Ќе се воведува флексибилна работа за студенти


Флексибилна работа за студенти се планира со новите измени за високото образование, нешто што досега не е регулиранов о Македонија.  – Најважен е квалитетот на високото образование, промена на концептот на студиските програми, намалување на бројот на студиските програми, се соочуваме со недостаток на практични вештини, се соочуваме со голем број на универзитети, а секоја […]

Центарот на Куманово без вода


Дефект на водоводен вод Ф350, за ниска водоводна зона на улица 11 Октомври остави дел од Куманово без вода. Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека  поради дефект на водоводен вод Ф350 на улицата „11 Октомври“ (од крстосница  со улицата која се вклучува од автопат Е-75), повисоките делови на ниска водоводна зона останаа без водоснабдување. Граѓаните […]

Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек


Ноќеска,  пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но, сликата утрово не ја оправда најавата од Град Скопје. Автобуси немаше ни за лек и тоа на на подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот […]

Минусни утрински температури, во Берово – 7


Најстудено утрово е во Берово со седум степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во  Струмица (-5),  -4 во Скопје – Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија и Велес, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп и Кавадарци, -2 во Крива Паланка и -1 во Виница и Гевгелија. Нула степени […]

Студено со појава на магла наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност


 Времето наутро ќе биде студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Како што […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 18 ноември 2024 година, 323-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 43 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 28 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее […]

Утре без струја дел од викендиците во Говрлево и околината во Општина Сопиште


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од корисниците во Општина Сопиште, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН. Како што се наведува во соопштението, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од […]

По 11 години од пожарот на домот „Копанки“ изградена чатијата


  БИТОЛА – Планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер по 11 години од големиот пожар доби чатија и веќе заличува на старата градба на ова некогаш култно место за битолчани. Градежните работи се интензивираа во последните три години, особено оваа градежна сезона. По завршувањето на бетонската конструкција се работеше на кровната конструкција, по што ќе продолжат […]

Красниќи: На седницата на косовската и македонската влада треба да се разговара за апсењето на ветераните на ОВК и положбата на Албанците


 Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово, Мемли Краниќи изјави дека на утрешната седница на владите на Косово и на Северна Македонија треба да се разговара за прашањето на апсењето на ветераните на Ослободителната војска на Косово од страна на соседната земја, како и за правата на Албанците таму, јави дописникот на МИА од Приштина. […]

Светски ден на предвремено родени бебиња: Лани имало 604 – загадениот воздух е ризик фактор


Лани во државата имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а оваа година бројот на предвремено родени бебиња изнесува 681. Со цел превенирање на предвремена бременост, во Клиниката за гинекологија и акушерство од крајот на оваа година ќе почне пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на пациентки кои што би развиле прееклампсија, а исто […]

Костадиновски: Да му бидеме лојални на Уставот


 Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка по повод 33-годишнината од донесувањето на првиот Устав. -Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република. Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, […]

Малолетници обиле багер и со него оштетиле паркирано возило во Центар


Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста. Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до […]

Утре и вторник – магла, потоа дожд и снег


Утре и во вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините […]

На Меѓународниот ден на студентите: МОН најавува модернизација на програмите


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска го честита Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември, потенцирајќи дека за актуелната Влада, поддршката на нивното образование и воопшто унапредувањето на студентскиот стандард се високо дефиниран приоритет. -Покажавме дека сме фокусирани на студентите во изминатите 4 месеци, а јас уверувам дека така ќе остане и во следните 4 […]

Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално […]

Годишен концерт на Градскиот мешан хор Вардар ,, Македонски хорски мајстори”


Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечер ќе одржи годишен концерт со наслов „Македонски хорски мајстори“. На програмата претежно ќе бидат застапени дела од македонски хорски композитори, со што хорот ја продолжува заложбата за презентација на богатото македонско хорско творештво, стои во соопштението на организаторите. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за […]

Студено со појава на магла по котлините


 Времето денеска ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла. Преку денот […]

Стефковски бара безбеден превоз од градоначалничката на Скопје „во заминување“


На својот Фејсбук профил  градоначаникот на Гази Баба, Бобан Стефковски вели дека  „утрово, автобус сопственост на ЈСП Скопје излетал од патот Раштак – Булачани. Согласно информациите кои ги имам за среќа нема повредени граѓани, бидејќи автобусот бил празен“. „Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје. Барам […]

Со специјални адитиви патот Кичево-Охрид ќе се гради и во зима


Нема да има застој во текот на зимските месеци во изградбата на патиштата кои се градат во земјава, најави денеска од Штип директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Градежните компании кои работат на неколку патни правци во земјава имаат набавено специјални адитиви. Во зимски услови ќе се асфалтира на делница од Страцин […]

Во Македонија има епидемија на дијабетис


Во Македонија има 130 илјади дијабетичари и  уште околу 70 илјади  кои не се потврдени велат, од Клиниката за ендокринологија. Директорот на клиниката Танер Хасан вели дека бројката се зголемува и дека дијабетот расте во епидемиски бројки. Потребно е редовна медицинска контрола на луѓето со дијабет, но и едукации и кампањи за целото население. Од […]