Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци


Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци. Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален …

Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци Read More »

Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на ДЗС – плата во висина од 300.000 денари услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија


Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“. Во разговор за МИА, Максути …

Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на ДЗС – плата во висина од 300.000 денари услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија Read More »

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.  Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се …

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени Read More »

Астрономски календар


Денеска е недела, 30 јуни 2024 година, 182-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 184 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Pоденден на Кисела Вода: Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица со незаборавен концерт


По повод прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, вечер од 19 часот во паркот во Расадник ќе се одржи забава со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век  и многу други. Kако …

Pоденден на Кисела Вода: Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица со незаборавен концерт Read More »

ЦУК: Планинар паднал во провалија, „тигрите“ го извлекоа, но в болница констатирале смрт


Центарот за управување со кризи попладнево информира дека планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, тим „тигри“ го извлекле од местото на несреќата, со хеликоптер бил пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт. Денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 во ЦУК вознемирен планинар пријавил …

ЦУК: Планинар паднал во провалија, „тигрите“ го извлекоа, но в болница констатирале смрт Read More »

Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени


 Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.  Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се …

Времето утре сончево и многу топло со температури до 38 степени Read More »

Откажано уличното дефиле на француската трупа „Кидам“


Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето со жалење и со големо разочарување ве известуваат дека уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро, предвидени да се одржат вечерва, од 21 часот, ќе бидат откажани. Уметниците од француската трупа „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, …

Откажано уличното дефиле на француската трупа „Кидам“ Read More »

Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата


Премиерот Христијан Мицкоски во објава на неговиот официјален Фејсбук профил истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. Тој денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресира, како што вели, оваа значајна тема. -Во недела во која промовиравме нови странски …

Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата Read More »

„Друштво Преспа” од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи


 Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и “Бугарите“ и ги смета …

„Друштво Преспа” од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи Read More »

Метеж на „Богородица“ – Сообраќајот непречено по претежно суви коловози


 Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ, иако на “Богородица“, забележани се колони од возила. Се препорачува прилагодена брзина на движење, …

Метеж на „Богородица“ – Сообраќајот непречено по претежно суви коловози Read More »

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности


  Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром. „На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има …

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности Read More »

Сончево и потопло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност …

Сончево и потопло со мала до умерена облачност Read More »

Слободни места во вториот уписен рок за Скопје има само во „Корчагин“, сите други гимназии се пополнети


Слободни места за упис од гимназиите кои се наоѓаат на територија на Скопје и тоа за вториот уписен рок има само во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, околу 60 места. Од МОН објавија дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димиторв“ и „Орце Николов“. Тестирање за …

Слободни места во вториот уписен рок за Скопје има само во „Корчагин“, сите други гимназии се пополнети Read More »

Кучиња скитници и напуштени миленици „сеат“ страв низ Битола


БИТОЛА – Алармантна е состојбата ова лето со кучињата скитници низ Битола и најновиот тренд на битолчани да ги напуштат домашните миленици кои се однесуваат агресивно. Речиси да нема ден во полицискиот билтен да нема евидентирано по еден, два и некогаш по три случаи на каснати граѓани од кучиња скитници. Битолчани, но и гостите во …

Кучиња скитници и напуштени миленици „сеат“ страв низ Битола Read More »

Силјановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање


Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката-директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и …

Силјановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање Read More »

Парковите на Кисела Вода добиваат пречистувачи за воздух


Кисела Вода ја презема инцијативата како прва општина во Македонија што поставува надворешни пречистувачи за воздух. Во рамки на роденденското празнување, кое вклучува промоција на значајни капитални проекти, ова иновативно еколошко решение се имплементира во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. “Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, …

Парковите на Кисела Вода добиваат пречистувачи за воздух Read More »

Министерот за здравство најави нови разрешувања, спојување на Клинички центар и децентрализација на здравството


Повеќе фокус на јавното здравство, разрешување на сите економски директори, измени во Законот за здравствена заштита и спојување на Клиничката болница најави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната изјава по средбата со американската амбасадорка, Анџела Агелер. Министерот Таравари изјави и дека ќе работат на децентрализација на здравството со цел да се дадат што повеќе …

Министерот за здравство најави нови разрешувања, спојување на Клинички центар и децентрализација на здравството Read More »

Таравари: Веднаш е интервенирано по поплавата во „8 Септември“, на пат сме на решавање на проблемот


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната поплава која се случи во две операциони сали во ГОБ „8 Септември“, изјави дека по поплавата веднаш е интервенирано од компанијата која ги одржува салите, и потврди дека за ова ќе се сноси одговорност. -Поплавата се случила вчера, за денеска немам …

Таравари: Веднаш е интервенирано по поплавата во „8 Септември“, на пат сме на решавање на проблемот Read More »

Јанушев Генерален секретар на Владата, Петрова директор на УЈП… Еве ги новите функционери


Владата денеска на првата седница донесе повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции. Овие одлуки ги вклучуваат следните назначувања: Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата. Јанушев е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” …

Јанушев Генерален секретар на Владата, Петрова директор на УЈП… Еве ги новите функционери Read More »