Таравари: Констатирани недостатоци при лекувањето на 14 месечното бебе


При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. Ова го подвлече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На прес-конференција, тој информираше за извршените стручни надзори, иницирани од Министерството, во врска […]

Јакимовски: Владата да си го плати заостанатиот долг за греење на основите училишта во Карпош


Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8.3 милиони денари, затоа што локалната самоуправа не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, општината издвои 6 милиони денари за оваа […]

Ќе ја изградиме Универзална на легален начин, повтори Љутков


 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешната прес- конференција, на која информираше за резултатите во областа на културата и туризмот во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, рече дека е задоволен од сработеното и дека изминатиот период бил полн со  предизвици, но и со значајни успеси. „Искрено, задоволен сум од сработеното досега и што […]

Зимно време најголемо загадување од дрвата за огрев, летно пак од сообраќајот


Истражувањето спроведено во пет градови од внатрешноста покажало дека во зимските месеци аерозагадувањето најмногу е предизвикано од согорувањето на дрва, кои се користат за огрев, а во летно време, од сообраќајот.  Ова истражување е дел од проектот справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата: Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци и Гостивар. Идентификувани се […]

Контролорот на наплатни рампи што не плаќа патарина – ќе добие отказ


Јавното претпријатие за државни патишта извести дека Миланчо Митревски на 28 јули годинава бил  назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола. „Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, […]

(Во живо) Резултати од загадувањето на воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга


Презентација на резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, на која ќе се обрати првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан.

Љутков: Договорот за преземање на Универзалната сала не содржи права и обврски


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е задоволен од сработеното во првите 100 дена од работата. Најавува нови проекти и иницијативи кои ќе ја унапредат културната понуда. Ветува дека Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин. На денешната […]

Според адвокатот на Палевски можно е тој воопшто да не е поврзан со убиствата


Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави денеска адвокатот Марјан Витановски, веднаш по завршувањето на судското рочиште на коешто сведочеа мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката и зетот на убиентот Панче Жежовски – Ана Киркова и Тодор Кирков. – Зорица Ѓорчевска во својот исказ […]

(ВИДЕО) Мајката на Вања сведочи дека Александар бил убеден дека таа е киднапирана


Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Мајката на Вања рече дека утрото нејзината ќерка излегла сама за в училиште, затоа што помалата ќерка почнувала дента од вториот час. За ова, таа не го известила […]

Гимназијалци од Берово во Италија ќе ги продлабочуваат знаењата за здрава исхрана


Вкупно 16 ученици од угостителско – туристичката струка од гимназијата Ацо Русковски од Берово денес заминаа на двонеделна обука во Умбрија, Италија. Во периодот од 14-ти до 28 октомври, како што информираа од учичиштето, беровските гимназијалци ќе бидат дел од реализацијата на Еразмус+ проектот „Здрава исхрана за здрава тежина”.  -Заради таа цел, претходно во просториите […]

Скопското Кале ќе биде активна туристичка атракција, најавува Љутков


Долгогодишното запуштање на еден од симболите на градот Скопје, Калето, го направи овој објект неатрактивен за посета, освен за оние кои се качуваат за од таму да ја видат панорамата на Скопје. Патеките едвај се гледаат од нараснатите треви, а друга урбана опрема речиси и да нема. Кантите за отпадоци се искршени, како и клупите […]

Утре почнува грејната сезона – училиштата во Карпош ќе останат со ладни радијатори за да заштедат!


Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење. Додека некои училишта и градинки се веќе спремни, Општина Карпош ќе го одложи стартот поради умерените температури. Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда. Од ЕСМ информираат дека на барање на […]

Зелени контејнери во училиштата, едукации и еко линија за е-отпад во Општина Центар


По повод Меѓународниот ден на електронскиот отпад, Општина Центар во соработка со „Нула Отпад“ успешно ја спроведе еко акцијата „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад“. Целта на акцијата беше подигнување на свеста за важноста на правилното управување со електронскиот отпад и заштита на животната средина, особено меѓу најмладите. Низ сите основни училишта […]

Искачување на Титов Врв само за жени – по повод месецот за борба против ракот на дојката


Планинарскиот клуб Х20 од Скопје заедно со повеќе клубови од државата во сабота 19 октомври ги повикува жените да се приклучат на женска планинарска акција и искачување на Титов врв на Шар Планина, а по повод месецот за борба против ракот на дојката. Ова е втора ваква акција на клубот која е предвидена само за […]

Лимани: Младите претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа


Младите претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа. Вклучително и младите кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан кои се со европски аспирации и географски припаѓаат на Европа. Токму овие прогресивни млади сили, нивните гласови, аспирации и предизвици мора да бидат поставени како приоритет во нашите политики, истакнал министерот за социјална политика, […]

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче


Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишов  и Александар Ѓорќевски се изјаснија за невини. Денеска треба да сведочи мајката на Вања, која побара јавноста да биде исклучена од овој случај, но судот тоа не […]

Потопло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 14 октомври 2024 година, 288-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 78 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минута, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути. Денов трае 11 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Уште еден посилен земјотрес регистриран вечерва кај Врање


Земјотрес со јачина од 3.9 степени по Рихтер вечерва ги затресе граѓaноте на Србија и Македонија. Епицентарот на земјотресот е на 9 километри од Врање и на 80 километри од Скопје, поточно на македонско-српско-косовската граница.

Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Карпош


Продолжуваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој ќе се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уредува и чисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита […]