Предновогодишна музичка програма „Аеродром пулсира vol.3”


Четиричасовна музичка предновогодишна програма со настап на домашни музички ѕвезди организира вечерва Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје. Настанот ќе почне од 18:30 часот пред платото на трговскиот центар, а како што најавуваат организаторите, ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Тони Зен, Пајак и Лара и Каролина Гочева. Покрај музичките настапи, организаторите најавуваат и […]

Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника


 На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје денеска ќе се одржат два предновогодишни настани.  Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со почеток во 10:30 часот ќе организира показна вежба со наслов „Да подариме насмевка“ за сите хоспитализирани […]

Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа


Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат дека санацијата ќе заврши за најмногу 15 часа, а Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Поради најавената санација, изминатите денови беше забележана зголемена продажба на вода по маркетите. Според информациите од „Водовод […]

Амбициозниот план за Расадник во Кисела Вода доцни една година, ќе влезе во изборната 2025


  Реализирањето на големиот проект за новата амбициозно најавувана населба во скопската општина Кисела Вода би требало да почне да се спроведува во 2025, последната година од работата на овие општински власти. Попрецизно кажано, да почнат „техничките подготовки“ за помпезно најавуваниот проект. Со задоцнување од една година од најавеното, Општина Кисела Вода најавува дека на […]

Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени Целзиусови. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен […]

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени преку игри во образованието


Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието и на штета на воспитно – образовниот процес!  Законот за средно образование кој го предложивме во Собранието и предвидуваше повеќе нови права и можности за наставниците, стручните соработници, учениците и родителите, вклучително и изборна можност за интонирање на македонската химна […]

Згрешен број на шасија ги паркираше шесте нови еко-автобуси


Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил […]

Гази Баба објави Јавен повик за најубаво новогодишно украсување!


Општина Гази Баба објави Јавен повик за најубаво новогодишно украсување!  – По повод новогодишните и Божиќните празници ги повикувам жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме со свој придонес во новогодишното украсување, порача градоначалкникот на Гази Баба Бобан Стефковски.  За таа цел, општината обезбеди парични награди за најубаво […]

Кривична пријава за полициски службеник од ГП „Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава


МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Б.Ј. од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Тој, според МВР, не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното […]

Дури во јуни в година може да почне изградбата на современа депонија Русино


Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во придружба на градоначаникот на Гостивар Валбон Лимани денеска го посети претпријатието ‘Русино-Полог’ во Гостивар, каде се сретна со директорот на претпријатието, Сазан Хорвати  а по средбата, тие заедно ја посетија депонијата Русино, која опслужува девет општини од Полошкиот регион, со […]

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски


Адвокатот на Александар Ѓорчевски, денеска, по завршувањето на судското рочиште во Основниот кривичен суд за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, на кое се изведуваа материјални докази, рече дека се потврдило неговото тврдење дека немало никаква комуникација помеѓу таткото на Вања и првоосомничениот Љупчо Палевски. – Самиот јавен обвинител го потврди […]

Таравари: За неколку директори правиме евалуација, за тоа како водат, колку стручно и компетентно


Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево изјави дека за неколку директори се прави евалуација околу тоа како ја водат здравствената установа, колку стручно и компетентно. -Ги евалуираме повеќето директори, ни требаат повеќе индикатори. Не сакаме емоционално да постапиме. Ни требаат сигурни докази таму каде што гледаме дека директорите не раководат баш како што треба, треба […]

Вевчанскиот карневал повторно член на Федерацијата на европски карневалски градови


Вевчанскиот карневал по 20 години, повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови. Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, според градоначалникот Спасе Кочовски, го изгубил статусот поради неплатена чланарина. – Со посветеност и напор, минатата година ги исплативме сите обврски за членарина […]

Ќе се „забранат“ телефоните на учениците во основните и средните училишта


Министерството за дигитална трансформација ќе им прати на основните и средните училишта препораки во врска со апликации на мобилните уреди кои имаат штетни влијанија врз учениците.  Министерот Стефан Андоновски изјави дека ги подготвуваат препораките, но нагласи дека за овој проблем најодговорни се родителите, особено на децата во основно образование, затоа што треба да ги вклучат […]

Неработни денови и државни празници во 2025


Од Министерството за труд и социјална политика ја објавија програмата за неработни денови и државни празници за 2025 година. Во 2025-та ќе има вкупно 4 продолжени викенди за сите граѓани, односно 6 за граѓаните од православна вероисповед. 

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит


Новото обележје на градот, „Гранд Скопје“, само оваа празнична сезона нуди единствена можност за нов дом во престижната „Grand View“ зграда. Во моменти кога најмногу размислувате за вашите најблиски и нивната сигурна иднина, обезбедувањето на удобно и квалитетно место за живеење е највредната инвестиција што можете да ја направите. „Grand View“ нуди разновиден избор на […]

Нема да има пеење химна во училиштата, тврди Вреди


Од коалицијата Вреди информираат дека го суспендирале законот за средно образование кој межу другото предвидуваше изведување на државната химна во училиштата. „По поднесувањето на амандманите од коалицијата ВЛЕН, Владата го повлече законот за средно образование. Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е само ВЛЕН. Постапивме како што ни одговара. […]

Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 21 до 23.12.2024 (од сабота до понеделник) поради официјалната посета на делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на […]

Вања е убиена во ладнокрвна егзекуција додека клечела и со еден куршум


  Во Кривичниот суд започна изведувањето на материјални докази за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски со кои се објаснуваат последните моменти пред тие да бидат ликвидирани, а и начинот на кои се убиени. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека еден куршум од 9 милиметри бил пронајден во главата на Вања Ѓорчевска при […]

Нема да дозволиме Скопје да ја изгуби титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, вели Љутков


Важно е со титулата Европска престолнина на културата за 2028 година да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Веќе стигнуваат интересни иницијативи во однос на програмите, иако загубивме година дена без помош од градот Скопје, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека е во комуникација со […]