Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани


Проблемите на скопјани поради кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани и се решаваат многу едноставно. Нив треба да ги решат 45. лица коишто земаат по 600 евра за присуство на седница во Советот на град Скопје. Тоа е единствениот начин, порача денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.  – Како што постои во […]

Нов правилник за велопатеки и субвенции за купување велосипеди


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со стручните служби од Секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставниците на граѓанското здружение „Биди зелен“. Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирањето нови прописи со кои се уредуваат планирањето и проектирањето велосипедска инфраструктура во населено […]

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара


Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија. Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше […]

Куманово во 2025 ќе има речиси 49 милиони евра буџет, основен речиси 23 милиони


Куманово за 2025 година ќе има буџет од речиси три милијарди денари. Советот на општина Куманово го изгласа буџетот кој изнесува 2.991.022.424 денари, од кои основниот е 1.402.411.427 денари, приходи ос самофинансирачки активности 76. 735. 984 денари, приходи од дотации 1. 483. 468. 354 и приходи од донации 28. 406. 569 милиони денари. -Буџетот е […]

Обвинителството појаснува: Кривичните пријави против Ковачевски и Димовски се проверуваат


  Републичкото јавно обвинителство денеска појасни дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот генерален секретар на владата, Методија Димовски, не се опфатени во истрагата за случајот „Лотарија“, но и дека кривичната пријава поднесена против нив од МВР не е отфрлена. Забуната во јавноста настана бидејќи МВР поднесе кривични пријави против осум лица за случајот „Лотарија“, […]

Потпишан меморандум за соработка на граѓанска коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило


Меморандум за соработка на граѓанската коалиција за борба против злоупотреба на урбано зеленило беше потпишан денеска во Кино „Кисела Вода“. Како што беше појаснето, претставници на граѓански организации, институции, експерти се здружуваат за да може поефикасно да се води борбата против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење, поради што неповратно се уништува урбаното зеленило, за […]

Арсовска: Санацијата на главниот цевковод нема да трае долго, нема потреба од дотур на вода


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека санирањето на главниот цевковод во главниот град, кое е најавено за во сабота, нема да трае подолго од една обична санација на дефект. -Од „Водовод“ веќе известија иницијално. Се работи за зафат кој има сложен и оперативен план и затворање на една од главните доводни цевки на […]

Во штипската Клиничка болница се отвори амбуланта за васкуларна хирургија


 Амбуланта за васкуларна хирургија од денеска официјално е отворена во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден е потпишан договорот со Универзитетската клиника за Тораковасуларна хирургија и Клиничка болница, со што доктор специјалист по васкуларна хирургија ќе врши прегледи во штипската болница. Пациентите ќе имаат можност […]

Обраќања по повод акцијата за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош (во живо)


Акција за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош. На настанот, кој е дел од акцијата за урбано зазеленување во Скопје, со донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, се најавени обраќања на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Микела Телатин, претставничка на […]

Корупцијата е „исплатлив“ бизнис – урбанизмот во канџите на градежните фирми


Најголемите ризици од корупција на локално ниво се забележани во процесот на доделување и продажба на градежни дозволи, при јавните набавки и при доделување на Б-интегрираните дозволи, покажуваат резултатите од истражувањето во неколку големи општини спроведено од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) соопштени на денешната конференција „Заштита од корупција: Перспективи и решенија на локално ниво“. […]

Левица: Семејни кланови одземаат детски животи во Македонија


Клиниката за педијатрија е претворена во семеен клан, каде приоритетите се лични интереси, а не здравјето на децата, тврди партијата Левица.   „Левица неколку пати досега алармираше за ужасната состојба на оваа институција, за која и покрај нашите реакции во последните шест месеци за инволвираноста на семејството Мемеди, не е преземено ништо. Ова дополнително укажува […]

Ненадејно почина д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот факултет при Универзитетот Скопје


Неочекувано почина професор д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје. За само 11 дена тој ќе го славеше својот 64-ти роденден. По неговото изненадно заминување, колегите од универзитетот се простија со емотивна порака: „Те очекувавме на утринското кафе пред да започнеме со часовите, но наместо тебе […]

Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото бебе


 Вонреден инспекциски надзор денеска врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото седуммесечно бебе, потврди директорот на Инспекторатот во изјава за медиуми, Кирил Лазов. -Да, во текот на денешниот ден од моја страна беше издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести со сознание за починато седумесечно бебе кое по искажување […]

Послаб земјотрес претпладнево во Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево, 17.12.2024 година, во 11 часот и 41минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0. Според […]

Зголемен бројот на неажурни судови во третиот квартал од 2024 година


Се зголемува бројот на неажурни судови во државава, покажува Извештајот на Судски совет за работа на судовите во трет квартал од 2024 година. Според извештајот, како неажурни во третиот квартал се оценети Вишиот Управен суд, Управниот суд, Врховниот суд и сите апелациони судови, односно Апелациониот суд Битола, Апелациониот суд Штип, Апелациониот суд Гостивар и Апелациониот […]

По гајдата, Македонија во март ќе аплицира во УНЕСКО со чалгии, ајвар и етноастрономска карта


По гајдата, Македонија во март, 2025 ќе аплицира во УНЕСКО за репрезентативната листа за нематеријално културно наследство на човештвото, со чалгии, ајвар и етноастрономска карта, изјави, вчера, на прес-конференцијата во Скопје,  директорката на Управата за заштита на културно наследство Весела Честоева.  „ 78 нематеријални културни добра веќе се валозирани од комисиите, во изминатиов период, и […]

Судот им ги одзеде пасошите на четири лица во истрагата за Лотарија


  Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.  Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, одземени им се патните исправи […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка


Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Тетово, -3 во Скопје-Петровец и Битола, -2 во Маврови Анови, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, Дебар и Велес, -1 во Крива Паланка, Претор, Штип, Куманово, Кавадарци, 0 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 2 на Попова Шапка, како и 6 степени во Гевгелија. […]

„Пекабеско“ донираше медицинска опрема за Детската клиника


Македонскиот бренд „Пекабеско“ годинава слави значаен јубилеј – 45 години од своето основање. Компанијата која преку успешна работа, препознатлив квалитет, инвестиции и иновации во производството, но и вистинска грижа за заедницата уште еднаш покажа дека ја заслужува лидерската позиција во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност. -Децата се нашето најголемо богатство. Како општествено одговорна […]

Протест на родители пред ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, бараат да се реши проблемот со небезбедната крстосница


 Родители на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и жители на Аеродром утрово одржаа мирен протест пред училиштето со барање да се реши проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Карангелески“ и „Коста Новаковиќ“. Тие велат дека е сериозно загрозена безбедноста на учениците, родителите, жителите во оваа област, но и на останатите учесници во сообраќајот.  Поради […]