осомничениот Георгиев против решение на судија на претходна постапка од 21 мај годинава. – …

Кривичен ја одби како неоснована жалбата и го потврди притворот на Наке Георгиев Read More »

Кочани ги смени уличните светилки со ЛЕД и заштеди 23 милиони денари


Позитивна разлика од над 23 милиони денари остварила Општина Кочани во текот на мината година од приходите во однос на трошоците за јавното осветлување во градот и населените места. Во текот на 2023 година од физичките и правните лица врз основа на комуналниот надоместок за јавно осветлување биле наплатени нешто повеќе од 34,4 милиони денари. …

Кочани ги смени уличните светилки со ЛЕД и заштеди 23 милиони денари Read More »

Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“


Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска свечено ја отвори Лабораторијата за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при УГД. Проректорот за инвестиции, развој и одржување при УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека ова е една од серијата лаборатории во рамките на Универзитетот и ќе има едукативна цел за студентите во рамките на сите циклуси …

Отворена Лабораторија за квантитативни истражувања во економски и организациони науки при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ Read More »

ДКСК бара одговорност за директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители


Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик. Надлежните институции имаат рок од 60 дена да …

ДКСК бара одговорност за директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители Read More »

За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме


Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, …

За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме Read More »

Мијалков излезе од затвор 11 месеци порано


Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК од денеска е слободен човек. Затворот во Струга брои еден затвореник помалку, а со тоа заврши и неговата кариера како возач на комбе за потребите на казнено поправната установа. Продолжениот празничен викенд Мијалков ќе може да го помине надвор од границите од земјава, а ќе може да оди и …

Мијалков излезе од затвор 11 месеци порано Read More »

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од …

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред Read More »

Планинарски клуб Љуботен од Тетово в недела го организира 42-то искачување на Титов врв


 Викендов ќе се одржи дводневната манифестација по повод традиционалното мајско искачување на Титов врв што секоја година го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Во недела 26 мај е искачувањето до највисоката точка на Шар Планина на 2747 метри надморска височина додека ден претходно ќе се одржат пригодни активности. – Во недела од 06:30 часот …

Планинарски клуб Љуботен од Тетово в недела го организира 42-то искачување на Титов врв Read More »

ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар доби нова сензорна соба и кабинет за информатика


Инвестициите во образованието се еден од најважните столбови во градењето на иднината на заедницата. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска официјално ги пуштија во употреба новата сензорна соба и кабинетот за информатика наменет за учениците од основното училиште „Александар Македонски“. Градоначалникот Муцунски на својата …

ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар доби нова сензорна соба и кабинет за информатика Read More »

Иџет Мемети ќе треба да се јавува во суд – одземен му е пасошот


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му определи мерки на претпазливост на И. М., второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание за што веќе информираа од ОЈО. „По денешното произнесување на осомничениот во присуство на …

Иџет Мемети ќе треба да се јавува во суд – одземен му е пасошот Read More »

Паркот на франкофонија добива паметно осветлување


Во Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилки како дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Овие светилки не само што носат различен и декоративен дизајн, туку и се предвесници на технолошки напредок. Ќе бидат поставени во паркови, шеталишта, основни училишта, градинки и на други клучни локации. Вкупно 715 парчиња …

Паркот на франкофонија добива паметно осветлување Read More »

Во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“


  На 28 мај, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.    За посетителите кои се заинтересирани да …

Во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ Read More »

Куманово има техничка вода, Центарот за јавно здравје ќе потврди кога ќе биде за пиење


Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното …

Куманово има техничка вода, Центарот за јавно здравје ќе потврди кога ќе биде за пиење Read More »

Сончево со умерена облачност, температурата до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната од …

Сончево со умерена облачност, температурата до 28 степени Read More »

ЦУК: 1.477 повици на 112 во последното деноноќие, поплавувања и штети од пороен дожд и град


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.477 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, а граѓаните барале помош заради поплавувања и штети од пороен дожд, град, како и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата. Регионалниот ЦУК …

ЦУК: 1.477 повици на 112 во последното деноноќие, поплавувања и штети од пороен дожд и град Read More »

Без струја Волково и делови од Аеродром и Кисела Вода


Корисниците од улиците „100“, „101“, „102“ и „103“ во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров утре од 9 до 10 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода, а од …

Без струја Волково и делови од Аеродром и Кисела Вода Read More »