(Фото) Под Смоларскиот водопад се одржа традиционалната „Костенијада“


Денеска на платото под Смоларскиот водопад се одржа 13. „Костенијада-Фестивал смоларскиот костен“ во чест на овој плод од планината Беласица. На манифестацијата присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и голем број гости од Општина Ново Село и околните општини. Според градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов […]

ЗОО Скопје: Инспектори на АХВ без налог и докази убија десетици птици, ќе поднесеме кривични пријави


Зоолошката градина во Скопје попладнево соопшти дека инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици. ЗОО Скопје, како што се наведува, за ова дело ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ, инспекторите и лицата кои со оружје упаднале […]

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка


Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на […]

АХВ потврди дека во скопската Зоолошка градина се нивни инспектори


 Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА потврдија дека во Зоолошката градина Скопје се нивни инспектори, но и дека исто така таму се изведуваат технички зафати. Засега не се соопштува која е причината за присуството на инспекторите во Зоолошката градина.  АХВ најавува дека во текот на денот ќе ја информираат јавноста преку соопштение.  […]

Ја омажиле на 13 години: Малолетничките бракови константен проблем во прилепскиот регион


Останува проблемот со малолетничките бракови во Прилеп и општините Кривогаштани и Долнени, а целата заедница треба да ги зајакне превентивните мерки. Иако бројките на регистрирани малолетнички бракови последните три години се исти, секоја година по 10 малолетнички брака, голем е проблемот што не се знае колкав број малолетници живеат во вонбрачна заедница, смета Јасминка Митреска, […]

Зоолошката градина затворена, евакуирани и вработените, се проверува смртоносен вирус кај птиците


Скопската Зоолошка градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, јави Мета.мк повикувајќи се на извори во ЗОО Скопје кои инсистирале на анонимност. Неофицијално, станува збор за бактерија кај гуските од која можат да се заразат и луѓето, пишува Мета. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите. Поранешниот […]

Аплициравме регуларно и навремено, велат од Општина Сарај, за одбивањето го посочува Меџити


Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, реагираат од Општината откако нивните предлози беа одбиени од страна на Владата за финансирање инфраструктурни проекти. Од Општина Сарај во реакцијата до медиумите посочуват дека главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена […]

Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките, вели Перински


Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема. Според Перински, посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на […]

Перински не ја исклучува можноста да се кандидира за градоначалник на Скопје


Министерот за локална самоуправа Златко Перински не ја исклучува можноста на следните локални избори да се кандидира за градоначалник на Скопје. Во интервјуто за МИА, Перински вели дека доколку анкетите покажат дека тој е најсоодветниот предлог и доколку партијата во целост застане позади него, со задоволство ќе ја прифати кандидатурата.  Она што за него е […]

Отворено 15-тото издание на ЕХО Фестивалот на планински филм


Со проекција на филмот „Виорник од работ“ на режисерот Игор Вртачник од Словенија, синоќа во салата на Домот на АРМ во Скопје започна 15-тото издание на Фестивалот на планински филм Ехо.  Програмата во следните денови продолжува во Кинотека.  Денеска после 18 часот Националниот парк Шар Планина, најмладиот национален парк во нашата држава, ќе ги презентира […]

Најстудено во Берово – нула степени, дневните температури ќе достигнат до 20 степени


Најниска температура утринава во земјава е измерена во Берово 0 степени, на Попова Шапка и Крива Паланка 5, Струмица и Крушево 6, Виница и Лазарополе 7, во Штип и Маврови Анови 8, Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово и Кавадарци 9, Охрид, Битола и Велес 10, Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија 11 и Демир Капија 13 степени.  […]

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Фестивалот на Смоларскиот костен – Костенијада 2024


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на Фестивал на Смоларски костен – Костенијада 2024. Фестивалот на Смоларскиот костен – Костенијада 2024 се одржува кај платформата под Смоларски водопад во Општина Ново Село. 

Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка


 Во „Скопје Сити Мол” денеска од од 12 до 16 часот ќе биде поставен информативен штанд и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка.  Овој настан е дел од националната  кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ на Министерството […]

Отворен ден на Специјална олимпијада


На терените на спортскиот комплекс „МТП“, Специјална олимпијада Северна Македонија денеска организира Отворен ден. На настанот ќе биде претставена работата на организацијата и улогата и моќта на спортот во трансформирањето на животите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. – Со Отворениот ден, сакаме да покажеме дека лицата со интелектуална попреченост имаат неверојатен потенцијал. […]

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до […]

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, вечерва ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство 2024, за стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и Турција.  Првата награда на годинашниот конкурс го доби новинарката Ирена Мулачка од Фокус за сторијата „Скандал Онкологија“, со која се открија злоупотреби со терапиите за […]

Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура


Министерот Зоран Љутков очекува дека ќе потраат три-четири месеци процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзална сала. Како што рече, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во  Министерство за култура и туризам. […]

Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните


„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и од […]

Потребни се унапредувања на Законот за локална самоуправа – ќе се бара поголема одговорност за комуналните дејности


Во Владата на Северна Македонија се одржа настан со кој почнува процесот на темелна анализа со цел унапредување на Законот за локалната самоуправа.   Настанот беше организиран во соработка со Министерството за локална самоуправа, УНДП и Амбасадата на Швајцарија, со учество на експерти од областа.   Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање посочи дека Законот […]