Во Берово најладно со – 9, Претор и Охрид најтопли со 0 степени


Во Берово утрово е најладно со измерени – 9 степени Целзиусови, најтопло е во Охрид и Претор со 0 степени. На Попова Шапка се измерени – 8 степени, -6 Дебар, -5 Штип и Крива Паланка, -4 степени во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 Прилеп и Куманово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови  […]

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“


Поради дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол) на ул. „Ванчо Мицков“ бр.18 (општина Карпош), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на санација на дефектот. 

Студено наутро, преку ден сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност. Минималната […]

Од Гена Теодосиевска до Весна Петрушевска: Еве кој членува во Комисијата за одликувања и признанија на Сиљановска-Давкова


Комисијата за одликувања и признанија денеска ја одржа конститутивната седница, на која што присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На седницата, членовите на Комисијата изразија благодарност за честа и довербата да учествуваат во вреднувањето и изборот на личности и институции што оставиле длабок печат и неизбришливи траги во македонското општество. Претседателката изрази задоволство за прифатеното членство, […]

Повик за јавна дискусија за Концепција за реформи во гимназиското образование


Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието информираат дека е изработена нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикуваат сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија. Концепцијата за реформи во гимназиското […]

Готово техничкото решение за санација на мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес


Стручњаците на Градежнит факултет при УКИМ од Скопје го изработија техничкото решение и денеска го доставија до Јавното претпријатие за државни патишта, информира за МИА, декенот на Градежен факултет Скопје проф д-р Горан Марковски. Сега останува на ЈПДП да распише тендер и да избере изведувач за да започне санацијата на мостот на кој од 4 […]

Од понеделник автобусите ќе возат по вообичаен возен ред и во зголемен број


Од понеделник Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе вози по вообичаен ред и со зголемен број на автобуси. Оттаму потенцираат дека јавниот превоз во Скопје во текот на зимскиот распуст за учениците сообраќаше по редуциран делничен зимски ред, а тоа ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Осудени лица ќе ги одржуваат јавните простори во Куманово


Директорите на ЈП „Чистота и зеленило“ и на КПУ Затвор „Куманово“, Ненад Стојановски и Оливер Цветковски, потпишаа меморандум за соработка, со цел организирање општокорисна работа за осудените лица. Соработката има цел да го поддржи процесот на ресоцијализација на осудените лица преку нивно активно вклучување во активностите што придонесуваат за чистење и одржување на јавните простори […]

Апелацискиот суд ја одби жалбата на СДСМ во случајот против Мицкоски


  И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил, откако Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи. „По којзнае кој пат, […]

Ќе се носи закон за пристапност на лицата со попреченост до државните веб-страници и апликации


 Создаваме правна рамка што ќе им овозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно учество во дигиталното општество, истакнал министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на денешната јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор.  Андоновски, како […]

Деветгодишно дете почина на Детската клиника – претходно било однесено во штипската болница


Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопј, откако претходно дететото било донесено во тешка состојба од штипската болница. Директорот на детската клиника Реџепи Мемеди вели дека дететото било донесено во неповратна состојба, претходно било болно, а имало и цревна инфекција, дехидрирано со ниски параметри, пренесе Канал 5. Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за […]

Претставници на Независниот синдикат на државна администрација на средба со советникот за труд на премиерот


Претставници на Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) денеска остварија средба со советникот за труд на премиерот Лазар Јовевски. Како што беше кажано во изјава за медиуми, тие му укажале на забелешките околу новите предлог законски решенија, а се разговарало и за додатоците на плата, за предлогот за систем на плати, како и за побрзо […]

Рамномерниот развој тешко се достигнува, но може да се доближат регионите


Рамномерниот развој е цел која тешко може да се достигне и во најразвиените држави, но со правилно насочени политики може да се доближи развојот на регионите во државата, истакнал министерот за локална самоуправа, Златко Перински на денешната 39-та седница на Советот за рамномерен регионален развој. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на седницата, која […]

Од утре стабилно време со позитивни дневни температури


 Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините, каде дневните температури ќе останат […]

Новопримените полицајци ќе му ја пејат “Заветна” на Тошкоски (ВИДЕО)


За промоцијата на новата генерација полицајци се подготвува изведба на „Заветна“ – неформална химна на владеачката ВМРО ДПМНЕ, пишува „Либертас“. „Заветна“ ечеше на секој предизборен митинг на партијата на Мицкоски и практично сите прослави што ги организираат почнуваат со неа. Кога станува збор за полицијата сепак тоа е дефиниција за политизација, што е недозволиво во […]

За трипати зголемен бројот на заболени од грип, надминат прагот за влез во сезоната на грип


За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.   За првпат оваа сезона, пријавената инциденца е над неделната […]

Ниту еден инспектор, од 988, нема земено плата за декември


Во период од годината кога се апелира државните инспектори да бидат на терен и да го контролираат загадувањето, кога поради воведената новогодишна кошничка, се бараше инспекторите да се по продавници и да се проверува дали се спроведува мерката, овие луѓе немаат земено плата за декември, укажа денеска претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. – Во овој […]

Снегот го зголеми нивото на реките


Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека реката Вардар има повисоко ниво во однос на просекот за јануари кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. Покачени се водостоите и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црни Дрим кај Ложани. Намалени се водостоите на Крива Река кај Крива […]

ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Северна Македонија да се случи што е можно поскоро


Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. – Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои […]

На Попова Шапка 57 сантиметри снег, во Маврово 50, а во Крушево 30


Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврови Анови -7 степени, -5 се измерени во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола и Прилеп, -1 во Охрид, Штип и Скопје, а над нулата е само во Гевгелија со два степена, соопшти УХМР. На Попова Шапка има […]