Доктори од „Козле“ се заканија со откази ако не се смени директорката


Група доктори од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во Скопје упатија официјално протестно писмо до премиерот на Македонија, министерот за здравство, и националниот координатор за здравство. Писмото, потпишано од 30 доктори, ја изразува загриженоста за катастрофалната состојба во која се наоѓа болницата, која повеќе од 50 години се сметала за еден […]

Пуштено во употреба ново детско игралиште во Јака, во општина Илинден


Уште едно детско игралиште денеска беше пуштено во употреба во Јака, во Општина Илинден, изградено со поддршка од „Пекабеско“, во насока на одбележување на јубилеј од 45 години постоење на оваа општествено одговорна компанија. Новото детско игралиште денес го посетија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Пекабеско, Слободан Кутревски. Градоначалникот Георгиевски истакна […]

КСПС: Одливот на кадар во правосудството е алармантен


Подобрување во јавноста и достапноста на податоци за судењата, но и уназадување во перформансот и бројот на решени предмети. Формална, но не и суштинска транспарентност во работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и значителен одлив на кадар од судството и јавното обвинителство, покажуваат извештаите на Коалиција „Сите за правично судење“ што […]

Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица


Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг напади и случаи на лажно претставување во име на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги известува граѓаните дека главната цел на фишинг измамите е да се […]

Блерим Беџети го повика Артан Груби да се врати во Македонија


  Координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“ и пратеник од ДУИ, Блерим Беџети, во изјава за ТВ21 му порача на Артан Груби да се врати и да се соочи со органите на правдата и со законите. Беџети кажа дека дали е чист или сторил кривично дело, треба да утврдат уставните органи во државата. „Јавно […]

Почесниот конзул на Косово повикан во полициска станица


Почесен конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику, во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со истрагата за махинации во Државната лотарија. Во случајот е поврзан и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се бара од полицијата. Тој беше идентификуван како бизнисменот кој со своето возило […]

Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег


 Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа […]

Девет од 18-те обвинети криминалци биле уапсени во време на СДСМ


СДСМ ја нарече „китење со туѓи перја“ акцијата на МВР за пресметка со криминалните структури во земјата, тврдејќи дека таа е започната уште во 2023, како што кажал и самиот Панче Тошковски. „Тоа не е никаква акција која тој самиот или оваа Влада ја направиле, туку е акција која е наследена и целосно разработена. Потоа, […]

Повторно запалено возило во Штип, четврто за два месеца


Во Штип повторно е запалено возило,  овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Пожарот се случил на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда, а полициската станица во Штип била известена за настанот веднаш по полноќ. Запалениот автомобил, фолксваген голф со штипски регистарски ознаки, бил сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој го […]

Ќе се централизира инспекторатот за животна средина


Едно силно, централизирано тело, кое ќе врши инспекција на состојбите во животната средина се предвидува со новата програма за заштита на животната средина. Како што појасни советникот на премиерот за екологија се прави посебен правилник кој предвидува надлежноста за инспекција на влијанието врз животната средина на сите загадувачи да биде сместена во едно заедничко тело. […]

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти


Либерално-демократската партија (ЛДП) во наредниот период ќе предложи измени на Законот за основно образование со цел вработување на образовните асистенти за децата со попреченост на неопределено работно време. Околу 1300 ученици со попреченост во земјата наставата во основното образование ја следат со поддршка од образовна асистенција. Затоа, Министерството за образование и наука секоја година, преку […]

Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами


Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.  Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен […]

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Гевгелија


Најстудено утрово е во Берово, а најтопло во Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Измерени се 4 степени под нулата во Берово, минус 3 во Битола, минус 2 во Тетово, Скопје – Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, минус 1 во Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 во Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци, Скопје-Зајчев […]

Овации за „Учи ме мајко, карај ме“ со армискиот оркестар и музичарите од вооружените сили на четири држави


Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт. По интонирање на државната химна, аудиториумот во исполнетата сала имаше можност да проследи […]

Општина Карпош го усвои Буџетот за 2025 година – најмногу пари од трансфери и донации


Советот на Општина Карпош, по деталната презентација на структурните компоненти на финансиската конструкција, со мнозинство гласови од советниците беше изгласан Буџетот на Општина Карпош за 2025 година. – Оттука, Министерството за финансии ја извести Општината дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот буџет за 2025 година ќе изнесува 722.056.000 денари, а средствата кои општината […]

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј


Вселенскиот патријарх Вартоломеј испрати писмо со сочувство до архиепископот Охридски и Македомски Стефан за неодамнешното упокојување на митрополитот Тимотеј, пренесува црковниот портал Литургија.мк. – Преосвештен Архиепископе Охридски, во Светиот Дух возљубен брате и сослужителу на нашата Смиреност господине Стефане, благодат и мир од Бога нека биде на вашето Преосвештенство. Со голема тага бевме информирани за […]

Сончево со локална облачност, наутро услови за магла по котлините


Наутро има услови за појава на магла по котлините, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени. Во Скопје наутро со услови за појава […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 18 декември 2024 година, 353-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 13 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, […]

ОЈО Скопје бара од МВР распишување национална, па меѓународна потерница за Груби и за Бајрами


Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) вечерва до Министерството за внатрешни работи (МВР) издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера на Државна лотарија. Оттаму информираат дека оваа наредба е издадена до МВР по донесените решенија на Кривичниот суд Скопје со кое […]

Кривична и за експремиерот Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски


МВР ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осуммината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и екс генералниот секретар на владата Методија Димовски. Според МВР, како третопријавен, Ковачевски, тогаш во својство на претседател на владата по претходен договор со првопријавениот Перпарим Бајарми, тогаш директор на Државна лотарија, […]