Николоски ја фалеше француската компанија за надзор „Ежис“, нејзини вработени се уапсени за трагедијата во Нови Сад


  Министерот за транспорт, Александар Николоски, на неколку пати досега забележуваше зошто италијанската компанија за надзор ИРД била избрана да врши надзор на изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“, а не, според него, многу пореномирани компании од САД и Франција. Во интервју за „Фокус“ во септември Николоски рече: „Како тоа победи компанија од Италија, […]

Перински: Уште трае евалуацијата на општинските проекти


 Процесот на евалуација на пристигнатите документи од општините за владиниот повик за поддршка на општините сè уште трае и наскоро ќе има информации, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински на промоција на новата опрема за противпожарни единици во Куманово. Рокот за докомплетирање на потребната документација беше продолжен на владина седница и заврши до […]

Ќе се интензивира изучувањето на францускиот јазик во училиштата


Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на […]

Скопјани се солидаризираат за да стигнат на работа или на училиште


Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Скопјани гневни и револтирани, и утринава мора да се снаоѓаат како знаат и умеат за да стасаат до своите работни места, училишта и на други места каде што утринава треба да бидат. Застануваат на постојка со автомобил , прашуваат кој […]

ЈО: Финансиската полиција ќе ја „тресе“ јавната набавка за горивото за ЈСП


Од државното Јавно обвинителство денеска соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП. Во главниот град денеска јавниот превоз е редуциран поради недостиг на гориво за […]

Утре студен бран со дожд, снег и ветер


 Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. […]

Владата со вонредна седница ќе го решава проблемот со ЈСП


Владата во 14 часот закажа вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со јавниот превоз во главниот град. Скопјени од вчера имаат редуциран градски превоз поради недостиг на гориво за автобусите. Најголем дел од автобусите се лоцирани во базите во „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.  За денеска во 18 часот е закажана […]

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз


Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје. „Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот […]

Под Железничка ќе се прави депо за хаварисани возила


Просторот под Железничката станица во Скопје ќе стане депо за хаварисаните возила кои се отсртануваат од паркинзите во Општина центар и Општина Аеродорм. Откако Општина Центар, на свој трошок почна да ги отстранува хаварисаните возила од паркинзите и улиците на територијата на општината и ги замоли граѓаните да го направат истото, потребно е место за […]

СДСМ со предлог-мерки за излез од кризата во Град Скопје: Владата да даде гориво од државните резерви за ЈСП


Советничката група во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ денеска излезе со неколку предлог-мерки за надминување на кризата во која се наоѓа Град Скопје. Според нив, состојбата е алармантна – јавниот превоз не функционира,  преполни контејнери, смет насекаде, а основните услуги што ги заслужуваат граѓаните се целосно запоставени. Ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката […]

Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции


онесена е Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Во рамки на оваа Наредба, се воведуваат повеќе мерки кои ќе се применуваат во случаи на надминување на праговите на алармирање дефинирани во Уредбата за гранични […]

Без струја утре делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода


Без електрична енергија утре од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козле“ и дел од објектите над КАМ маркет кон Центар.  Во истиот временски период утре без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Ѓорѓи Андреевиќ“ и „Горно Лисиче“ во општина Аеродром. Од 9:30 до 13:00 часот без струја утре […]

По ноќешната бура Битола се разбуди со откорнати и искршени дрва, оштетени автомобили…


  Битола ноќеска ја зафати невреме со ветер и дожд. Бор падна врз паркирани автомобили на ул. „Смилевски конгрес“ и ги оштети. Ветрот напати со силни удари искрши и откорна повеќе дрвја на Градското шеталиште и во паркот кај Техничкиот факултет во Битола.  ЈКП „Комунаец“ на терен ги средува последиците од невремето. 

На Попова Шапка измерен -1, во Битола 10 степени


Утрово најниска температура од -1 степен е измерена на Попова Шапка, а  највисока од 10 степени целзиусови во Битола.  УХМР информира дека 1 степен е измерен во Лазарополе, Крива Паланка и Куманово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Виница и Маврови Анови, 3 во Велес и Кавадарци, 4 во Демир Капија и Крушево, 5 […]

Пред пратениците Предлог-законот за за минимална плата поднесен од опозицијата


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи новата 19.седница. Пред пратениците како точка од дневниот ред на оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, поднесен по скратена постапка од пратениците на СДСМ. Со законското решение се очекува висината на минималната […]

Во МАНУ работилница „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“


Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ, денеска организираат работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“.  На работилницата обраќања ќе имаат Катица Ќулавкова на тема „Оспорувањето на јазилниот идентитет како политички говор на омраза“, Ганка Цветанова за „Македонското […]

Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“


Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“ на Види Вака во соработка со фотографката Ерина П. Богоева ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Кинотеката на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени 15 дела на Ерина П. Богоева. Фотоизложбата, што ќе биде поставена до 25 ноември, ги пренесува приказните на 15 жени кои […]

Променливо облачно со повремен дожд и ветер, а на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти УХМР. Во […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 21 ноември 2024 година, 326-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 40 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минута, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути. Денов трае 9 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Со пари од ЕБОР ќе се решава отпадот во Полошкиот и Пелагонискиот регион


Министерор за животна средина и просторно планирање  Изет Меџити денеска потпиша договор за грант од 3 милиони евра со директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Матео Коланџели,наменети за процесот на собирање отпад во земјата.   Меџити рече дека со овој грант се очекува да се олесни процесот на собирање отпад и да придонесе за […]