Дрво падна врз жена во Скопје


Силен ветер откорна дрвја во центарот на Скопје. Eдно дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, јавува ТВ21. Големо паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во делот кај Европскиот универзитет во Скопје.Полицијата не дозволуваше пристап за возилата, а предупредувани беа и пешаците. Паднати голем …

Дрво падна врз жена во Скопје Read More »

По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони


По најавите за врнежи на целата територија од државата, а со оглед на тоа што почвите и теренот се релативно влажни од УХМР предупредуваат дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од …

По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони Read More »

Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија


Рано изутрината изгоре дуќан во Старата прилепска чаршија. Брзата интервенција на пожарникарите спречи го0лема опасност да ги зафати другите дуќани и чаршијата. Пожарот околу 5 часот бил забележан од работник од ЈП „Комуналец“ кој веднаш ја известил противпожарната единица. – Интервениравме со три возила и брзата интервенција беше клучна, зашто постоеше огромна опасност огнената стихија …

Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија Read More »

Новата претставничка на УНИЦЕФ, Лесли Милер му ги предаде акредитивните писма на министерот Муцунски


Новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија Лесли Милер, му ги предаде акредитивните писма на министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, соопштија од Канцеларијата на УНЦХР во Скопје. Министерот Муцунски изразил благодарност за 30-годишното партнерство меѓу Владата и УНИЦЕФ во земјава и истакнал дека истакна дека промената во општеството мора да започне од …

Новата претставничка на УНИЦЕФ, Лесли Милер му ги предаде акредитивните писма на министерот Муцунски Read More »

Поради најавите за врнежи „Водовод“ ги чисти шахтите и сливниците


Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, изведуваат засилени акции за одржување на атмосферската канализација поради најавените врнежи од дожд и засилен ветер. Покрај редовните активности, во текот на изминатите денови и од утрово, тимовите се на терен за расчистување на сливниците и шахтите, особено на критичните точки во градот. Распределени по реони, тимовите …

Поради најавите за врнежи „Водовод“ ги чисти шахтите и сливниците Read More »

Следните два дена облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи


Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.  Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд …

Следните два дена облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи Read More »

Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини


Општина Ѓорче Петров првпат ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината. Како што соопштија од општината, склучен е договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад. – Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на …

Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини Read More »

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија


Македонија губи дури 8,34 отсто од Бруто општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата – утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за мерките што ги презеле владите досега да се спречи оваа појава. Според ДЗР, одливот на таленти е алармантен  и, според сите светски организации, Македонија е …

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија Read More »

Апел од РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш


Не користете мобилен телефон додека возите. Секој повик може да почека. Покажете грижа за вашата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, апелираат од РСБСП. Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон. – Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да …

Апел од РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш Read More »

Укинување на економските директори во јавните здравствени установи денеска на владина седница


Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што, како што најавуваат, ќе се укине институцијата економски директор во јавните здравствени установи. Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека со мерката се стреми кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на …

Укинување на економските директори во јавните здравствени установи денеска на владина седница Read More »

Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини


Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ -Скопје реализираше вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во Скопје. – Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на aрената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина …

Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини Read More »

Прекинато водоснабдување за дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево


 Поради дефект на приклучна цевка од Ф – цол на ул. „Солунска глава“ 8 во Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево. ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

На „Богородица“ за излез од земјава се чека 40 минути, на „Табановце“ за влез околу 30 минути, стартуваше летниот времен режим на сообраќај за камиони


На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. …

На „Богородица“ за излез од земјава се чека 40 минути, на „Табановце“ за влез околу 30 минути, стартуваше летниот времен режим на сообраќај за камиони Read More »

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час …

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд Read More »

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 2 јули 2024 година, 184-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 182 денa.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Јаневска најавува враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска, на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК во Струга, имаше видео обраќање во кое вели има големи планови врзани со подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, како и враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците. – Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете …

Јаневска најавува враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците Read More »

Платете ги долговите кон „Водовод“ до 31 јули и нема да имате камата


„ЈП Водовод и канализација“ – Скопје спроведува акција за отплата на долговите за вода. Ако граѓаните ги платат сметките до 31 јули нема да им се пресметува камата за задоцнето плаќање „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати …

Платете ги долговите кон „Водовод“ до 31 јули и нема да имате камата Read More »

Македонското заменето со албанско знаме на врвот на Кораб


На социјалната мрежа Фејсбук од пред два дена е објавено видео на кое се гледа како едно лице најпрво го отстранува македонското знаме и го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб. Видеото е објавено од Изет Шулку, на чиј профил пишува дека живее во албанскиот град Пешкопија. На него се гледаат …

Македонското заменето со албанско знаме на врвот на Кораб Read More »

Исчистени 450 тони линдан и 250 тони контаминирана земја – остана уште петтиот лот


Вкупно 450 тони отпад од линдан и 250 тони контаминирана земја се ископани од четвртиот канал (лот) на малата депонија во кругот на ОХИС. Целата количина линдан е спакувана во буриња, при што 240 тони веќе се извезени, а наскоро и остатокот. Контаминираната земја ќе се транспортира до крајот на октомври. Досега, од малата депонија …

Исчистени 450 тони линдан и 250 тони контаминирана земја – остана уште петтиот лот Read More »

Мицкоски: Општините парите за проекти нема да ги трошат за плати и стари долгови, ќе ги добиваат на наменска сметка


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека средствата од Буџетот што ќе бидат наменети за општините ќе им бидат префрлени на локалните самоуправи откако тие ќе достават проекти и точно ќе се знае за кој проект, колку средства ќе бидат наменети. – Средствата ќе бидат префрлени до општините откако претходно општините ќе …

Мицкоски: Општините парите за проекти нема да ги трошат за плати и стари долгови, ќе ги добиваат на наменска сметка Read More »