Облачно и студено со врнежи од дожд и снег


Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските […]

Патот за Галичник сѐ уште не е исчистен од снегот


Тројцата жители на Галичник веќе три недели се отсечени од светот. Патот за Галичник сè уште е непрооден, а снегот не е исчистен. Станува збор за регионален пат кој според законските норми мора да биде постојано прооден, велат од Месната заедница Галичник.   Минатата недела екипа на Македонија пат се обиде да го исчисти патот […]

Ученици од Битола изработиле веб мапа на спомениците од НОБ


Учениците од основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола ја изработија првата веб-карта на која се обележани локации со бисти на паднати борци, споменици, спомен-куќи и спомен-плочи од периодот на Народноослободителната борба во Битола, јавува СДК.МК. Веб-картата наречена „Патеката на хероите – спомените што говорат“ претставува сеопфатен документ каде се претставени податоци за објектите, нивното значење, како […]

ДУИ бара за оставки и одговорност за умрените деца


ДУИ бара за оставки и одговорност за умрените 20 деца низ клиниките во државата. -Во време кога насловните страници на вестите известуваат за трагичната смрт на 20 деца за само шест месеци во Детската клиника во Скопје, раководството на оваа клиника избира да објавува фотографии од предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства, прогласувајќи ја годината […]

Доаѓа студен бран со врнежи од дожд и снег


Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на […]

„Водовод“: Водата во Скопје е безбедна за пиење


  Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење, соопшти надлежното јавно претпријатие откако вчера (21 декември) се изврши сериозен зафат за санација на водоводната мрежа во главниот град.   „Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет […]

ВМРО-ДПМНЕ се фали со поддршка, СДСМ вели дека анкетата е лажна


Новата Влада на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ужива значителна поддршка од граѓаните – 38,9% од испитаниците се задоволни од работата на Владата во првите пет месеци, додека 31,2% не се задоволни“, покажува истражувањето на агенцијата Маркет вижн, нарачано од МКД.МК и спроведено од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници. Во однос на […]

Коловозите низ земјата претежно влажни,а некои и со остатоци од снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. ЈП Македонија пат, […]

Во среда, македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада


Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада. Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано […]

Дури 375.000 граѓани во 10 општини се во медиумски мрак – се бара Фонд за производство на медиумски содржини


 Безбедноста на новинарската егзистенција е доведена во прашање. Ситуацијата подолго време е катастрофална и потребни се итни мерки зашто барем 10 општини или преку 375 000 граѓани во земјава се во информативен мрак, без локални телевизиски, радио станици и можност за опстојување на портали, беше истакнато на денешната средба во Прилеп на локалните новинари и […]

Штип со историски најголем буџет од над 30 милиони евра за 2025 година


ШТИП – Општина Штип за 2025 година ќе има историски најголем буџет. Вкупниот буџет кој Советот на општината го усвои на денешната седница е проектиран на 1.886.896.000 денари, што е нешто над 30 милиони евра. Буџетот пред советниците го елаборираше градоначалникот Иван Јорданов кој рече: „Изминатите три години успеавме да генерираме развој на општината со […]

Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ врачена на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски и публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку


Државната награда за остварувања во областа на публицистиката и новинарството „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, денеска, во Кристалната сала на македонското Собрание им беше врачена на публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку, како и на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски. Добитниците во нивните обраќања ја истакнаа важноста и значењето на Мито Хаџи Василев – […]

Двајца македонски доктори спасуваа животи по нападот во Магдебург


Македонската амбасада во Германија се огласи на фејсбук, каде велат дека се горди на двајца млади македонски лекари кои дале голем придонес во спасување на настраданите од несреќата во Магдебург во источниот дел од Германија.   „Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат […]

Скопје во следните три часа ќе добие вода – заврши санацијата


  Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата. „Би сакала да им се заблагодарам на техничките и […]

Почина универзитетскиот професор Љупчо Арнаудовски


Почина универзитетскиот професор, правник Љупчо Арнаудовски. Арнаудовски oсновно и средно образование го завршил во родниот град Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1960), а магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1966). На Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“ (1975). Работел како виш научен […]

Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела


Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта, соопштија од УХМР. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од северозапад ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток […]

За неколку часа ќе има вода во Скопје – во завршна фаза санацијата на главниот градски водовод


 Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што посочуваат, операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа. Акцијата започна денеска во раните утрински […]

Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов


 Католичката Црква, на Бадник, со отворање на Светите Врати во базиликата Свети Петар, го започнува своето ходочестие на надежта во благопријатната година Господова, која е позната уште и како Јубилејна или Света Година и е посебен благодатен момент за верниците и животот на Црквата, наведува во божиќната порака Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р […]

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа


 Откако Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода, денеска преку соопштение дава препораки за граѓаните откако ќе биде пуштена водата во водоводната мрежа. – Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано […]

Новата година во Битола ќе се слави од Широк Сокак до Пелистер


  БИТОЛА – Празниците се ближат, а Битола веќе е подготвена за дочекот на Новата година со забава од Широк Сокак, Старата чаршија, па сѐ до Пелистер. Градот е новогодишно накитен и во светлечко руво почнувајќи од Офицерскиот дом, преку Широк Сокак до плоштадот „Магнолија“ па преку дрвениот мост на Драгор амбиентот се пренесува до […]