Битолчани со „Куќа имам на Пелистер“ ќе воведуваат новини во работата на Националниот парк


Јавната установа Национален парк „Пелистер“ внесува новини во работењето со јасен план за развој на инкаминг туризам (in coming tourism), најави новиот директор на установата, Иванчо Тошевски. На прес конференција во Битола, Тошевски потврди дека Инфо центарот на Пелистер ќе биде отворено катче за сите планинари, гости и посетители со што повторно по една година […]

Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување


Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно претпријатие „Водовод“, во Кочани почнува реализација на заедничкиот проект „Со граѓаните за граѓаните“ за селектирање и собирање на отпадот од пакување, односно на отпадна амбалажа од пластика и хартија.  На почетокот од проектот ќе има тримесечен пилот период во кој на […]

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите


 Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела […]

Скопјани ги испразнија рафтовите со вода по најавата за прекин на водоснабдувањето


Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел од Скопје утре по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод. Во дел од маркетите што ги посети МИА, рафтовите со вода, особено тубите над 5 литри, се празнеа. -Како што […]

Детската клиника ќе одговара зошто не издала писмено образложение за тоа што не го примиле седуммесечното бебе


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.  Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во […]

Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода


Општина Кисела Вода предновогодишно започнува со исплата на субвенции за граѓаните кои аплицираа и ги исполнија критериумите од јавните повици кои беа објавени во изминатиот период. Исплатата, која започнува од понеделник, опфаќа средства за поддршка на граѓаните кои поднеле барања за субвенции за пелети, печки на пелети и огревно дрво. Целта е да се помогне […]

Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година


 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година. -Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период […]

Земјотрес од 2,8 степени во близина на Гевгелија


Попладнево нов земјотрес е регистриран во Македонија со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 13.09 часот. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, епицентарот е на 12 километри од Гевгелија, во близина на Миравци. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.

Реконструиран влезот во Кавадарци од правец на Неготино


Влезот во Кавадарци од правец на Неготино, кој е доста фрекфентна сообраќајница е реконструиран. Увид на местото денеска извршија кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.  – Всушност, реконструиран е дел од регионален пат со проширување и ставање во функција на три наместо две ленти за сообраќај, простор […]

Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година


Над 500 компании во оваа учебна година организираа практична настава за речиси 4000 ученици од дуалните паралелки во 62 средни стручни училишта, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на швајцарската компанија „Ронтис“ во Велес. Според Јаневска, ова се добри бројки до кои е дојдено со многу труд на Министерството за […]

Од утре дожд, снег и постудено


Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР. Наместа […]

Магла на патните правци Скопје – Катланово и Македонски Брод – Кичево


Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патните правци Скопје – Катланово и Катланово – Скопје и до 100 метри на патниот правец Македонски Брод – Кичево, информираат АМСМ и ЈП Македонијапат. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања .Сообраќајот на државните патишта се одвива […]

(Во живо) Изјава на Форумот за образовни промени за јавниот сообраќај на студентите


Форумот за образовни промени ќе го презентира предлогот за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите на кој свои обраќања ќе имаат заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, пратеничките од клубот на млади пратеници Моника Зајкова и Драгана Бојковска, и претседателот на Студентското собрание на УКИМ, Александар Николовски.

Арсовска предлага ТВ-дуел со Ѓорѓиевски за (не)реализираните проекти од неговата програма


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вчера преку соопштение се обрати кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара од него ТВ дуел за да ги соочат фактите. Градоначалничката порача дека „навистина е тажно да се читаат соопштенијата на градоначалникот на Кисела Вода кои изобилуваат со небулози и докази на функционална неписменост“. Според Арсовска, Ѓорѓиевски би требало да […]

Европската народна партија одржа самит за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан


  Еден ден по самитот на ЕУ со лидерите на Западен Балкан, на проширувањето ќе се посвети и Европската народна партија (ЕПП), пред денешниот состанок на Европскиот совет. Расправата во ЕПП е озаглавена како „Проширувањето на ЕУ и Западен Балкан: обновен консензус, геополитичка неопходност и споделена одговорност“. На оваа средба учествуваат шефови на влади од […]

Герасимовски: На разговор се повикани родителите на дел од децата што учествувале во вандализмот во Капиштец


„Вандализмот и малолетничката деликвенција, кои подолг период се присутни во Општина Центар, бараат заеднички напори за надминување. Во постојана комуникација сме со Полициската станица БЕКО и инспекторите од МВР. Доставени се сите снимки. Тоа што го имам како последна информација е дека на разговор се повикани родители на дел од децата што учествувале во таа […]

Во Берово и Тетово измерени – 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови


Во Берово и Тетово утрово се измерени -3 степени Целзиусови, во Виница и Крушево 3 степени, а висината на снежната покривка во 07 часот на Попова Шапка е 34, додека во Маврови Анови 25 сантиметри. Во Скопје-Петровец, Битола и Струмица се измерени -2 степени,  -1 во Демир Капија, Куманово,Велес, Дебар и Маврови Анови, 0 Скопје-Зајчев […]

На југот на Англија 58.000 домови се без вода втор ден. За денеска најавија повисоки сметки


Водоснабдувањето вчераутро беше прекинато во 58.000 домови на југот на Англија поради технички проблем во Тествуд водоснабдување. Според Би-би-си, голем број училишта во областите Тест долина и Њу Форест ќе останат затворени втор ден по ред. Снабдувачот на вода за јужниот дел на Англија, Саутерн Вотер, рече дека користел 23 танкери за „да се обезбеди […]

Општина Босилово сади нови дрвца, несовесни граѓани ги кршат и уништуваат


 Во изминатиот период засадивме повеќе садници, но процентот на опстанок е многу мал. Главната причина е кршење и уништување од страна на граѓани и неможност за наводнување, особено оваа година која беше премногу сушна, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев по последната акција на засадување дрвца кога беа посеани 200 багреми и 100 овошни садници. […]

Левица: Власта ја избра партиската суета наместо заштита на жртвите на семејно насилство


На вчерашната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлог-измените на Кривичниот законик, со кој Левица предлагаше кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност, без предлог на жртвата. Ваквата партиска суета и ароганција на владејачкото мнозинство, јавноста ја сведочи во континуитет. Додека декларативно се залагаат […]