Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор. Како што соопшти попладнево Кабинетот на претседателката, шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири […]

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки


Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да не се јаде сè на гозбите и забавите, е уште еден совет од експертите, како и јадење овошје, наместо грицки. – Можеби во […]

Нови 221 случај на грип пријавени минатата недела во државава


Во текот на 52. недела од 2024 година – од 23 до 29 декември, во Република Северна Македонија има 221 случај на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот – 59,0 проценти повеќе во споредба со претходната недела, соопштија попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, […]

„СОС Детско село“ со новогодишна песна


СОС Детско Село со гордост ја претставува новогодишната песна која носи силна порака за љубов, надеж и припадност. Песната е создадена како посебена инспирација на нашите пријатели Мишел Трајковски и Јана Стојановска, со поддршка на многу наши познати личности и е вистински доказ дека заедно можеме да создадеме магија, се наведува во денешното соопштение на […]

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година


Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година. Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа. Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се […]

Автобусите на ЈСП нема да возат попладнево? Мицкоски вели – проблемот е административен


  Авотбусите на ЈСП се паркираат во гаражите затоа што наводно, според Синдикатот останале без нафта, но премиерот Христијан Мицкоски, уверува дека проблемот е административен. „Вработените во ЈСП не доаѓаат на работа, административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта. Апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје, […]

Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот


Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се  млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Овие деветгодишни деца пред три дена во паркот во населбата Осми Ноември […]

Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, а се отселиле 2.377 лица


Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика. Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од […]

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје


Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука. – Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и […]

(Во живо) Мицкоски и Јаневска за бесплатниот превоз на студентите


Владата на денешната седница, донесе одлука бесплатниот јавен превоз на студентите да продолжи и следната учебна година, за што префрлени се 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на ЈСП, за да може оваа мерка непречено да се одвива и следната учебна година. Според премиерот Христијан Мицкоси превозот за студентите е една од поголемите ставки […]

Толкуте напади против Груби ќе му помогнат да добие азил, вели професорот Калајџиев


  Откако во понеделникот побара оставки на ДКСК поради предметот со деиректорот на АНБ, Бојан Христовски, професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев денеска преку социјалните мрежи порача дека прфетераното зборување за Артан Груби од владините структрури може да му помогне на поранешниот вицепремиер да добие азил. Каде и да се наоѓа. „Нѐ удавија со Груби! […]

Зимски распуст за учениците, второто полугодие од 20 јанаури


За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.  Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани […]

Огништа од „Брако“ за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес


Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот. Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, […]

Бесплатен паркинг во центар за новогодишните и божиќните празници


Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ […]

Без вода дел од општините Ѓорче Петров и Чаир


Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект од ф-150 милиметри на улицата „Ацо Шопов“, кај бензинската станица „Лукоил“.  Поради дефект во шахта на улица „Благоја Паровиќ“ 12Б, денеска од 9:20 часот без […]

„Дедо Мраз дојде со воз“ и ја оживеа магијата на Железничката станица


Несекојдневно, добро смислено и уште подобро изведено, годинава многу дечиња го дочекаа Дедо Мраз во Скопје, кој дојде со воз, преку  мултимедијалниот новогодишен настан „Дедо Мраз дојде со воз“, што деновиве се одржува на Железничката станица во Скопје. На перонот број 1, толку тајновит и надреален, како што по некој ден ќе исчезне и главниот […]

Во Берово утрово најстудено, -7 степени, во Маврово најмногу снег


Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени седум степени под нулата. Како што соопшти УХМР, минусни температури во 8.30 часот се измерени и во Битола -5,  -4 степени во  Струмица, Тетово, Скопје-Петровец и Демир Капија, -3 во Кавадарци, Штип, Прилеп и Велес, -2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крива Паланка, -1 […]

Шалтерите за наплата, за рекламација и операторите на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска ќе работат до 15.30 часот


ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје, дека 31.12.2024 година (вторник), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот. 01.01.2025 година (среда),  е неработен ден.

Прекинато водоснабдување за корисници од улиците „Бањалучка“ и „Женевска“ во Карпош


Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода. Од ЈП Водовод и канализација известија дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Бањалучка“ бр.24.

Македонска музика за пречекот на Новата 2025 во Скопје


Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи. „Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 […]