Ќе се централизира инспекторатот за животна средина


Едно силно, централизирано тело, кое ќе врши инспекција на состојбите во животната средина се предвидува со новата програма за заштита на животната средина. Како што појасни советникот на премиерот за екологија се прави посебен правилник кој предвидува надлежноста за инспекција на влијанието врз животната средина на сите загадувачи да биде сместена во едно заедничко тело. […]

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти


Либерално-демократската партија (ЛДП) во наредниот период ќе предложи измени на Законот за основно образование со цел вработување на образовните асистенти за децата со попреченост на неопределено работно време. Околу 1300 ученици со попреченост во земјата наставата во основното образование ја следат со поддршка од образовна асистенција. Затоа, Министерството за образование и наука секоја година, преку […]

Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами


Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.  Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен […]

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Гевгелија


Најстудено утрово е во Берово, а најтопло во Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Измерени се 4 степени под нулата во Берово, минус 3 во Битола, минус 2 во Тетово, Скопје – Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, минус 1 во Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 во Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци, Скопје-Зајчев […]

Овации за „Учи ме мајко, карај ме“ со армискиот оркестар и музичарите од вооружените сили на четири држави


Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт. По интонирање на државната химна, аудиториумот во исполнетата сала имаше можност да проследи […]

Општина Карпош го усвои Буџетот за 2025 година – најмногу пари од трансфери и донации


Советот на Општина Карпош, по деталната презентација на структурните компоненти на финансиската конструкција, со мнозинство гласови од советниците беше изгласан Буџетот на Општина Карпош за 2025 година. – Оттука, Министерството за финансии ја извести Општината дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот буџет за 2025 година ќе изнесува 722.056.000 денари, а средствата кои општината […]

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј


Вселенскиот патријарх Вартоломеј испрати писмо со сочувство до архиепископот Охридски и Македомски Стефан за неодамнешното упокојување на митрополитот Тимотеј, пренесува црковниот портал Литургија.мк. – Преосвештен Архиепископе Охридски, во Светиот Дух возљубен брате и сослужителу на нашата Смиреност господине Стефане, благодат и мир од Бога нека биде на вашето Преосвештенство. Со голема тага бевме информирани за […]

Сончево со локална облачност, наутро услови за магла по котлините


Наутро има услови за појава на магла по котлините, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени. Во Скопје наутро со услови за појава […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 18 декември 2024 година, 353-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 13 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, […]

ОЈО Скопје бара од МВР распишување национална, па меѓународна потерница за Груби и за Бајрами


Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) вечерва до Министерството за внатрешни работи (МВР) издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера на Државна лотарија. Оттаму информираат дека оваа наредба е издадена до МВР по донесените решенија на Кривичниот суд Скопје со кое […]

Кривична и за експремиерот Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски


МВР ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осуммината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и екс генералниот секретар на владата Методија Димовски. Според МВР, како третопријавен, Ковачевски, тогаш во својство на претседател на владата по претходен договор со првопријавениот Перпарим Бајарми, тогаш директор на Државна лотарија, […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во Дебар, ноќеска тресело низ цела Македонија


Се работи за земјотрес со јачина од 4 степени недалеку од македонско-албанската граница. Жителите на Дебар го почувствуваа овој потрес. Епицентарот на земјотресот е лоциран во Албанија, на 44 километри од Тирана, на длабочина од 4 километри. Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во […]

Град Скопје ги упати аеродромци за семафори кај „Љубен Лапе“ да се обратат до СВР Скопје


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата.   Проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. „Васко Карангелевски“ и […]

Определен притвор од 30 дена за Артан Груби


На поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој со албански пасош избегал од Македонија кон Косово, Кривичниот суд му определи мерка притвор, по налог на Обвинителството. Од Кривичниот суд,  соопштија дека е определена мерка притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами. „По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за […]

Сообраќајкa кај рафинерија „Окта“ се вози една лента, а камионите се пренасочуваат


Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

МВР: Кривичните пријави за Ковачевски и Димовски се за тоа што Лотарија била ставена на точка на дневен ред во владата


  Министерството за внатрешни работи по појаснувањето на Јавното обвинителство попладнево преку соопштение ги наведува деталите од кривичните пријави за осумтемина осомничени во случајот со Државната лотарија. ВМР соопштува зошто се пријавите за поранешниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот генерален секретар Методија Димовски. За нив има кривична пријава затоа што предметот за Државна лотарија го […]

Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок сѐ до санирање на дефектот


По минатонеделното излевање на вода на улицата „Никола Парапунов“ во Општина Карпош, од ЈП „Водовод и канализација“ за МИА информираат дека, според информациите што ги имаат, најавениот прекин на вода во Скопје ќе биде после 22:00 часот во петок (20 декември) и ќе трае се до санирање на дефектот. Вода во Скопје ќе имаат жителите […]

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани


Проблемите на скопјани поради кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани и се решаваат многу едноставно. Нив треба да ги решат 45. лица коишто земаат по 600 евра за присуство на седница во Советот на град Скопје. Тоа е единствениот начин, порача денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.  – Како што постои во […]

Нов правилник за велопатеки и субвенции за купување велосипеди


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставниците на граѓанското здружение „Биди зелен“. Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирањето нови прописи со кои се уредуваат планирањето и проектирањето велосипедска инфраструктура во населено […]

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара


Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија. Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше […]