НП Шар Планина и ДИЖС санкционирале десетина возачи кои биле на места каде е забрането движење со возила


Во изминатите неколку месеци санкционирани се повеќе од десет прекршители кои беа затекнати со моторни возила на локации на кои е забрането движење и тоа, во близина на Љуботен, Караниколичко Езеро, Кобилица и Добродолска куќа, информираат од Јавната установа Национален Парк Шар Планина за резултатите од соработка со Државниот инспекторат за животна средина.  Согласно Законот […]

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, судските и истражните органи се на потег


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врска со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат. – Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам или денеска или во […]

Образование по мерка на бизнисот – компаниите кажуваат каков кадар им треба (видео)


Младите се иселуваат, а компаниите немаат доволно нова работна сила, апа затоа денеска на конференцијата „Дефинирање на улогата на Здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“ во организација на Стопанската комора, сите заедно ќе се обидат да најдат начин да ги инспирираат младите стручно да се […]

Таравари: Пристигнаа вакцините за сезонски грип


– Пристигнаа вакцините за сезонски грип и од понеделник почнува дистрибуцијата по здравствените домови, изјави денес министерот за здравство Арбен Таравари на  одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје. Не прецизираше кој вид на вакцина, истакна, досегашните, четиривалентната од странскиот производител Абот од Холандија.  Во […]

„Комунална хигиена“ повторно чисти градски депонии во Чаир, Центар и во Бутел


Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел. Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, […]

Регионот започна со вакцинација против сезонски грип, кај нас абер нема


Во сите здравствени домови во Србија и на Kосово официјално започна вакцинацијата против сезонски грип, а за тоа се обезбедени доволни количини вакцини, а во Србија достапни се два вида вакцини – флувак тетра од странскиот производител Абот од Холандија и торвакс грип од домашниот производител, Институтот за вирусологија, вакцини и Серуми „Торлак“. „Треба да […]

Менталното здравје на работното место – годинава тема на одбележувањето на Светскиот ден


 Универзитетската клиника за психијатрија денеска на плоштадот „Македонија“ co 10 часот ќе го одбележи Светскиот ден на менталното здравје, годинава на тема „Време е да се приоритизира менталното здравје на работното место”. На настанот чија цел е да се подигне свеста за важноста на менталното здравје ќе присуствува и министерот за здравство Арбен Таравари. – […]

Сончево и топло во текот на денот, слаба утринска магла во некои котлини


По одделни котлини утрово ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 10 октомври 2024 година, 284-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 82 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 18 часот. Денов трае 11 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 14 часот и […]

Орце Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски учествуваше на панел-дискусијата ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, на која говореа и Ристо Пенов, д-р Никола Пановски и Висар Ганиу. Ѓорѓиевски истакна дека имајќи го во предвид фактот дека сеуште зборуваме за […]

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 – 2027


 Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од […]

Царинска управа: Отежнат товарниот сообраќај на Табановце поради реконструкција на преминот од српска страна


Царинската управа ги известува економските оператори дека е отежнат товарниот сообраќај на излез од државата на граничен премин Табановце.  Како што наведуваат од Царинската управа, отежнувањето на товарниот сообраќај е заради реконструкција нa дел од инфраструктурата на граничниот премин од страна на Република Србија.

Врховен суд го врати „Талир“ на повторно судење


Врховниот суд денеска го ,,врати во живот” случајот ,,Талир”, за нелегалното финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, откако републичката јавна обвинителка Анита Тополова- Исајловска бараше да запре, односно врховните судии да го укинат решението со кое беше одобрено обвинението. -Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија КОЗ […]

„Буки“ – прва дигитална платформа која говорот на македонски го испишува во писмен текст


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје попладнево официјално ја пушти во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма. Платформата овозможува пренос на усно изговорена мисла на македонски јазик во пишан текст […]

За уставните измени се пишува многу, но без аналитички пристап


Уставните измени и евроинтеграциите на земјава биле едни од најзастапените теми во медиумските известувања за време на изборната кампања, но немало притоа аналитички пристап, туку само се пренесувале изјавите од партиите, покажуваат анализите објавени во публикацијата на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА). Според новинарката и уредничка за надворешна политика во „Независен“, Слободанка Јовановска, во […]

МЗ: Пристигнаа 11.520 дози вакцини против Ковид-19


 Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19, вкупно 11.520 дози, а во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. – За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во […]

ЕСМ Снабдување со топлина со апел до потрошувачите за навремена подготовка за непречена испорака на топлинска енергија


ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска преку соопштение апелираше до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за […]

Јени џамија во Битола ќе биде музеј на христијанско–исламското културно наследство


  БИТОЛА – Музеј на христијанската и исламската култура ќе биде новата намена на Јени џамија во Битола, сместена во срцето на градот.  Џамијата, која е еден од најзначајните историски споменици во Битола оставена како сведоштво за отоманската архитектура од 16. век, ќе добие нова намена, најавуваат од Завод и Музеј Битола, институција која прославува […]

Град Скопје: Објавен е конкурс за визуелни уметности што ќе се реализираат во 2025 година


Град Скопје денеска информира дека е објавен конкурсот за визуелни уметности, самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси, што ќе се реализираат во 2025 година.  – Заинтересираните уметници потребно е во консолидиран документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации, фотографии од нивни дела во висока резолуција планирани за изложбата, доколку […]