Нема да дозволиме Скопје да ја изгуби титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, вели Љутков


Важно е со титулата Европска престолнина на културата за 2028 година да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Веќе стигнуваат интересни иницијативи во однос на програмите, иако загубивме година дена без помош од градот Скопје, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека е во комуникација со […]

Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа


Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска  ЈП „Водовод и […]

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје


Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, Компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град. Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја […]

Од први јануари задолжителни регистарски таблички со ознака НМК


Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака […]

Новиот член на Советот на јавните обвинители Ардијан Демири даде свечена изјава


Новиот член на Советот на јавните обвинители , Ардијан Демири денеска даде свечена изјава пред пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти собраниската прес-служба. Свечени изјави пред Гаши денеска треба да дадат и новозибраните членови на Судскиот совет, Данка Ристова и Аритон Ала.

Според пописот, во Косово живеат 9.140 припадници на македонската горанска заедница


  Според резултатите од пописот, спроведен годинава, во Косово живеат 9.140 припадници на македонската горанска заедница, со Уставот признати како етничка заедница Горани. Според табелата на конечни резултати, во однос на етничката припадност, објавена од Агенцијата за статистика, од вкупниот број најголем процент или 7.828 се во општина Драгаш, каде територијално припаѓа областа Гора. Значителен […]

Реакција: ВМРО-ДПМНЕ организира протести за плата и таму каде што е исплатена


Од ЈП Улици и патишта утрово испратија реакција по повод протестот на нивните вработени пред Град Скопје.Како што велат, вработените имаат земено плата, па нејасно е зошто синдикатот протестира. „Поврзано со почитички мотивираниот протест денес пред јавното претпријатие Улици и патишта Скопје и Град Скопје, како што и беше очекувано од суетата на Мицкоски, се […]

Скопје десетти најзагаден град во светот, прв во Европа


 Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во […]

Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15


Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15. Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија,  КСОМ.  

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул


Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец […]

Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“


По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер од 22 часот во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираат дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено. Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата […]

ИЈЗ со препораки за скопјани во периодот кога нема да има вода


Во контекст на најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје, Институтот за јавно здравје на Македонија излезе со препораки за да се подготвите и да го минимизирате влијанието: П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟ 1.Складирање вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице […]

Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Како што соопшти УХМР, […]

Промоција на редизајнираниот Национален портал – Uslugi.gov.mk


 Во организација на Министерството за дигитална трансформација денеска 11 часот ќе се одржи конференција насловена „Националнен портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе има презентација на најважните нови функционалности на порталот. На конференцијата ќе говорат и првите луѓе на институциите чии што нови услуги се достапни […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 20 декември 2024 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 11 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, […]

Објавена е листата на најмоќните пасоши во светот. Еве како стои македонскиот 


Објавено е најновото рангирање на најмоќните пасоши во светот кое секои три месеци го објавува Henley Passport Index. Индексот е создаден од лондонската компанија за глобално државјанство и престој Henley&Partners користејќи податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA). На прво место се Обединетите Арапски Емирати, чии граѓани можат да уживаат безвизен пристап или пристап […]

Потребен ни е нов Кривичен законик, базиран на европското искуство, вели премиерот


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е потребен нов Кривичен законик кој ќе биде базиран на европското искуство, затоа што овој Кривичен законик ваков каков што е, ќе значи амнестија за дел од сторениот криминал за кој што постои основано сомнение и докази. -Овој Кривичен законик ваков каков што е сега, условно кажано ќе значи амнестија […]

Скопско Кале ќе се отвори за посетители


 Скопското Кале до почетокот на летото би требало да биде официјално отворено за посетители, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. – Вчера го имав првиот состанок со Советот за културно наследство, со кој го видовме и извештајот кој што беше направен од работната група формирана од Управата за заштита на културното наследство и […]

Нови 118 случаи на грип во државава


Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип – 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево. Седумдесет и четири лица се на возраст од 15 до 64 […]

(Галерија) Скопје се задушува во смог


Смогот повторно го поклопи Скопје, придонесувајќи македонската метропола уште еднаш да се најде меѓу најзагадените градови во светот, според податоците на платформата IQAir. Индексот на квалитетот на воздухот попладнево по 16 часот беше 154 и ја доби ознаката „нездраво“, додека количината на ПМ2,5 честичките беше 60,2 милиграми на метар кубен, според податоците на познатата платформа […]