Тошковски очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален идната година


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена. Тошковски рече […]

Меџити избрза, ги пушти пумпите од „Ѓавато“, водата наместо во Дојранското Езеро отиде во нивите


  Вчера биле исклучени трите пумпи од хидросистемот „Ѓавато“ кои во саботата од страна на вицепремиерот Изет Меџити со пропагандна церемонија беа пуштени да работат за да се полни Дојранското Езеро.  Како што пишува „СДК“ трите пумпи повлекувале вода но таа не стигнувала до езерото туку се излевала во нивите и ги поплавила. Цевководот е […]

Филков: Од утре започнуваат стручните дебати за реформа на Судскиот совет


  Министерот за правда, Игор Филков, осврнувајќи се на извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата држава во делот на правосудството, рече дека тој дава реален приказ на  состојбите, но забележа дека не ни треба извештај за да ги знаеме состојбите во државата. Според него, во наредниот период клучен приоритет ќе бидереформата во Судскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ најавува „значителни“ субвенции за централа на гас, а жестоко беше против кога беше во опозиција


  ВМРО-ДПМНЕ најави дека Владата ќе даде „значителни субвенции“ за изградба на централи кои ќе работат на природен гас, како една од клучните мерки за борба против загадувањето. Притоа, партијата си дава рок од еден и пол мандат, односно шест години, за да се почувствуваат ефектите од таквите мерки. Колкави ќе бидат тие значителни субвенции, […]

Без вода дел од жителите на Општина Аеродром


 Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ и улицата „Мите Богоевски“ во Општина Аеродром. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 мм на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ 12а.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Герасимовски: 2.500 денари за пензионери во социјален ризик и приматели на социјална помош


Трета година по ред Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна парична помош за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Јавниот повик е објавен денеска и важи до 29.11.2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакнува дека висината на еднократната финансиска поддршка ќе изнесува 2.500,00 денари […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше еколошките проекти, сега ќе ги спроведува


СДСМ реагираше на обвинувањата на владеечката партија дека тие и ДУИ се одговорни што деновиве во Скопје има големо загадување. Според нив, ВМРО -ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух, а се фали со централата што беше стратешката инвестиција на СДСМ. „СДСМ водеше сметка за сите аспекти за државата и во секоја смисла, и во […]

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност


Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на […]

Во Берово почна доставувањето вода со цистерни до населението


 Во Берово од денеска почна организираната доставата на вода преку цистерните од страна на ЈПКР „Услуга“. Доставата се врши откако претходно беше утврдено зголемено присуство на манган во водата од Градскиот водовод.  -Доставата на вода од цистерни се врши на повеќе локации. Почнавме од 8:00 часот со достава на вода на локација кај Здравен дом […]

Таксистите бараат да поскапат такси-услугите во Скопје


Таксистите во Скопје бараат да се зголеми цената на такси услугите. Според нив стартот треба да изнесува 60 денари, а секој изминат километар да се наплаќа по 35 денари, а за чекање во место според нив тарифата треба да биде 480 денари на час. Со оглед на тоа дека 11 години не се менувал ценовникот, […]

План за изградба на современи депонии има 15 години, за ниту една не е почната изградбата


Проценките во последниот Национален план за управување со отпад се дека во земјава има над 2.000 нелегални депонии, а педесет и четири нестандардни депонии распространети низ целата држава, ги трујат македонските граѓани. Но, и покрај овие бројки и натаму не почнува изградбата за петте планирани регионални современи центри и покрај тоа што е одобрен грант од Европскат […]

Прес – конференција на министерот за здравство Арбен Таравари (во живо)


Министерот за здравство Арбен Таравари, ќе одржи прес-конференција со претставници на Project Hope и BD по повод потпишувањето на договори со четири јавни здравствени установи за донација на перфузори.  

Одрони на патот Делчево – М.Каменица кај село Очипала


Појава на одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица во близина на с.Очипала. Од подружницата на Македонија Пат информираа дека одроните редовни се чистат и апелираа внимателно движење долж овој патен правец кој е дел од магистралата А3. -Знаеме дека  се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави, а врнежите […]

Дијабетичарите со писмо до Таравари – бараат грижа и за менталното здравје


Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември , дијабетичарите преку Инсулинска порта  и Баланс мк испратија  отворено писмно до министерот за здравство д-р Арбен Таравари, во кое бараат попишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес, но да се посвети внимание и на физичката и менталната благосостојба на дијабетичарите.  Воедно, во сабота, на плоштадот […]

Снег и дожд на Попова Шапка, магла на патните правци Страцин – Кратово и Велес – Катланово


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд, соопшти ЈП Македонијапат. Намалена видливост поради појава на магла до 100метри има на патниот правец Страцин […]

Без вода викенд населбата Морани


Поради уличен дефект, без вода од 08:00 часот ќе бидат корисниците од викенд населба Морани, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Здравствен дом „Железничар“ се приклучува во кампањата за поголема свест за машкото здравје


Здравствен дом „Железничар“ денеска ќе се приклучи во кампањата за поголема свест за машкото здравје. Пред платото на установата, денеска ќе се допринесе во светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје – „Грижи се за себе“, со земање крв за ПСА (PSA), бесплатни скрининг тестови наменети за машката популација над 45 […]

Под слоганот „Време е за чај“ започнува четиридневниот Фестивал на чај


Под слоганот „Време е за чај“, на приземјето во Скопје Сити Мол, денеска започнува четиридневен „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават повеќе од 30 учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција Природа“, во соработка со Скопје Сити Мол. Како што стои во соопштението на […]

Панел дебата „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.


Во Тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе биде одржана панел дискусија на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“. На настанот кој е во рамки на иницијативата Катедра Аденауер 2024, ќе учествуваат претставници од академската и политичката сфера. Панел дискусијата ја организираат Фондацијата „Конрад Аденауер“, […]

Облачно со повремен дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во […]