Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024


Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, во Домот на АРМ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено 15 – то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката. Како што е […]

Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини


РЦУК информира дека без вода утрово од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од  ул. „Васил Стефановски“ 16. Прекинот ќе биде поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм и ќе трае до завршување на работните активности. Без струја во одреден период од денот ќе бидат делови од неколку скопски општини. Поради планирани прекини без електрична […]

Трета конференција „Наука за деца“


Во организација на Фондацијата КАНТАРОТ денеска и утре во Меѓународното училиште НОВА ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“. Целта на конференцијата е популаризација на науката кај децата и подигање на интересот за истражување на научните концепти. Оваа година мотото е „Надгради ја твојата реалност“, а конференцијата првпат ќе биде поделена во два дена. […]

Изложба на стрипови и прогласување победници од конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“


Во КСП Центар Јадро денеска ќе биде отворена изложба на дела пристигнати на конкурсот „Кон родовата еднаквост преку уметност“ на тема „Кое е твоето чудо?!“, организирана од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата „Стела“. На изложбата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени сертификати и дипломи на сите учесници. Наградите ќе ги […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви […]

Александар Николовски останува претседател на студентското собрание на УКИМ


Студентот на Економскиот факултет, Александар Николовски е реизбран за претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ). Тој го искористи правото на реизбор и по вторпат ќе раководи со Собранието. Николовски е студент на постдипломски студии на програмата монетарна економија, финансии и банкарство. Тој е дипломиран економист на […]

Јакимовски и се извини на Јаневска што ја нарече „северџанка“


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“ и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош. -Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно и се […]

Пензиите во март линеарно ќе се зголемат за 2.500 денари, а во септември догодина ќе има и усогласување од 4 отсто


Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со пензијата за септември, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување согласно методологијата за  усогласување. Линеарното зголемување на пензиите во септември 2024 во вкупен износ било 862 милиони денари (скоро 14 милиони […]

Европа е во сѐ поголема криза со водата


Водните ресурси на континентот се под сериозен притисок и не е постигнат значителен напредок од 2009 година, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), цитиран од меѓународната организација за животна средина ВВФ. Авторите на студијата нагласуваат дека во Европа: помалку од 40% од површинските води, како што се реките и езерата, […]

Општина Дебар доби 700.000 евра за реконструкција на три улици и изградба на водовод во Могорче


Од проектот „100 милиони евра за општините“ општина Дебар доби поддршка од 700 илјади евра за реализација на проекти од инфраструктурата, информираше  градоначалникот Хекуран Дука. – Поднесовме четири пријави на повикот за доделување средства преку Министерството за локална самоуправа, а се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура во градот односно целосна реконструкција на три локални […]

Не им e страв само од ракот на дојка, туку од системот


За термин за ехо и за мамографија жените во Северна Македонија, и оние кои се заболени од рак на дојка и за редовен преглед чекаат повеќе од еден месец. Борејќи се да преживеат во систем во кој јавното здравство е речиси урнисано, пациентките се пред избор – да плаќаат приватно или да бараат чаре во […]

Премиерот го брани именувањето на поранешниот шеф на партијата во Скопје за директор на АНБ


  Нема никаква политизација во Агенцијата за национална безбедност, а на новоименуваниот директор Бојан Христовски му била нанесена неправда во минатото во случајот со безбедносниот сертификат. Таа грешка била исправена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот тврдеше дека кога се трансформирала Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенција за национална безбедност (АНБ) и кога се […]

И по договорот во Брисел Александар Николоски останува против проектот за пругата кон Бугарија


  „Овој проект сигурно нема да се работи, дали ќе работиме нов, ќе видиме“. Така денеска министерот за транспорт, Александар Николоски, ги дообјаснуваше вчерашните разговори и договори во Брисел меѓу официјалните државни претставници на Македонија и Бугарија со функционери на Европската комисија. Синоќа Герт Јан Копман, од Директоратот за соседство и преговори за проширување, преку […]

Општина Велес за утре прогласи ден на жалост поради трјоцата загинати сограѓани


Советот на Општина Велес денеска донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес. Како што информират од Општина Велес, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати […]

Таравари очекува директорите на Клиниките да постапат по извештајот за починатото бебе


Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција информираше дека извештајот за починатото 14-месечно бебе во Скопје, е веќе испратен до специјалната болница во Козле, Универзитетската клиника за педијатрија и до Лекарската комора. Тој потсети дека извештајот не бил направен од него, туку од професионалци кои, тие како Министерство ги назначиле. Тој рече дека се […]

Што ќе реконструира Општина Гостивар со парите од Владата – доби 2,7 милиони евра


Општина Гостивар доби 13 проекти од проектот „100 милиони евра за општините“, за што Владата одлучи да додели 162 милиони денари или приближно 2,7 милиони евра. Овие проекти се од 26-та седница на која Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за прераспределба на средствата во рамки на проектот „100 милиони евра за општините“. Со […]

По две години од Законот за паричен надоместок, жртвите од насилство конечно ќе почнат да се исплаќаат


Во Министерството за правда денеска беше отворена канцеларијата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство. Како што информираше министерот за правда, Игор Филков, на денешната прес-конференција по отворањето на канцеларијата, министерството изминатиот период работело на обезбедување и реализација на повеќе активности со цел завршување на процесот од административно-технички и правен […]

Утре и викендов облачно и посвежо со услови за дожд, од недела утрински минусни температури


Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде утре и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.  Како што информира УХМР, минималната температура […]

Во тек е голема полициска акција во Тетово и во Охрид, има приведени


Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Според информацијата од обвинителството, се вршат претреси на повеќе локации, а има и приведени лица. о детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот […]

Со помош на УНОПС ќе се менуваат грејните системи во неколку здравствени установи


Менување на системите за загревање на здравствените објекти во Скопје и во Тетово, со еколошки кои користат природен гас, ќе почне по потпишувањето на меморандум за разбирање со Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС) и Министерството за здравство. Министерот за здравство, Арбен Таравари потпиша меморандум за разбирање со претставничката на Канцеларијата на Обединети […]