Со 20 милиони евра, ќе се гради подземна гаража под плоштадот „Скендербег“ во Скопје


Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за изградба на подземна гаража под плоштадот „Скендербег“. Овој повеќегодишен проект кој предвидува изградба на 371 паркинг-место, распоредени на две нивоа ќе се простира на повеќе од 13.000 метри квадратни. Соодветно, ќе има обезбедено места за лица со посебни потреби, рече министерот за животна средина и просторно […]

ЈПДП: Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите


Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса.  -Јавното претрпијатие за државни патишта презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа […]

(Во живо) Прес-конференција на Изет Меџити


Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити со прес-конференција во Медиа центарот на Владата на Северна Македонија. Проследете ја во живо:

Ленче Ристоска: Многу се зборува за корупцијата, малку се презема против неа


  Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаваат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова е главната порака од настанот „Мојот антикорупциски дневник“ чија цел е да ги едуцира младите и младите политички лидери за етичко лидерство и отчетно владеење.  Во изјава за медиуми пред почетокот на […]

МОН ги повикува сите кои забележале грешки во учебниците од прво до трето одделение да пријават


Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение. Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и […]

Во туристичката населба Беровско Езеро се гради крак 4 од секундарата водоводна мрежа


– Во тек е изградба на четвртиот крак од секундарната водоводна мрежа во туристичка  населба Беровско Езеро. Градежните работи, како што соопшти денеска беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, се во должина од околу 500 метри. Со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, како што додаде тој зголемена е и потребата од вода, со […]

Меџити: Владата пак ќе даде нафта за ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот


Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, […]

Арсовска: Долгот кон ЈСП ќе биде 10 милиони евра – веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз


Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Превозот за студентите, вкучително и за оние […]

Новиот Закон за употребата на македонскиот јазик сѐ уште не се применува


Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал. Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави […]

По 37 години брак, 61-годишна скопјанка го роди Петар


  Мајката, која 35 години се борела со стерилитет, имала десет ин витра и десет спонтани абортуси, денеска беше испратена од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје дома, со својата рожба Петар в раце. Таа, на 61-годишна возраст, е највозрасната родилка во Македонија. „Овие родители не потклекнале на неуспесите, не потклекнале на притисоците […]

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд


До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури, информираат од УХМР.  Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините […]

Изјава на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (во живо)


Изјава на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.

Скопје доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија (Фото)


  Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од Скопје денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.   „Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го […]

Примопредавање на шест нови еколошки автобуси за ЈСП Скопје (во живо)


Примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас коишто се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.   Овие автобуси се обезбедени преку проектот EU4Clean Air вреден 10 милиони евра, кој треба да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Куманово и […]

Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра


Раде Трајковски Штекли на својот Инстаграм профил објави оглас за вработување на лично обезбедување. Штекли бара четири лица, кои треба да поседуваат воено или полициско искуство, платата е 3000 евра. Досега имаше три неуспешни обиди за ликвидирање на Штекли. Два пати беше пукан во трговскиот центар Ист Гејт, додека последниот пат бомба беше фрлена во […]

Жените со јавни позиции во РСМ лесно се мета на говор на омраза


И покрај видливиот напредок во борбата за правата на жените, нивната поголема застапеност во политиката и поизразеното присуство на темите што ги засегаат жените, тенденциите за изразување презир и навреди кон жените продолжуваат да постојат. Конкретно, мета на овој напад се жените, кои поради својата професија се сè повеќе експонирани во јавноста, што најмногу се […]

Осветлени споменикот и бистите на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште


Осветлени се споменикот и бистите на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, информираат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.   – Во рамките на проектот „Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на месноста викана […]

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента


Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на […]

ЈСП ќе добие шест автобуси на гас донација од ЕУ


Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“. -Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот […]