Се гасат подметнати пожари на депонијата во Визбегово


Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација синоќа неколку часа ги гаснеа подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации, соопшти прес службата на […]

Презентација на резултатите за квалитетот на внатрешниот воздух во училишта и градинки


Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ што го спроведува УНДП, денеска ќе бидат презентирани резултатите за квалитетот на внатрешниот воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Настанот ќе го отворат амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Резултатите од истражувањето ќе ги презентира ректорот на […]

Променливо облачно со повремен слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до […]

Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново


 Пуштено е на домашно лекување, 20-годишното момче кое беше тешко повредено при пукање во Арачиново на 1 ноември. Тогаш беше убиен 56-годишниот татко на момчето. – Во врска со вториот пациент, примен на 1 ноември во Ургентниот центар со прострелни рани, информираме дека пациентот е во добра општа здравствена состојба и пуштен на домашно лекување, […]

ЕУ за медиумската сфера: Остана „ограничен напредок“, исчезна „поволниот општествен контекст“


Северна Македонија е помеѓу одредено ниво на подготовка и умерено ниво на подготовка за слободата на изразување и има ограничен напредок во оваа област. Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги беше изменет во јули 2023 година за да се усогласи со Директивата за медиуми (на ЕУ-н.з.). Законот повторно беше изменет во февруари 2024 година за повторно […]

Таравари: Годинава морталитетот на Детската клиника – Скопје е помал од минатите години


 Министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вели дека морталитетот на Клиниката за детски болести – Скопје годинава е многу помал во споредба со претходните години. -За жал, се злоупотребуваат сите случувања. На клиниките, за жал, се случуваат смртни случаи. Директорот ни испрати и статистики од другите години и сега, колку […]

Поради дефект без вода делови од Скопје


Поради дефект на два затварачи (шибер) во шахта Ф100мм на улица „Кочо Битољану“, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците оваа улица број „518“ и „519“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување на работните активности. Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица […]

Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот


Скопје утрово се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 153. На листата на IQAir , Скопје е рангиран како шестти најзагаден град во светот по Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан. Министерот […]

Скопската Зоолошка градина  повторно e отворена


Зоолошката градина во Скопје од вчера е повторно отворена за посетители, откако пред три недели Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврди случај на птичји грип кај угината гуска во градината, а установата беше затворена на 21 ден. „Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на Град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители […]

Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени


 Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 3 степени Целзиусови во Велес и Виница. УХМР информира дека -5 степени Целзиусови се измерени во Битола, -3 во Струмица, -2 во Демир Капија и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Штип, 0 во Прилеп и Попова Шапка, 1 во […]

Подолгото отсуство на врнежи во овој период од годината негативно за земјоделските култури


 Изминатите денови во земјава беше претежно сончево со постудени утра. По одделни котлини имаше појава на утринска магла или ниска облачност. Овие временските услови, со подолго отсуство на врнежи, резултира со намалување на влагата во почвата што може да влијае негативно кај сите земјоделски култури, велат агрометеоролозите. Според нив, секоја култура во различни фази од […]

Променливо облачно и постудено, до 14 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната од 9 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 10 ноември 2024 година, 315-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 51 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 16 часот и 17 минути. Денов трае 9 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Хидросистемот „Ѓавато“ за напојување на Дојранско Езеро пак работи


  Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, и пратеникот Миле Цеков, по тригодишен застој, денеска го пуштија повторно во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата […]

Првиот рендген апарат бил донесен во Битола пред 116 години


  БИТОЛА – Првиот рендген апарат бил донесен во Битола пред 116 години, за време на Османлиите и бил меѓу првите апарати во Европа, во услови кога немало сериско производство. Битолската клиничка болница и сега како ретко која здравствена установа во државата може да се гордее со службата за Радиологија и во делот на апаратите […]

Има уште 400 ваучери за инвертер клими


  Доделени се најголем дел од ваучерите за инвертер клими. Од вкупно 6.180 ваучери, останати се околу 400. Нив граѓаните ќе можат да ги подигнат од понеделник до крајот на ноември, во просториите на Министерството за енергетика кое се наоѓа спроти Музејот на Град Скопје, односно стара железничка. Ваучерите ќе може да се искористат за […]

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ


Владата е силно посветена на спроведување на реформите што се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и за подигнување на стандардот на граѓаните, порача денеска во Брисел министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средби со претставници од Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија […]

ИЈЗ отвори Центар за откажување од пушење цигари


Во Институтот за jавно здравје од неодамна започна да функционира Центар за советување за откажување од пушење, информираат оттаму. „Имаме телефонска линија за советување, преку која целта е да г поддржи граѓаните во пеоцесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Линијата ќе биде достапна секој понеделник […]

ДКСК ги оспори именувањата во Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оцени дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители постапиле незаконски со одлуката за номинирање на два члена од своите редови за членови на Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Образложувајќи го предметот, кој Антикорупциска го отвори по сопствена иницијатива, членот на ДКСК, […]

Вработувања без балансер од декември


Навалица за вработување нови административци се очекува веќе на почетокот од декември за кога Агенцијата за администрација најавува дека ќе заврши надградбата на софтверот за конкурсите за работа, со цел да бидат објавени без графата за етничка припадност. И министерот за јавна администрација Горан Минчев потврди дека на конкурсите за вработување во јавната администрација единствен […]