Утринска магла, а потоа сончево и студено


Времето претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени. Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево и тивко со […]

Мицкоски ќе се сретне со УПОЗ, ама кога ќе се врати од Вашингтон


Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од Владата во изјава за МИА.  – Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими претставниците на синдикатот и ќе се дискутира за изнаоѓање на решение […]

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП


Безмалку два месеци поминаа откако во депото на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, пред десетици новинарски екипи и многубројни политичари, беа промовирани шест еко-автобуси кои се донација од Европската Унија. И покрај тоа што помина толку време, скопјани сè уште не се возат во нив, иако директорот Драги Кушовски на настанот на 26 ноември, кажа дека […]

Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка


Од вчера почна повторно да работи болничка амбуланта на Попова Шапка, која беше нефункционална од времето на пандемијата со КОВИД-19.  Амбулантата е дел од Клиничката болница Тетово. -Го презедовме овој чекор со кој ќе им пружиме здравствена помош на посетителите и скијачите во оваа зимска сезона, изјави директорот на болницата Агим Бериша. -По барањето на […]

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце


Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти. Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8 претставува […]

Едукативен еко-час на Пелистер за Пелистер


Јавната установа Национален парк „Пелистер“ во Инфо центарот на установата, приреди едукативен час за значењето и вредноста на Националниот парк Пелистер посветен на најмладите генерации. Еколошката едукација ја промовира директорот на установата Иванчо Тошевски, кој истакна дека екологијата и свеста за животната средина почнуваат од младите генерации. -Денеска одржавме состанок на кој присуствуваа директорите на […]

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Кочани – Виница


Од 13.30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани-Виница кај хотел „Филипо“ поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска […]

Премрзнати биле близначињата што починаа во Прилепско


Близначињата новороденчиња, братче и сестриче, што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност „Борка Талески“. Според нив, вчера во 10.45 часот на Одделот за детски болести било донесено женското новороденче, кое како резултат на премрзнување, било во тешка здравствена состојба. Откако било примено, се додава […]

Почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица – билет 30 денари


Од почетокот на годината официјално почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица. Од лани од септември до крајот на годината превозот беше пробен и бесплатен, а од почетокот на новата година и официјално функционира по сите утврдени линии во градот и до населените места. Според директорот на Јавното претпријатие „Струмица транспорт“, Драги Поп Стојанов, […]

Ренџерите од НП „Шар Планина“ се обучија како да се справат со појава на лавини


Со цел зголемување на личната безбедност во зимски услови, неделава, ренџерите од Националниот парк (НП) Шар Планина поминаа обука за стекнување знаења и вештини при појава на лавини. Оттаму велат дека снегот, што особено годинава го има во изобилство, е постојан ризик од појава на лавини во повисоките планински подрачја, па затоа била потребата за […]

СДСМ бара одговори за умирањето деца, ВМРО-ДПМНЕ велат Филипче бил „синоним за смрт“


СДСМ и владеечката ВМРО-ДПМНе почнаа со меѓусебни обвинувања околу тоа во чиј мандат умреле повеќе граѓани , откако деновиве јавноста ја потресоа  вести за умирање на деца, вклучувајќи ги и денес двата близнаци.  „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската детска клиника. Она […]

Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестцементната водоводна мрежа


Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбестцементната водоводна мрежа во град Струга“. Договорот […]

Мисајловски: Прагот од 5 отсто за одбрана е невозможен


Најавите за вложување 5 отсто од БДП за одбрана, што е повеќе од двојно од сегашната цел за трошоците на Северноатлантската алијанса, е сериозна сума што ќе претставува проблем за многу европски земји, вклучително и нашата земја. Сепак, Македонија низ периодот што следува со издвојувањето за воено-одбранбениот сектор ќе направи обид издатокот да достигне 3 […]

Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар


Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, велат од Ургентниот центар. – Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот […]

Финансова полиција со кривична пријава против три физички и две правни лица за фалсификување или уништување деловни книги


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа […]

Тужби до државата и штрајк најавува УПОЗ, ако нема решение за платите


  Тужби до државата, штрајк и продолжување на протестите, се мерките за кои размискуваат синдикалците, како легитимни облици за изразување на незадоволството на вработените во државните институции, кои бараат зголемување на платите за 30 отсто. – Овие денови се изначитавме декларативни соопштенија од Владата, преку кои Владата нѐ канеше на средби преку вас медиумите, а […]

Трагедија во Прилепско, починаа новороденчиња-близначиња


Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.  Според јавниот обвинител Стевчо  Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. […]

Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе


Од денеска треба да почне вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Детската клиника во Скопје. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов за МИА рече дека не може да даде изјава бидејќи има смртен случај. Неговата портпаролка не сакаше да […]

Во Берово најладно со – 9, Претор и Охрид најтопли со 0 степени


Во Берово утрово е најладно со измерени – 9 степени Целзиусови, најтопло е во Охрид и Претор со 0 степени. На Попова Шапка се измерени – 8 степени, -6 Дебар, -5 Штип и Крива Паланка, -4 степени во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 Прилеп и Куманово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови  […]

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“


Поради дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол) на ул. „Ванчо Мицков“ бр.18 (општина Карпош), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на санација на дефектот.