Филков: Комората за вештаци регистрирана во Централниот регистар, почеток на нова реформа во правосудството


Комората за вештаци на 25 октомври годинава е регистрирана во Централниот регистар со што може да кажеме дека по осум години таа профункционира. Со ова обезбедуваме поголема, транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето, порача министерот за правда Игор Филков.  Со ова, порача Филков, означуваме една нова реформа на нашиот правосуден систем и ќе […]

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница


  Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не објавува конкретно дали станува збор за срцев удар. „Почитувани и исто толку драги, вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. […]

Герасимовски: Учениците бараат почист воздух, неопходна е стратегија од сите општини и градската власт


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово одржал час по локална самоуправа со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, при што ги запознал со работата на локалната самоуправа и тековните активности, но и како функционира Советот. Како што соопштија од Општина Центар, Герасимовски потенцирал дека еден од главните приоритети во неговиот мандат […]

Сараево утрово прв на листата на градови во светот со најзагаден воздух, Скопје на четвртото место


 Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“. Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312. Зад Сараево на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет […]

Град Скопје објави оглас за членови на Скопје ЕПК 2028


Град Скопје во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје го објави јавниот повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.   Јавниот повик е отворен за учество за […]

Во Скопје се одржува дијалог за политики на високо ниво за јавна администрација во Западен Балкан (во живо)


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за јавна администрација Горан Минчев ќе се обратат на отворањето на дијалогот за политики на високо ниво (HLPD) за јавната администрација во Западен Балкан во рамки на Годишната министерска конференција на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) во организација на Министерството за јавна администрација.   

Сонот на Елма Дервишовска за мал дуќан во прилепската чаршија


Отсекогаш сакав да имам свој сопствен бизнис и го постигнав тоа. Сакав нешто што нема во градов. Да немам конкуренција. Планирам да продолжам со работата и да го проширам бизнисот. Би им препорачала на сите, да не одат од Македонија, да останат тука, да отворат свој сопствен бизнис. Да ризикуваат Елма Дервишовска e млада жена […]

Без вода селото Грчец


Поради реконструкција на водоводна мрежа денеска без вода ќе биде селото Грчец, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на работните активности. 

Без струја дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром


Без електрична енергија во одреден временски период денеска ќе останат дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром. Од ЕВН Македонија АД информираа дека без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе останат дел од потрошувачите на ул. „Панче Пешов“ бр.1,3,5 и 7, во општина Гази Баба, а во периодот од 08.30 […]

Пуштање во употреба на пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево


Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево. Како што информира Општина Сарај, ова е прва директна инвестиција од Европската Унија во кањонот Матка преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија. […]

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години


Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје  денеска со свечена конференција ќе одбележи 75 години од формирањето. На конференцијата се најавени обраќања на  деканот на Архитектонскиот факултет, проф. д-р Огнен Марина, и ректорот на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. Излагања ќе имаат почесните гости од архитектонските факултети во Загреб и Белград, доц. […]

Презентација на публикација „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот“


 Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе биде презентирана публикацијата „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Како што е најавено, на презентацијата ќе се обратат в.д. шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса и заменик-претседателката на Собранието на Северна Македонија Весна Бендевска. Ова […]

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе го одбележи Денот на Академијата. Настанот ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов. На Денот на Академијата ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески” на годинашниот добитник Мотоки Номачи, а пригоден […]

Сончево со умерена локална облачност, претпладне магла по некои котлини


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.  Во Скопје, претпладне во делови од […]

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години


 Министерството за транспорт  во соработка со Генералниот секретаријат и Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз. -Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е […]

Кратењето на вработени во јавната администрација ќе почне од ресорното министерство


Реформата во јавната администрација со сите аномалии кои ги има, не е процес кој може да се заврши преку ноќ. Прво тоа е процес на носење закони, но тие мора да бидат содржајни, квалитетни и применливи, за понатаму да следи втората фаза, односно примената на овие закони. Во право сте, имаме преголема, пребавна јавна администрација. […]

Жичницата на Водно нема да работи утре


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје известува дека утре жичницата на Водно нема да биде во функција поради предвидени технички зафати. Во четврток објектот ќе продолжи да работи со вообичаено работно време.

ФЗО и ЗПЛ согласни – доктори во мали места може да работат без медицински сестри


Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови. Тема на разговор […]

Скопје ќе се украсува, а како ќе се знае следната седмица


Скопје ќе добие новогодишно украсување, но сѐ уште не се знае точно кога би почнало да се поставува. Според градоначалничката Данела Арсовска, постапките се веќе отпочнати и повеќе информации за јавноста најави од наредната седмица. -За тогаш ќе имаме и информации и за новогодишната ноќ и за сето останато, рече денеска Арсовска на прес-конференција по […]