Три години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица


На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул. Казна затвор од една година и осум месеци казна […]

Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени


Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, јави дописникот на МИА од Белград. – Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета, пишува порталот Телеграф, а Инстаграм страницата 192 рс. објави фотографија […]

Мрежа за родов надзор: Буџетот за 2025 година без родова перспектива


Владата мора да преземе одговорност и да овозможи јавните средства да се распределуваат на начин што придонесува кон затворање на главните јазови во еднаквоста помеѓу мажите и жените, сметаат од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) кој е член на Меѓународното партнерство за буџети (организација која го подготвува Глобалниот индекс на отворен буџет), како […]

СДСМ: Запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани


СДСМ денеска информираше дека е запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски и бара Министерството за внатрешни работи и сите останати надлежни институции веднаш да постапат и да ги пронајдат сторителите. – Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било […]

Повик за донација на книги во рамките на иницијативата „Сподели Авторка“ во „Лабораториум“


Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела“ денеска напладне во „Лабораториум“ организира настан за донација на книги во рамките на иницијативата „Сподели Авторка“. Целта на иницијативата, која започна пред три години, е промовирање на женското литературно творештво и достапноста до феминистичката литература во јавните библиотеки. – Но, „Сподели авторка“ е многу повеќе од ширење и поддржување […]

Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор


 По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“. Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на […]

Свеченост по повод 80 години НУБ „Св.Климент Охридски“ Скопје


Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска напладне ќе биде одбележан јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година. Од НУБ „Св.Климент Охридски“ најавија дека […]

Променливо облачно, повремен снег во западните делови


Времето претпладне ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 километри на час) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Владата анализира проект за набавка на 100-120 електрични автобуси за јавниот градски превоз во Скопје и во други градови


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку  и за општини каде што има организиран јавен градски превоз. – Анализираме […]

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во „Вечер“


Денеска, по долго боледување, нè напушти новинарката Валентина Марјановиќ. Таа беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата […]

Ветерот откорна делови од покривите на две згради во „Областа“ во Битола (фото)


Битола – Ветерот во Битола предизвикува голема материјална штета на објекти во Битола. Напати и со брзина од 60 до 70 километри на час откорна делови од покриви на две згради во „Областа“ во Битола и предизвика штети и на паркирани автомобили. (А.Б)

Музејот во Јени џамија блесна пред Денот на албанската азбука во Битола


  БИТОЛА – Бурни реакции во македонската и особено битолската јавност предизвика отворањето на Музејот на христијанското и исламското културно наследство, сместен во Јени џамија во Битола, каде во нејзините темели се наоѓа некогашната катедрална црква „Свети Ѓорѓи“. Случајно е отворањето на Музејот Јени Џамија во предвечерието на денот на албанската азбука,  категорични се од […]

Да се обезбедат автобуси од Шуто Оризари – оти за еден месец пак ќе има протест


Автобуси од Шуто Оризари кон центарот на Скопје немало и денеска, а состојбата е таква речиси секојдневно, во последните месеци, рече градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој денеска со голем број жители на оваа скопска општина се појави на протест пред канцелариите на Град Скопје. – Бараме итно да постапите по возниот ред […]

Радовиш, Конче и Василево од две фотонапонски централи ќе добиваат струја


Пуштени во употреба фотонапонскиte централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430kw и софтверски дигитален систем. Oпштините Конче, Василево и Радовиш ќе имаат снабдување со електрична енергија од овие фотонапонски централи. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска на пуштање на фотонапонските централи истакна […]

Во Штип силниот ветер откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти


Откорнати дрва, паднати гранки, оштетени автомобили, ваква е сликата на терен во центарот на Штип денеска поради силниот ветер. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции. Од ТППЕ Штип потенцираа дека имале четири интервенции на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај […]

(Во живо) Протест на жители од Шуто Оризари пред Град Скопје


Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.  Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да […]

Не паркирајте под високи или суви стебла, апелираат од „Паркови и зеленило“ ќе има невреме


Поради најавите од УХМР за засилен ветер во попладневните часови, проследен со врнежи од дожд, од ЈП Паркови и зеленило апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.  Од УХРМ со предупредување за обилен дожд. – Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи […]

Засадени 40 илјади садници во Општина Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. На површина од 20 хектари засадени се 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен.  Во акцијата, како што информира Општина Ѓорче Петров, учествуваа екипи на ЈП „Национални шуми“, градоначалникот Александар […]

Граѓаните кои не одат на лекарски преглед во Мој термин, да го откажат со СМС порака


Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе […]

Андовски: 66.674 граѓани бесплатно вакцинирани против сезонски грип


Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска на прес-конференција изјави дека годинава има одличен одѕив за бесплатната вакцинација против сезонски грип. Согласно податоци од Управата за електронско здравство, преку апликацијата vakcinacija.mk, досега биле пријавени 75.712 лица и биле вакцинирани 66.674 граѓани. -Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни […]