(Во живо) Прес на портпаролката на Владата
Прес-конференција на портпаролката на Владата Марија Митева.
Прес-конференција на портпаролката на Владата Марија Митева.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција […]
Во спроведени вонредни контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство во игротеки било утврдено дека 16 од нив не ни биле регистрирани во АХВ, а додека пак кај 8, инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса. Вработените во 16 игротеки немале спроведено здравствени прегледи, […]
Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и […]
Посебен режим на сообраќај се воведува денеска во Скопје попладне од 15 до 17 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира […]
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и […]
Реконструкцијата на девет студентски домови (четири во Скопје) и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на услловите за едукација и престој за македонските студенти, како една од мерките во напорите младите луѓе да се задржат дома. Активностите за етапна реконструкција на студентските домови се во тек, а во моментот се реализираат во […]
Изјава за медиуми на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
На небото над Скопје граѓаните можеа да бидат сведоци на една појава што ретко се гледа. Имено, вчеравечер на ноќното небо и во Скопје можеше да се забележи комета со официјално име Ц/2023 A3 Цучиншан-Атлас, а она што е интересно за неа е што неодамна беше откриена. Нашиот фотограф Борис Грданоски го забележа нејзиното […]
Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. „Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. […]
Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат се вели во истражувањето на „Еуроњуз“. Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот […]
Без снабдување со електрична енергија денеска ќе бидат улици во неколку скопски населби. Како што соопшти РЦУК, поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 15.10.2024 година без струја ќе останат следните корисници: во период од 08.30ч до 11.00ч дел од ул. Методија Митевски објектите околу ОУ Исмаил Ќемали (Рајко Жинзифов), ОУ […]
Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до 15 април 2025 година, со можност за продолжување уште 15 дена во зависност од надворешните температури. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека за време на грејната сезона снабдувачот е должен да обезбеди греење […]
Времето денеска изутрина ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност […]
Денеска е вторник, 15 октомври 2024 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 77 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 47 минута, а ќе зајде во 17 часот и 52 минути. Денов трае 11 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]
Во Нова Градишка, Хрватска попладнево започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески. Четиринаесетте маратонци ќе трчаат низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија, сѐ до Крушево каде треба да стигнат напладне в среда, 16 октомври, на годишнината од смртта на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година […]
Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Со најмногу, односно шест гласови „за“ Управниот одбор на Академијата денеска донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски. Еден глас помалку, односно пет гласови при денешниот избор доби судијата Ненад […]
Ентероколити и овчи сипаници се двете најчести заразни заболувања евидентирани во септември, покажуваат податоците објавени во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во текот на месец септември до ИЈЗ, пристигнати биле пријави за вкупно 796 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства […]
Во период од една недела, во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирале 12 нови ковид случаи, информираат оттаму. По период на многу слаба активност, во летото 2024 година детектирана е зголемена активност на SARS-CoV-2 во рамките на европскиот континент, вклучително и во Македонија. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Од […]
Министерството за здравство објави дека на веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани. „Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на […]