Македонецот Васко Саздовски е еден од жртвите од несреќата во Нови Сад


Од 14-те жртви во страшната трагедија во Нови Сад, засега е познат идентитетот на седуммина. Во Клиничкиот центар во Војводина лекарите се борат за животот на тројца посериозно повредени лица – две жени и еден маж, објавија српските медиуми. Во несреќата загинало и шестгодишно девојче чиј идентитет не е познат. Засега идентификуваните жртви се: Анѓела […]

Митровденска задушница – спомен за починатите


Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што […]

Сончево со мала до умерена облачност


Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до […]

Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад. – Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша […]

Вучиќ: Македонски државјанин меѓу 14 загинати во несреќата во Нови Сад


Српскиот претседателот Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста изјави дека во денешната голема трагедија во Нови Сад, кога се урна настрешницата на главната железничка станица, загинале 14 лица, дека еден од загинатите е државјанин на Северна Македонија, а идентитетот на пет лица се уште не е утврден, јави дописниот на МИА од Белград. – […]

Гори старата депонија во Штип


Гори старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите или местото познато како кај „Крстот“. Командирот на Територијалната pротивпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов за МИА вели дека во моментов пожарот на депонијата го гаснат пет пожарникари со две противпожарни возила. Пријавата до нив е пристигната во 15.30 часот и веднаш се упатиле да го гаснат […]

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани како оператори со храна


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава. Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ. Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности […]

СДСМ: Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ само 57 денари!


Со голема помпа најавуваната мерка на владата на Мицкоски за замрзнување на цените граѓаните не ја почувствуваа дека воопшто постоеше, оцени денес СДСМ реагирајќи на изјавите на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. „Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец. Дурмиши очигледно не бил […]

Перински: Локалните самоуправи мора поревносно да си ги собираат своите сопствени приходи


 Доколку го зголемат нивото на наплата на данокот на имот и комуналните такси општините самите ќе си обезбедат повеќе пари за инвестиции, порача денеска од тетовско Теарце министерот за локална самоуправа Златко Перински. Одговарајќи на новинарско прашање за промени во фискалната децентрализација во однос на општините, тој рече дека фискална децентрализација е жива материја и […]

Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро и Македонија ќе ја воведе Европската детска гаранција


 Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од унапредување и зајакнување на системот на детска заштита, при што акцентот беше ставен на воведувањето на Eвропската детска гаранција во земјата, која што  претставува механизам на ЕУ за спречување […]

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор


 На хируршките клиники во текот на вчерашниот ден e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, […]

Преку јавна расправа до Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028


 Шеесетина претставници од јавните институции, експертската јавност и граѓанскиот сектор денеска учествуваат на јавна расправа за донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.  На прес-конференција тој истакна дека стратегијата е стратешки документ и „сеопфатна рамка за акција која ќе обезбеди координиран национален одговор на современите сајбер-закани и ќе […]

Општините Теарце, Врапчиште и Јегуновце заштедиле до 20 отсто струја затоа што поставија ЛЕД улични светилки


Општините Теарце, Врапчиште и Јегуновце постигнаа енергетска и финансиска ефикасност како резултат на паметното улично осветлување поставено во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, на подрачје на трите општини извршена е замена на 1.412 стандардни светилки со паметни ЛЕД светилки. Резултатите на […]

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк


 Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување […]

Андоновски: Немаме податоци зашто нема механизам за известување за случаи на сајбер-напади


Државата нема анализа за сајбер-напади и за проценети ризици и подложност на институциите. Нема податоци зашто не постои механизам за известување за вакви случаи.  -Најголемиот проблем е што недостигаат такви информации. Токму таков тип на анализи предвидуваме со алатката за мониторинг на инциденти и на закани којашто не само што ќе анализира колку се случува, […]

ОЈО Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава против директорот на АНБ


Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава, против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски. Од Обвинителство, за МИА, потврдуваат дека до нив е пристигната анонимна пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува. Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и […]

Голем еко-настан „Заедно за почиста општина“ на 3 ноември во паркот „Авионче“ во Аеродром


Непрофитната компанија која управува со отпад од пакување и соработува со компании од голем број индустрии, „Еуро-Екопак“, заедно со општина Аеродром на 3 ноември (недела) во 12 часот ќе организира настан во паркот „Авионче“ во Скопје. Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за […]

Герасимовски се пофали со проектите во Општина Центар во неговиот досегашен мандат


Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, […]

МОН доделува 3.000 студентски стипендии по 100 евра месечно за општествените и 300 евра за природните науки


Министерството за образование и наука информира дека e објавен конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година . Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15.11.2024 година. Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, […]

Дел од Аеродром утре без струја


Поради планирани прекини во електроснабдувањето утре, без електрична енергија ќе биде дел од Аеродром. Во период од 9 до 14 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, „Тодор Александров“ и „Славејко Арсов“ во општина Аеродром ќе немаат струја.