Ниту еден инспектор, од 988, нема земено плата за декември


Во период од годината кога се апелира државните инспектори да бидат на терен и да го контролираат загадувањето, кога поради воведената новогодишна кошничка, се бараше инспекторите да се по продавници и да се проверува дали се спроведува мерката, овие луѓе немаат земено плата за декември, укажа денеска претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. – Во овој […]

Снегот го зголеми нивото на реките


Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека реката Вардар има повисоко ниво во однос на просекот за јануари кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. Покачени се водостоите и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црни Дрим кај Ложани. Намалени се водостоите на Крива Река кај Крива […]

ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Северна Македонија да се случи што е можно поскоро


Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. – Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои […]

На Попова Шапка 57 сантиметри снег, во Маврово 50, а во Крушево 30


Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврови Анови -7 степени, -5 се измерени во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола и Прилеп, -1 во Охрид, Штип и Скопје, а над нулата е само во Гевгелија со два степена, соопшти УХМР. На Попова Шапка има […]

Дел од жителите на „Ленинова“ без вода поради дефект на приклучна цевка


Поради дефект на приклучна цевка денеска без вода ќе бидат дел од жителите на улица „Ленинова“, на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот. – Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (цол) […]

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег


На планинскиот превој Плетвар утринава има магла поради што видливоста е намалена од 50 до 70 метри, а на планинскиот превој Ѓавато проверјува слаб снег кој не се задржува на коловозот.  Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. 

Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег


Утрово времето е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде променливо облачно, наместа со услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени. Во Скопје, наутро студено со појава на слаба магла, преку ден […]

СДСМ: На „Фејсбук“ креиран лажен профил на Филипче со несоодветни содржини


Лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бил креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата, алармирајќи граѓаните да не наседнуваат на објавите. Од СДСМ потенцираат дека се злоупотребени името, податоците и фотографиите на Филипче. – Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено […]

Владата ги повикува УПОЗ на разговор


Владата ги повикува на разговор претставниците на синдикалната организација УПОЗ, доколку, како што велат од таму, вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно ќе сметаат дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, а Владата е отворена за постигнување на договор со сите […]

Владата залудно се обидува да нѐ поврзе со политиката, велат од УПОЗ


  Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи денеска на протестот пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Тој на ваков начин ги отфрли тврдењата на Владата дека протестот бил незаконски и политички мотивиран. […]

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија


На Клиника за ортопедија изминатово деноноќие извршена е втора успешна трансплантација со коска од починат донор, соопшти Министерство за здравство. Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. – Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата […]

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување


Локалната самоуправа на Зрновци објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост со кој на инвеститорите им нуди вкупно 21 градежнa парцела, во сите три населени места во општината. Вкупната површина на земјиштето што е предмет на продажба изнесува околу два хектара, а доколку се продадат сите градежни парцели Општината очекува да оствари […]

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви


Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија. Во таа насока, за колективните […]

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница


По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е […]

Црвениот крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици во Охрид


Црвениот крст Охрид ги најави активностите за одбележување на Водици и Денот на рибарите. -На 18.01.2025 (сабота) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


 Утрово на Попова Шапка е најстудено, -10 степени и има најмногу снег, 60 сантиметри.  Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 53 сантиметри во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, […]

Охрид е магичен и под снег (фото)


Охрид секогаш е најубав, ама со снег е посебна убајни, ќе кажат гордите Охриѓани за македонскиот туристички бисер кој во екот на летната сезона може да ве разочара кога ќе се претвори во бижутерија.  Охрид како и Скопје и цела Македонија неделава се разбуди со првиот снег оваа зима. Потешко е да се стигне до Охрид со […]

Сообраќајот по снежни коловози од Скопје до Охрид (фото)


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ. Забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, […]

Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош


Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска ќе има два прекини во водоводната мрежа во Општина Карпош.  Поради промена на вентил од ф 2 на ул. „Никола Парапунов“ бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. Поради дефект на приклучна цевка […]