Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, заради смртта на 14-месечното бебе


Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во […]

Кривична пријава против Мерко поради незаконско назначување директор на училиште


Против градоначалникот на Струга Рамис Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години,  спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи.  Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено […]

Перински: Отповикувањето на градоначалник би требало да биде преку референдум


Отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција за која се избрани од страна на граѓаните би требало да биде преку референдумско изјаснување, открива во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Златко Перински. Отповикувањето на градоначалник е една од новините што треба да бидат дел од законското решение за локална самоуправа кое […]

На Саемот „Науката и јас“ тимови на ученици демонстрираа експерименти од областа на природните науки


Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука на 17 октомври 2024 година, кој се одржа во поливалентниот простор на ООУ „Владо Тасевски“ во Скопје. Овој настан ја одбележува продолжената соработка помеѓу Македонија2025 и Џонсон Мети, како дел од програмата „Науката и Јас“ за влијание во заедницата, која ќе се имплементира во […]

Темелковска: Раната детекција е клучна во третманот и исходот на болеста рак на дојка


 Раната детекција е клучна во третманот и исходот на болеста рак на дојка. Ова го нагласи денеска д-р специјалист Светлана Темелковска на трибина во болницата во Кавадарци. Таа е претседател на националната комисија за скрининг на рак на дојка. Докторката потсети дека ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените во светот и во […]

На Светскиот ден за поправки Општина Кисела Вода и „АРНО“ најавија отворање на Центар за поправки


Во идниот „Центар за поправки” во Кисела Вода, за првпат во Македонија, беше одбележан денешниот Светски ден на поправки, во организација на Општина Кисела Вода и здружението “АРНО”. На прес-конференцијата беа најавени два важни повика: еден за мајстори и граѓани со вештини за поправки, и друг за донација на оштетени играчки. Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, кој […]

Водовод и ново текстилно училиште ќе гради Тетово со 3,8 милиони евра што ѝ ги додели Владата


Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами одржа прес-конференција на која информираше за кои проекти ќе се користат средствата кои Владата во висина од 500 милиони евра ги позајми од Унгарија и ги дели на локалните самоуправи. Касами рече дека согласно индикаторот глава на жител на Општина Тетово и се предвидени 3,8 милиони евра. -Истите се […]

Таткото на Вања во погрешна група на Вибер пратил порака: „Кажи колку пари треба“, па ја избришал


Застрашувачки и неверојатни детали се изнесуваат при сведочењата на денешното судење по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Така, обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев им кажал на полицајците дека работеле по насоките на Љупчо Палевски, дека „тоа било одлука на Палчо“ откако тие го прашале што знае за […]

Струмичани „изгласаа“ што сакаат да се гради во општината


Струмица безбеден град, нова населба во Турско маало трета фаза и реконструкција на Домот на култура во населеното место Банско, се трите приоритетни проектни иницијативи кои добија најмногу бодови од учесниците на годинашниот Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година, кој синоќа заврши со одржувањето на втората сесија во просториите на Младинскиот центар. Од вкупно […]

Европските пари пропаднаа, Општина Битола сама ги гради велопатеките


  БИТОЛА – Општина Битола од сопствениот буџет ќе ги гради велосипедските патеки на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ откако паради политички надмудрувања пропадна можноста тие да се изградат со средства од европски прекуграничен проект.  Пропаднаа 400 илјади евра пари што Европската делегација ги даваше за ваквата инфраструктура во должина од над 5 километри. Битолчани […]

Започна изградба на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба


Денеска се постави камен-темелник на новото ООУ „Крсте Мисирков“ во населено место Ченто, Општина Гази Баба. Проектот е во вредност од 169.992.752 денари, а опфаќа 30 кабинети со вкупен капацитет за настава во две смени за 713 ученици.   „Со изградбата на новото училиште обезбедуваме поквалитетни услови за образование и воспитание на учениците, но и […]

Ако живеете во Центар, може да учествувате во креирањето на општинскиот буџет


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2024 година, во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот. Овој форум претставува можност граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и […]

Таткото на Вања го посочил возилото на Панче како сомнително


Во кривичниот суд продолжува судскиот процес за убиството на Вања и Панче. Сведочи началникот на СВР Скопје кој пред судот кажа дека таткото на Вања, обвинетиот Александар им донел снимка од камера на која им го предочил возилото на Панче без објаснување зошто се сомнева во поврзаност со неговата исчезната ќерка. Полицијата утврдила дека тоа […]

Истражување: Општините со поголема отвореност од пред две години, но сѐ уште не на потребното ниво


Во споредба со 2022 година кога просекот на отвореност на општините изнесувал 27 отсто, годинава тој достигнал 37 отсто, што е пораст за 10 отсто во две години. Иако овој процент е видливо зголемен, сепак претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт, покажуваат ги претставија наодите од Процената на доброто […]

Со сослушување сведоци во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче


Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На минатото рочиште сведочеше поранешен помошник началник од Скопје, кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања и поранешен началник од Велес, кој сведочеше […]

Јаневска: Македонија ќе има осум регионални центри за стручно образование и обука


Практичната обука на средношколците е приоритет, па затоа низ целата земја ќе се отворат уште шест регионални центри за стручно образование, што со постоечките два, жќе бидат сосема доволни да се работи на усовршување на работните вештини на учениците по завршувањето на средното образование. „Планираме во Македонија да има осум регионални центи за стручно образование […]

Даниела Андоновска Трајковска нов претседател на Македонско научно друштво-Битола


Универзитетскиот професор д-р Даниела Андоновска Трајковска избрана е за нов претседател на Македонско научно друштво-Битола, најстарата научна асоцијација во земјава, формирана во 1960 година. На синоќешното изборно собрание, Андоновска Трајковска освен едногласна поддршка за нејзината кандидатура и програма за работа, доби поддршка и за нејзините соработници, новиот потпретседател, членовите на управниот, надзорниот одбор, етичката комисија […]

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје


Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари.  – Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина […]

Доделување на ЕУ награда за истражувачко новинарство 2024


Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи церемонија за доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2024 година за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.  Како што најавија организаторите, официјално обраќање на церемонијата […]