Астрономски календар


Денеска е понеделник, 4 ноември 2024 година, 309-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 57 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 16 часот и 24 минути. Денов трае 10 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе  изгрее во […]

Два од земјотресите со епицентар во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци


 На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од […]

Утре без струја делови од Зелениково, Ѓорче Петров, Аеродром и Центар


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.  Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја […]

Невладините бараат убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид


Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од […]

Јаневска: Утврдени нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид, Струга, инспекцискиот надзор не е завршен


Во процесот за контрола на работата на универзитетите и високообразовните установи се утврдени одредени проблеми и недостатоци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека процесот се уште не е комплетиран туку постепено утврдуваат „една по друга нерегуларност“. Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, таа посочи дека има нелегален избор на двајца наставници […]

Зградата на Општина Струмица светна во боите на српското знаме


 Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Во објавата на неговиот фејсбук профил се наведува дека Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад. – […]

Карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите, лекарите препорачуваат редовни прегледи и скрининг


Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите, се препораките што лекарите и психолозите ги упатуваат по повод месецот на машкото здравје. Карциномот на простата е втората причина за смртност кај мажите и затоа лекарите препорачуваат барем еднаш годишно да се прави преглед.   Во разговор за МИА, тие нагласуваат дека со […]

Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два


Во Гевгелија утрово со измерени 14 степени Целзиусови е најтопло, а во Берово со минус два е најстудено.  Во Лазарополе нула степени, 1 на Попова Шапка, 2 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Маврови Анови, 4 во Прилеп, Штип, Струмица и Крушево, 5 Охрид и Претор, 6 Куманово, 7 степени во Виница, 8 во […]

Медиумска писменост: Границата помеѓу вистинските и генерираните содржини станува сè потенка, како да се препознае


Медиумската писменост станува клучна вештина за секој граѓанин во денешната дигитална ера. Со развојот на вештачката интелигенција (ВИ), границата помеѓу вистинските и генерираните содржини станува сè потенка, што ја зголемува потребата за критичко размислување и способност за препознавање на автентични информации.  Во рамките на Денови на Медиумска писменост 2024, кои годинава се одржуваат под мотото […]

Еко-настан „Заедно за почиста општина“ во паркот „Авионче“ во општина Аеродром


Еко-настан „Заедно за почиста општина“ ќе се одржи денеска напладне во паркот „Авионче“ во општина Аеродром. Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за кое ќе биде поставена соодветна опрема. Најавени се и настапи на дуото ДНК, детскиот хор „Поточиња“ и танц групата „Аква […]

Значителен пад на температурата со засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.  Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. […]

Вечерва цел Ресен без струја, а делови ќе немаат и вода


Градот Ресен вечерва останува без струја, а делови од градот и околните села ќе немаат ни вода, соопштуваат од ЈКП „Прилетер“ – Ресен.   Според соопштението од ЕВН, дека на целата територија на Општина Ресен, во период од 02.11.2024 година, од 23 часот до 03.11.2024 година до 5 часот ќе има прекин со снабдување на […]

Починало бебе старо осум дена, во тешка состојба било донесено од Струмица на Детската клиника во Скопје


 Бебе старо осум дена починало вчера на Детската клиника во Скопје, откако во тешка здравствена состојба било донесено од Струмица, потврдуваат од клиниката. Како што објаснуваат, се работи за предвремно родено дете, со мала тежина, кое било со тешка сепса.

Без вода населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар


Без вода вечерва од 08.45 часот се корисниците од населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар. Причина за прекинот е дефект на ул.„Ордан Поп Јорданов“ 5 во населба Маџари и во тек е негово санирање, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Карпош е најзелена општина во главниот град, порача Јакимовски


Денеска, по повод роденденот на општина Карпош, трети ноември, на плоштадот „Кузман Јосифовски Питу”, се засадија првите садници во рамки на есенското зазеленување. Во оваа еко акција, предвидени се да се засадат вкупно 346 садници на територија на општината, и тоа листопадни и зимзелени дрвја од видот : горски јавор, каталпа, црвенолисна слива, албиција, црн […]

„Илинденска“ без вода во недела


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваaт дека на ден 03.11.2024 г. (Недела) поради дефект на улична цефка од ф 300мм на булеварот „Илинден“ бб-пред Влада без вода ќе останат корисниците на дел од булеварот „Илинден“ и дел од булеварот „ВМРО“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување на интервенцијата, се истакнува […]

Автопатот Прилеп-Битола готов до 2027 година, очекува Мицкоски


Трасата на автопатот Прилеп – Битола ќе се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така има и […]

Премиерот најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад


Ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката на семејството на загинатиот македонски државјанин во вчерашниот немил настан во Нови Сад“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по надзорот на патниот правец Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10д. Прашан дали државата ќе му помогне на семејството на загинатиот […]

Отворена манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“


Над 300 изложувачи и педесетина здруженија денеска ги претставуваат своите земјоделски производи и преработки од храна на манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ која ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ја отвори министерот Цветан Трипуновски кој истакна дека МЗШВ оваа година поддржува 56 вакви настани низ целата држава и дека доделило […]

Димитриевски иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад


 Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницирал вонредна седница  на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин. -Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство […]