Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде прв избор, да се избегнуваат слатките пијалаци и алкохолот. – За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет […]

Утрото ведро и студено, преку ден сончево, до 14 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени. Во Скопје утрото ведро и студено со појава […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 31 декември 2024 година, 366-иот ден во годината.  Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 7 часот и 50 минути,  а ќе […]

Пожар во скопската населба Маџир Маало


 Пожар вечерва избувна во стара напуштена куќа на улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало. Куќата се наоѓа до станбена зграда чии жители се надвор пред објектот. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои работат на гасење на пожарот. Од Територијалната противпожарна единица информираат за МИА дека на терен интервенираат […]

ОЈО донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски


Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, […]

Мицкоски сака да го окупира судството преку неуставно распуштање на Судскиот совет, реагираат од СДСМ


„Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски дека владата планира да го распуши Судскиот совет со разрешување на 5 членови е чекор кон целосна окупација на судството од стрна на власта. Мицкоски сака судството да го стави под негова контрола“, реагираат од СДСМ на изјавите на премиерот. „Ова значи газење на демократијата, газење на уставната […]

Протест пред српската амбасада во Скопје – младите се солидаризираа со студентите во Србија


Неколку млади лица денеска се собраа пред Амбасадата на Република Србија во Скопје, во знак на солидарност со српските граѓани и студенти, кои блокираат факултети и бараат правда. Протестот беше во организација на Здружението за едукативен развој „Еквалис“, а се одржа како поддршка за студентите во Србија, кои последните неколку недели протестираат револтирани од трагедијата […]

Рудник САСА ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени


Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците. И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни […]

Клиничка болница- Штип должи 160 милиони денари


 Штипска Клиничка болница годината ја завршува со долг од 160 милиони денари. Мирјана Ефтимова економист во Клиничка болница-Штип вели дека во моментов најголемиот им екон Центарот за тарнсфузиологија, а изнесува 30 милиони денари. Таа вели дека имаат доспеани долгови и за набавка на лекови и друг медицински материјал. -Штипската Клиничка болница наследи вкупен долг од […]

ИЈЗ со препораки за правилна хидратација за време на празниците


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. – За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Оваа година, Институтот за јавно здравје се фокусира на препораки за правилна […]

Мицкоски за членовите на Судскиот совет: Не ја заслужуваат платата што ја земаат


„Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и устав, а да, ќе се појавуваат таков вид таканаречени експерти коишто ќе толкуваат вака или така. Едно е јасно, а тоа го кажуваат граѓаните – дека овие луѓе се со доверба од 2 проценти и не ја заслужуваат повеќе платата којашто ја земаат“, изјави премиерот Христијан […]

Таравари со осумка го оцени здравствениот систем


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарски прашања, рече дека здравствениот систем, од пет до десет, би го оценил со осумка, и порача се дава максимумот за подобро и оти смета дека сепак се добиваат квалитетни здравствени услуги во јавното здравство.  Во врска со компресорските станици, одговори дека инсталациите се веќе поставени. Се […]

Реновиран дел од Универзитетската клиника за психијатрија


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со директорката на Клиниката за психијатрија Славица Арсова, денеска, свечено го отворија комплетно реновираниот дел од Универзитетската клиника за психијатрија.  Како што посочи Таравари, ова е втора Универзитетска клиника која што ја промовира оваа Влада, со услови подостоинствени отколку на приватните клиники во државата. – […]

ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговарајќи на новинарско прашање за случајот со приредбата на ученици со импровизирани пушки и униформи во Основното училиште „7 Март“ во Челопек, потенцираше дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ) донел заклучок директорот да преземе дисциплинска постапка кон наставничката, а препорака кон градоначалникот да преземе соодветни мерки за директорот, […]

Дел од учениците се враќаат во училишните клупи во второто полугодие во „Моша Пијаде“ – Тетово


Јаневска во Тетово: учениците од РЦСОО „Моша Пијаде“ се враќаат на настава со физичко присуство во јануари, реконструкцијата на училиштето се интензивира Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска го посети Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово, каде информираше дека второто полугодие учениците го продолжуваат со настава […]

„Sport life“ и оваа година донираше пакетчиња за децата и лицата од раниливи категории


Обложувалниците „Sport Life“ посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи. Во очекување на новата 2025 година, компанијата додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост. По тој повод, беа посетени повеќе институции и домови како: Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА НАША“- Куманово, ЈУ Детски […]

Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ


  Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против осум лица поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Првоосомничен во предметот е поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој заедно со три службени лица од Бирото за јавни набавки и четири лица […]

Јаневска: Албанската азбука е помошен материјал во училиштата и нема пречки и понатаму да се користи


 Дидактичките материјали кои се во употреба, ќе бидат во употреба се додека Бирото за развој на образование не рече дека веќе не се погодни. Албанската азбука која ја одобри поранешниот министер Јетон Шеќири е помошен материјал и нема пречки и понатаму да се користи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, во одговор […]

На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време


До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Минималната температура ќе се спушти во минус шест, а максималната дневна ќе достигне 13 степени.

Прв случај на родово заснована дискриминација поради ин витро оплодување


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го утврдила првиот случај на родово заснована дискриминација врз работничка од приватниот сектор, поради нејзината намера да забремени преку ин витро оплодување.  Работничката, која две години работела за приватен работодавач, го информирала за својата планирана бременост и побарала боледување за ембриотрансфер. Работодавачот ѝ изрекол отказ без отказен рок […]