Прекината блокадата на патот кон депонијата во Кочани


  Граѓаните од Кочани ја прекинаа блокадата на крстосницата кај селото Бели, каде 18 дена го контролираа пристапот кон градската депонија за комуналните возила од општините од регионот. Во образложениито за ваквата одлука, од Одборот на граѓанската иницијатива за протестот нагласуваат дека даваат доверба на локалната самоуправа, откако Советот на Општината на последната седница даде […]

(Во живо) Тошковски и Андоновски за дигитална алатка за дозволи за оружје


Прес – конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.  Избркани се околу 15 високо-позиционирани лица во МВР, поради нерегуларности при издавање на дозволи за поседување оружје. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го […]

Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и Ѓавато


АМСМ соопшти дека на два километра пред Делчево, поради одрони на патот сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Плетвар 80 метри и на Ѓавато до 60 метри. Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна […]

Од денеска задолжително поседување зимска опрема


Од денеска до 15 март возачите во возилата со учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема. -Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и […]

Променливо облачно, на некои места дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје претежно облачно со […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 15 ноември 2024 година, 320-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 46 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее […]

Почнува реконструкција на спортска сала во Радовиш


Министерот за спорт Борко Ристовски денеска беше во посета на Радовиш и заедно со градоначалникот на Ацо Ристов, на терен го означи стартот на реконструкцијата на спортската сала „25 Мај“, која е една од поголемите капитални инвестиции на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура. Со оваа инвестиција од 20 милиони денари ќе се […]

Македонците се дебели, пушат, со лоши навики за исхрана и уште полоши за вежбање – дијабетесот им чука на врата


Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот […]

Нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.             „Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми […]

Завршено поставувањето на топловодот под мостот „Беласица“, деновиве очекувајте прекини


За помалку од два месеци, АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина успешно го завршија поставувањето на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“. Со ова, топловодот ќе биде ставен во функција во најкус можен рок, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија за тековната грејна сезона. Во завршната фаза, новоизградениот топловод ќе се […]

Финализирани активностите од проектот за идентификување нови Натура 2000 подрачја и имплементација на CITES


Денеска, во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот финансиран од ЕУ, „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES.“, кој е клучен во зајакнување на капацитетите за заштита на животната средина и зачувување на природата во нашата држава. На настанот беа претставени достигнувањата и резултатите од активностите за идентификација на нови зони кои станаа […]

Законот за бранители повторно закочен во собраниската комисија


  Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска не одржа седница откако нејзината претседателка, Илире Даути, не го прифати предлогот на пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ дневниот ред да се дополни со Предлог-закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства. Даути ја прекина седницата, како што рече „бидејќи нема […]

Такси превозот нема да поскапи, таксистите имаат три тарифи по кои можат да возат


Информацијата која денеска се шири по медиумите за барањето за повисока цена е неточна или некој сака да направи забуна кај граѓаните, тврди Сашо Рајчановски претседател на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје. Таксистите немаат поднесено барање до Советот на Град Скопје за зголемување на цената на такси превозот, затоа што во моментов нема […]

Македонија сега има четири оперативни транспортни хеликоптери


Државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска, денеска на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ што се одржа во Владата, посочи дека во рамки на Министерството продолжува реализацијата на договорите за набавка на опрема и модернизација на капацитетите на Армијата. За таа намена за наредната година планирано […]

МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи


 Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица, се вели во соопштението од МВР, се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје вечерва


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска 14.11.2024 (четврток) поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.   СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат […]

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети


Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта. Оваа одлука Министерството за образование и наука ја донесе согласно измените направени на Концепцијата за основно образование, според сугестиите на наставниците и стручната јавност. Менувањето концепти во образованието осакатува цели генерации -Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, […]

УКИМ му додели средства на ФМУ за подобрување на условите за студентите


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за потребите на Факултетот за музичка уметност издвоил 3.384.000 денари, од кои дел ќе бидат поддршка на обновата на концертната сала на ФМУ наменета за студентите. УКИМ информира дека со обновена концертна сала студентите ќе може „да се изразуваат и да ги покажат своите таленти пред јавноста, како […]

Тошкоски: Институциите ќе се ослободат од луѓе што не ѝ мислат добро на државата


   Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период  докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму […]