Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а е со цел унапредување на билатералната соработка на полето […]

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента


Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на […]

Промовирана публикација за преводот во македонската книжевноисториска традиција (IX-XVIIIвек) од Сунчица Трифуновска Јаниќ


Публикацијата „Преводот и преводно-компилаторската творечка постапка во македонската книжевноисториска традиција (IX-XVIIIвек) од авторката Сунчица Трифуновска Јаниќ беше промовирана синоќа во Општина Брвеница. Книгата е прво дело на авторката, а промотори беа универзитетските професорки д-р Мери Јосифоска, д-р Веселинка Лаброска и доц.д-р Лилјана Ѓорѓиева. -Во оваа книга е обработен суштински период од македонскиот јазик, којшто сега […]

Без струја делови од Бутел, Карпош и Сарај


Корисниците од ул. „Александар Турунџов“ во општина Бутел денеска од 8 до 12 часот ќе останат без електрична енергија. Според известување од ЕВН Македонија АД, од 9 до 12 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од ул. „Панче Пешев“ бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош и корисниците од селата Глумово, Шишево […]

Без вода дел од корисниците во општина Карпош


 Корисниците на потегот од ул. „Љубљанска“ до ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош денеска од 9 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка ф 5/4“ на бул. „Илинден“ бб и ќе трае до негово санирање.

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје


 Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ го организира Четвртиот Меѓународен форум за креативни индустрии „Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија“.  Форумот има за цел да ја истакне улогата на културата и креативноста како поттикнувачи на креативната економија, како и да ги анализира можностите […]

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје


Осмиот Медиумски фестивал Скопје ќе се одржува од денеска до 28 ноември во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување.  Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните […]

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен


Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен. Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Пригодни излагања ќе имаат проф. […]

Ведро и студено, преку денот сончево


Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје наутро […]

Првпат мајка на 61 година – на Гинекологија се породи највозрасната прворотка


Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска-Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.  Вакви случаи во светот се ретки, а кај нас уште […]

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата – учениците ослободени


Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели […]

Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir


Скопје, македонската престолнина, вечерва се наоѓа на осмото место на глобалната листа на градови со највисока загаденост на воздухот, со индекс на квалитет на воздухот ((ФОТО) Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir од 179. Според податоците од IQAir, најзагадениот град во светот е Сараево, Босна […]

Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст


Дијагнистицирањето на  заостанување на растот кај децата во земјава е дури во 11 и 12 година од животот, а тоа најчесто го откриваат нивните родители. За ендокринолозите и Здружението на граѓани „Раст“ тоа е доцна фаза. Земајќи го во предвид фактот дека последните години во Велес и земјава има зголемен број на откриени случаи на […]

Кешишов ја смени писмената изјава, Палевски го натерал да ја напише


  Влатко Кешишов, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска направи нов пресврт во процесот, велејќи дека писмената изјава што ја достави на минатото рочиште била напишана под притисок на главниот осомничен Љупчо Палевски. Во таа изјава напишана рачно стоеше дека Палевски во деновите на убиствата на Вања Ѓорчевска и […]

Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од Глишиќ кон Марена


Општина Кавадарци гради велосипедско-пешачка патека од приградската населба Глишиќ кон село Марена, излегувајќи во пресрет на велосипедистите и сите љубители на пешачењето, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.   – Интензивно се работи на новата велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена во должина од 854 метри. Инвестицијата од 10.000.000 денари е на Општина […]

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, присуствуваше на првата средба на работна група за подготовка на првиот закон за безбедност на информациско-комуникациски системи или попознат како закон за сајбер безбедност. Министерот појасни дека се работи на овој закон и кон крајот на јануари 2025 би требало да влезе во владина процедура. „До јануари 2025 година […]

Директорката на Средношколскиот дом од Битола за која се води истрага поднесе оставка


  БИТОЛА – Елена Спасеновска, директорка на Средношколскиот дом ДУД „Мирка Гинова“ во Битола, денеска си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, потврдуваат извори од Домот за „Независен“.   Дознаваме, повод за оставката биле „здравствени причини“, според нејзиното образложение напишано во дописот.  Во Средношколскиот дом во Битола денеска заседава Управниот одбор, кој од пред два месеца е […]

Меџити: Нема да се гради асфалтна база во Визбегово


Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја посети индустриската зона Визбегово, каде се сретна со стопанствениците од оваа скопска зона. Вицепремиерот Меџити, кој работната посета ја оствари на барање на стопанствениците, со нив разговараше за актуелните проблеми, за патот и пристапот до економската зона Визбегово, како и за главното барање за […]

Петмина раководители од СВР Битола веќе добија откази околу дозволите за оружје


  БИТОЛА – Африм Шабани, актуелен помошник на началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески доби отказно решение за аферата со издавање одобрение за набавување на оружје. Шабани на оваа позиција беше во последните девет години, и беше помошник на неколку началници на СВР Битола, како и на сегашниот Сашо Мирчески.  Петмина високи полициски службеници од […]

Избран е новиот состав на Комисијата за помилување


  Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување на шефот на државата, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Претседалка на Комисијата е  д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски, проф. д-р Блерта […]